kokice_kokice -> RE: Вештачко оплодување - II дел (8.2.2011 0:46:47)
|
здраво. Нова сум на форумов но со иста мака. Мојот сопруг има Klinefelter синдром- т.е. генетско нарушување при што има отсуство на сперма во ејакулат. Правеше микро тесе биопсоја во странство-белгија и за среќа му најдоа сперматозииди.Бевме пресреќни.рековме тоа е тоа, имаме среќа.Но не било така лесно. Се спремавме за ICSI оплодување во истата болница, бев релаксирана, среќна.Ми извадија 10 фоликули, но само 1 се оплоди.Беше тоа шок, очекував барем 3-4.Како и да е. ми рекоа да не се грижам и 1 е доволно, а и добро изгледало. Се вративме среќни во МК, полни со исчекување. Но сепак после 14дена прокрварев. Сега праиме пауза 4 месеци.Имавме консултации со др и од тука но на сите мислењето е исто-шансите за успех се минимални.Исто така ни советуваа некое PGD испитување на ембрион(кое се користи во УСА и за бирање пол на дете).но во бестрага тоа кошта, а не е ни нешто што го подобрува процесот-само дава информација дали ембрионот е ок, или дали има наследно од таткото-па да не се имплатира воопшто,а и треба да има барем 3-4 ембр мин.Ама таа бројка не иде така по нарачка.и повторно мора тоа во странство-тука го нема.И незнам за др искуства, морам да читам од интернет странци што правеле.Значи повторно ИЦСИ во странство.Финансиски тоа можеби уште сега да можеме да стегнеме заби, но штоа ако не успееме пак.Незнам како ќе биде,тешко ни е и на двајцата.исцрпувачки е и финансиски и психички.За донатор на сперма некеме сеуште да помислиме.Сопругот" господ" го виде од болки по биопсијата и трансверот со авион до МК со тешки болки,чуда-но велеше се се исплати за нашето идно бебе. но......[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] молете се за нашата среќа, др помош нема.
|
|
|
|