|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Криза во бракот
31.5.2015 23:24:13   
Боцко
Искрено благодарам до сите вас што со своите размислувања, гледишта, предлози и идеи многу ми помогнавте појасно да ги видам нештата. Знам дека за танго се потребни двајца исто како и за кавга. Но подготвен сум да се борам за нашиот брак и за љубовта на сопругата.

Ники, ти благодарам на болно отрезнувачкиот пост онака како што само ти можеш, но сепак мислам дека главната поента ја најдов во твојот потпис, кој во една реченица кажува се.

Должам објаснување за „таа остави се за да биде со мене“. Имено, иако јас не се сметам за таков, јас имам вроден хендикеп на рацете. Некои од РР знаат но некои не. Сепак ЖМ ме прифати таков каков што сум. Но не ме прифатија нејзините родители и и забранија да се гледа со мене. Продолживме да се гледаме тајно се додека таа еден ден отиде на факултт и повеќе не се врати дома. Оттогаш сме заедно. Поради тоа таа секогаш ќе ја има мојата љубов и почит. Немам намера да проверувам дали некоја друга жена би ме сакала, јас својата ја најдов!

Веќе некое време со Стефан планиравме на мама заедно да и купиме саксиско цвеќе бидејќи многу сака да одгледува цвеќиња. Пред два дена го доби подарокот и многу пријатно се изненади. И рековме дека тоа ќе расте големо колку нашата љубов за неа.

Мислам дека помеѓу нештата кои ни недостигаат се време поминато заедно сами бидејќи поради состојбите со баби и дедовци ретко кога можеме Стефан некаде да го оставиме. Вчера беше на роденден кај другарка и останавме сами...доволно е да речам дека нема да славиме две години апстиненција. Мене ми беше магично убаво.

Можеби цело време била потребна токму РР за да можат нештата со „бебешки чекори“ да се придвижат напред. Сепак, заедно сме посилни, нели? Знам дека ќе има многу паѓања но ќе стануваме и ќе продолжуваме напред.

Уште еднаш голема благодарност до сите. Прекрасни те мои мли РР пријатели.

Добра ноќ...

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 276
   RE: Криза во бракот
1.6.2015 7:05:40   
Палешка РР
Штета што немаме копче лајк на РР. Мило ми е за вас Боцко. Борбата за добар брак секојдневно трае, па продолжи понатаму. user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 277
   RE: Криза во бракот
1.6.2015 8:04:11   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

Искрено благодарам до сите вас што со своите размислувања, гледишта, предлози и идеи многу ми помогнавте појасно да ги видам нештата. Знам дека за танго се потребни двајца исто како и за кавга. Но подготвен сум да се борам за нашиот брак и за љубовта на сопругата.

Ники, ти благодарам на болно отрезнувачкиот пост онака како што само ти можеш, но сепак мислам дека главната поента ја најдов во твојот потпис, кој во една реченица кажува се.

Должам објаснување за „таа остави се за да биде со мене“. Имено, иако јас не се сметам за таков, јас имам вроден хендикеп на рацете. Некои од РР знаат но некои не. Сепак ЖМ ме прифати таков каков што сум. Но не ме прифатија нејзините родители и и забранија да се гледа со мене. Продолживме да се гледаме тајно се додека таа еден ден отиде на факултт и повеќе не се врати дома. Оттогаш сме заедно. Поради тоа таа секогаш ќе ја има мојата љубов и почит. Немам намера да проверувам дали некоја друга жена би ме сакала, јас својата ја најдов!

Веќе некое време со Стефан планиравме на мама заедно да и купиме саксиско цвеќе бидејќи многу сака да одгледува цвеќиња. Пред два дена го доби подарокот и многу пријатно се изненади. И рековме дека тоа ќе расте големо колку нашата љубов за неа.

Мислам дека помеѓу нештата кои ни недостигаат се време поминато заедно сами бидејќи поради состојбите со баби и дедовци ретко кога можеме Стефан некаде да го оставиме. Вчера беше на роденден кај другарка и останавме сами...доволно е да речам дека нема да славиме две години апстиненција. Мене ми беше магично убаво.

Можеби цело време била потребна токму РР за да можат нештата со „бебешки чекори“ да се придвижат напред. Сепак, заедно сме посилни, нели? Знам дека ќе има многу паѓања но ќе стануваме и ќе продолжуваме напред.

Уште еднаш голема благодарност до сите. Прекрасни те мои мли РР пријатели.

Добра ноќ...

Многумина од нас сме во оваа фаза од бракот и баш како што рече за танго се потребни двајца.Многу ми е мило за вас и баш би била среќна кога и другите би го направиле истото како и ти.Би имало многу посреќни жени

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 278
   RE: Криза во бракот
1.6.2015 8:19:28   
lukajana RR
Е ова многу ме израдува,мило ми е што почнале да се решаваат работите.
Сега освежувајте го бракот постојано и сите коцки ке си дојдат на место

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 279
   RE: Криза во бракот
1.6.2015 11:31:20   
blond
Боцко, те читав но немав совет да дадам, секој совет беше споменат од членови. Но сега ќе пишам дека ми е мило што полека сте мрднале од мртва точка. Продолжете да ја негувате љубовта!user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 280
   RE: Криза во бракот
1.6.2015 11:41:00   
LoveableMe RR
Боцко, супер што работите тргнале на подобро така и да продолжат во иднинаuser posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 281
   RE: Криза во бракот
1.6.2015 11:51:10   
Kvisko
Боцко добра вест. Се андевам дека сега ќе најдете сили да си ги решавате еден по еден проблемите. Со среќа.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 282
   RE: Криза во бракот
2.6.2015 11:20:26   
vezilka RR
user posted image user posted image user posted image Е сега можам да кажам добредојде назад. И те чекаме и на другитре теми user posted image

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 283
   RE: Криза во бракот
21.6.2015 11:17:32   
Anonimen
Morav ovoj problem da go spodelam ovde zasto forumov mi dava pozitivni misli i hrabrost za mnogu slucuvanja i situacii. Pred nekoj den se sluci golema kavga megju mene i soprugot. Sin mi se izgore nesakajki so cigara koja bese vo racete na MM i vednas jas dobiv kjotek zasto navodno jas sum bila vinovnik. Mnogu loso se custvuvam posle toa a nemu ne mu e nimalku krivo za sinceto i za kjotekot koj go dobiv. Sakam da si zamine, stom ednas go stori toa ke go pravi pak.

(Одговор на членот mami)
  Непосредна врска до пораките: 284
   RE: Криза во бракот
21.6.2015 12:34:21   
miana
Anonimna, zalosno e ova sto go citam :(
Samo ke ti kazam deka "kuce stom ednas ke kasne, ke kasa pak". Sega treba da se zaprasas, kolku mu znacis na toj covek...Takov covek ne ti treba, i ne zaradi tebe, tuku i zaradi deteto, treba da go kaznis za nikogas poveke da ne mu tekne!!! Kaznata se znae, mars od nasite zivoti!!!! Nemoj da go ucis moeto dete na losi raboti !

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 285
   RE: Криза во бракот
21.6.2015 13:53:25   
bucko mal

Anonima sto da ti kazam sto da ne kazam. Ednostavno ne mi se veruva deka se uste postojat zeni sto trpat nasilstvo. Sto do tolku dosla rabotata pretpostavuvam I nemate bas nekoj normalen brak. Ednostavno ne postoi nikakvo opravduvanje za tepanje pa I za psihicko maltretiranje.
Sekoj si znae za sebe, sekoj si ja znae svojata domasha situacija ali iskreno do tolku da dojde rabotata e katastrofa. Iskreno jas da sum vo taa situacija ne garantiram za posledicite.

Ne se plasete be zeni, ne trpete nasilstvo. Cenetese sami za I drugite da ve cenat. nikoj ne vi dal zivot za da vi go unistuva. Naprajte nesto, smenete, boretese sami. Znam deka e tesko ama ne I nevozmozno. Site imame pristap do net da se informirame, seuste ima lujge koi pomagaat nakraj kraeva ne ste sami na svetov.
Pretpostavuvam imate familii, prijateli koi mozat da vi pomognat. Vase e samo da go napravite prviot cekor, da bidete hrabri I odluchni ponataka se ke se sreduva edno po edno. A taka samo tapkate vo mesto I poleka poleka se unistuvate.

Go pisuvam ova zatoa sto imam preziveano tri pekolni godini pred destina godini I sega mnogu zalam za toa. Sega I tri sekundi vo zivotov mi se vazni I nedozvoluvam da mi bidat pekolni. Taka I vie ke zalite eden den za ova vreme. Sama sto vremeto ne se vraka a bogami I zdravjeto.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 286
   RE: Криза во бракот
22.6.2015 23:19:08   
lukajana RR
Анонимна многу се нервирам кога ке прочитам вакво нешто ,од зборот ќотек косата ми се крева и не знам како може жените уште да трпат вакви работи.
Ништо не може да го оправда тоа што го направил и ништо не ти гарантира дека нема да го направи пак,ако еднаш пробал пак ке проба и не знам дали воопшто има простор за разговор во вашиот случај,ама сепак пробај само колку да му ставиш до знаење дека си навредена и дека ако се повтори ке преземеш нешто посериозно пр.да го пријавиш а ако ова да си замине значи дека живее кај тебе тогаш како магаре би го претепала на спиење и во сред ноќ би го исфрлила.
Такво ѓубре не ти треба во животот ни на тебе ни на детето и што побргу ке се спасиш толку подобро за тебе.
Ако не можеш сама да се справиш побарај помош од родителите или некој близок или институција ама немој да дозволиш ова да се повтори и да му создавате трауми на детето кое не е виновно за ништо

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 287
   RE: Криза во бракот
23.6.2015 11:49:22   
vezilka RR
Ние „другите“ никако не можеме да сватиме како некои жени трпат насилство, а од друга страна статистиката вели дека секоја трета жена е жртва на семејно насилство. Така да ние „другите“ не сме така многу. НА жените жртви на семејно насилство им треба поддршка и помош да излезат од тој круг, а никако осуда.

Анонимна, ти направи план каде би одела и како би опстанала (мислам на финансиски) доколку решиш да си одиш. Имај си го тоа во глава и спремно, па кога ќе дојде моментот да можеш брзо да регираш. Насилникот не се менува никогаш. иако изгледа како да му е жал откако ќе го направи тоа, после некое време повторно ќе биде насилен, тоа е сигурно и не очекувај дека ќе се смени. Туку биди спремна да си заминеш веднаш и набрзина. Тоа е мој совет.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 288
   RE: Криза во бракот
23.6.2015 12:40:26   
Anonimen
Ne ni planiram da rasprav mnogu so nego, mu kazav deka mnogu Skapo ke mi prati i deka se sudski ke resime i da ne bara povekje nisto od mene. Recisi i ne pravime muabet. Momentalno smetam deka resenie e da ziveeme razdeleno dodeka toj ne se sredi zasto jas nema sto da se sreduvam.

(Одговор на членот vezilka RR)
  Непосредна врска до пораките: 289
   RE: Криза во бракот
23.6.2015 15:43:19   
vezilka RR
Анонимен, насилниците не се менуваат. Секогаш ќе имаат нова причина за ќотек или друг вид на малтретирање за кои „сама ќе бидеш виновна“. Доколку веќе знаеш каде би отишла, и доколку имаш финансии, оди си од таму.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 290
   RE: Криза во бракот
24.6.2015 0:02:44   
marchi
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Анонимен, насилниците не се менуваат. Секогаш ќе имаат нова причина за ќотек или друг вид на малтретирање за кои „сама ќе бидеш виновна“. Доколку веќе знаеш каде би отишла, и доколку имаш финансии, оди си од таму.

Jas definitivno sum za ovaj stav.

< Поракaта ја уредил marchi -- 24.6.2015 0:05:08 >

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 291
   RE: Криза во бракот
24.6.2015 0:09:24   
Anonimen
Vikaat koj ednas napravi nesto ke napravi pak sto i da e no isto vikaat sekogas davaj vtora sansa no nikogas ne i treta.

(Одговор на членот marchi)
  Непосредна врска до пораките: 292
   RE: Криза во бракот/врската
15.7.2015 11:28:15   
neskrotliva
Majki, zeni, soprugi...doagam prv pat na forumot, ne znam na komu da mu se obratam i od kogo da pobaram prijatelski sovet, a pritoa da ne bidam ozboruvana, zatoa i vaka anonimno sakam da ve prasam vas. Imam golem problem i maka, duri vo momentov si placam i si pisuvam. Jas sum pred se majka na dve decinja mali, vozrast od 3 i 5 godini vo brak. Do pred brak bev mnogu resitelna, hrabra, polna so samodoverba, no potpadnav vo racete na tezok manipulant koj iskreno go sakav i se omaziv za nego, nepoznavajki deka covek moze tolku da bide licemeren. Veke 5 godini se boram so ovoj brak i poveke nemam sila. Se umoriv od zivotot. Sama gi cuvam decata, sama gi rastam i vospituvam, prvite godini i on bil tuka cat pat, a vo posledno vreme voopsto ne e pristuten vo domot. Ne razgovarame voopsto, nemame doverba eden vo drug, intima da ne spomnam, ne znam sto e toa, sloga nikakva...On e toj sto se znae, jas ako kazam moe mislenje, togas sum problematicna osoba, sto nikoj dosega me nema taka doziveano, sum bila najnasmeana i najpozitivna, ne velam deka sum sovrsena, daleku od toa, no ne sum dvolicna kako nego i ironicna. Da ne dolzam, veke dolgo vreme se mislam za razvod, bidejki veke nemozam da izdrzam da sedam doma i da cuvam samo deca, trcam na rabota, nosam po gradinki, zemam, ruceci, cistenje, bukvalno konj. Veke opadnav i psihicki, fizicki i zdrastveno...gi sakam premnogu decata, no i veke na niv se isturam od bes, pa ke se izvinam, zasto ke puknam. Sekoj saka ljubov, vnimanie, griza,razgovor...a jas so mali deca veke poluduvam, samo trcaat se tepaat...Kako da se resam za razvod i da soberam hrabrost, zasto strav mi e da mu go soopstam toa, odma pocnuvam da se gusam, zasto so nego nema muabet, odma ke pocne da me napaga, odma vina prefrla na mene - jas sum go unistila semejstvoto i se, mi go ispra mozokot ovie godini...Se plasam kako ke bide ponatamu, kako ke se boram za tie deca, kako ke im objasnam se, iako golemata veke pati mnogu i revolt ima vo nea, se plasam dali ke pravi problemi za decata. Inaku e tezok mamin sluga, mama mu e broj 1, i ako jas kazam nesto, odma sum bila nezdrava i pravam problemi. Mama gleda da ja izraduva, a se sto pravel za decata bilo periodicno i toa a izleze da gi proseta decata, odma so mama...sam nikako. Ednno vreme i go perea mozokot deka sum bila nasilna majka, sum tepala deca, sum maltertirala, i edvaj si ja povrativ kerkata od tie muabeti. Koga kazav zasto i se zbori toa, se vozvrati pa ti prva pocna, a jas bas nisto ne sum spomnala. Ve molam ocajno za pomos, vaka referati ke vi napisam.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 293
   RE: Криза во бракот/врската
15.7.2015 12:39:20   
blue_blue
Не би знаела како да се решиш на развод, ама ќе те прашам што те држи во тој брак? Според мене бракот е заедница во која партнерите прво и основно се почитуваат и се потпираат еден на друг...Ако тоа го нема не гледам ама ни една доволно добра причина за да се остане заедно. А од моја преспектива гледам илјада и една за да не бидам во таква заедница. Еве некои: мојот мир и среќа кои директно вилјаат на мирот и среќата на моите деца. Јас како мајка сум одговорна да ги израснам во здрави личности а ако јас немам мир во душа и не сакам дома да си дојдам како тие ќе сакаат? На што ги учите вие двајца? Дека мамо и тато не зборуваат, се навредуваат и си кажуваат ложи работи. Тато никогаш го нема....сето тоа има траги дебели во животот на едно дете и ниту едно дете не заслужува низ тоа да поминува. Ако навистина толку ти значат децата најди си солиден адвокат, нека ти спреми документи за развод, децата собери ги и реши каде ќе одите заедно, сапкувај што ти е најнеопходно...ако имаш можност одете под кирија некаде, во најмалата гарсоњера, ако не оди кај твоите барем во прво време, а на сопругот адвокатот ќе му ги прати документите за развод. Ти не мораш ништо да му кажеш, не мораш ни со него да зборуваш воопшто...Кога ќе види дека си сериозна во намерата и дека немаш намера со него без присуство на адвокат било што да диксутираш ќе се повлече...И тоа е тоа...судот секако тебе ќе ти ги додели децата, нека не те плаши со глупости - толку мали деца не се додулуваат на мајка само ако се докаже дека таа е психички растроена....децата барем во оваа држава секогаш одат со мајката...така да нема за што да се плашиш, а имаш многу убавини и мир пред себе од кога маминиот син ќе го вратиш на мајката да си го гледа....

(Одговор на членот neskrotliva)
Непосредна врска до пораките: 294
   RE: Криза во бракот/врската
15.7.2015 13:46:58   
neskrotliva
Благодарам за мислењето, ми значи. Јас сум свесна за се, зошто живеам заедно со него, зошто се малтретирам, зошто немам храброст...Знам во каква средина е најдобро да живеат децата,во мир и хармонија, обострана љубов од родителите. Проблемот е што се чувствувам виновна ако си заминам од тој брак, дека јас ќе ја сносам одговорноста за квалитетот на животот на моите деца и нивното воспитување, дека мене ќе ме обвинуваат некој ден дека сум го растурила семејството, дека нив сум ги оттргнала од нивниот татко...тоа веќе мене ми го збори со години, а не се потрудил за да се поддобри, туку уште повеќе ме напаѓал, критукувал, а што е најтрагично пред нив си е насмеан, смирен, толерантен (нормално кој не би бил за 2часа, дома му е се средено, нон стоп се дотерува, си тера друг живот, самобендисан и егоцентричен нарцис, а јас секогаш нервозна и незадоволна, зашто сум се преморила веќе од сите обврски и невозвратена љубов). Како јас да си добијам на самодоверба? Имам каде да одам, имам услови, но ми се заканувал и со Бардовци, со омаловажување пред сите, дури и пред неговите ме има бркано да си одам. Не сакам да се влечам по судови, сакам разумно да се разделиме, инаку он не потегнува, он може да си тера вака живот до крај, и одговорот му е ти уништи се, затоа јас не седам дома. А добро се прашувам, тој човек има осет дека и јас имам потреба од љубов, и за некој да бидам посакувана, или крива сум ако погледнам машко, што е нормално кога немам никаква комуникација со него, ни физичка, буквално никаква. Како јас да се справам со таков глумец, што сите може да ги изманипулира и се да си излезе во негова полза. Секој ден сум со десет ума во мене, еднаш викам крај, таман ќе помислам почнувам да плачам како да не ги уништам тие деца и да не бидам виновна во нивните очи...

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 295
   RE: Криза во бракот/врската
15.7.2015 15:07:12   
Hopeful RR
neskrotiliva, потполно се согласувам со blue_blue и би додала само дека грижата на совест е релативна работа и доколку останеш во ваков брак, би ја имала токму заради тоа, затоа што кога би си отишла би им создала услови за подобар живот.

Би сакала да ти наведам два примери од моето пошироко семејство. Тетка ми остана во неквалитетен и деструктивен брак со тетин ми, кој почина пред некоја година. Не разговараа, се караа уште откога братучетките беа мали, и живееја во поделени делови од станот. Тој ја навредуваше, беше типичен балкански мамин син, и никогаш тетка ми не беше доволно вредна, способна, што и да е... Таа остана во брак само заради децата, иако сите од страна и викаа дека треба да си оди и да не го трпи ваквиот однос. Е сега, години и години подоцна, токму децата се тие што и викаат - како не се разведовте уште од одамна, да не ги слушаме караниците и навредите, да не го гледаме ваквиот живот и меѓусебен однос... Плус, моите братучетки имаат проблем со врски и партнери, што од моја перспектива, со дистанца гледано, мислам дека се должи на примерот што го гледале цел живот. Не се мажени, немаат деца и имаат нереални очекувања од партнер...

Вториот пример е еден мој братучед, кој се ожени само затоа што таа остана бремена. Имаа комплетно некоректен однос меѓу себе, и тој до толку ја манипулираше и ја воѕеше што и го разниша нејзиниот ментален склоп, плус ја наведе на терапии, за подоцна во разводната парница да и го земе детето. Тој е тежок балкански идиот, ја разболе од старт, и на крај и ја реши комплетно. Нивното дете е здивено, нема пример за нормален брак, и како да ти кажам, не е ни ваму, ни таму.

Поентата ми е - гледам дека совесно, рационално и одговорно размислуваш, и додека е тоа така, додека не си потпаднала под неговите манипулаторски вештини, разговарај со адвокат и преземи посериозен чекор. Не мора ни да се соочуваш, ни да се објаснуваш, ако развод е тоа што го сакаш, и тоа што е најдобро за тебе и децата. На децата им треба средина со љубов, разбирање и внимание, што тешко да го добијат доколку останете во брак. Во тој случај, ќе се чувствуваш виновно што си ги оставила во таква атмосфера и што не си им понудила раат уште од мали. Децата секако ќе ти ги дадат, за тоа не се секирај. Мислам дека треба да разговараш со психолог, да пробаш да ја согледаш целосно ситуацијата, и доколку се потврди ова што го читаме, и со адвокат.

(Одговор на членот neskrotliva)
Непосредна врска до пораките: 296
   RE: Криза во бракот/врската
15.7.2015 16:02:33   
kapina
Jas najdirektno ke te prasam znaci kade odi toj koga izleguva sto prave i jas sum vo slicna situacija kako tvojata znaci kaj nas svekrvata non stop me napaga mene posebno oti nemame deca dolgi godini pred nekojden mi rece sveki oti jas so nesto sum gi ubivala embrionite i zatoa ne se zadrzuvale kaj mene e boze vikam svasta i mojot na pocetokot bese mnogu povrzan so majka mu jas kratko i jasno mu kazav ako si resil da si zivees so majka ti zivej si jas si odam a za ludnica on nemoze tuku taka da te smesti

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 297
   RE: Криза во бракот/врската
15.7.2015 16:51:14   
blue_blue
Децата ќе те обвинат и зошто не си се развела кога во подоцнежниот живот ќе сфатат дека имаат куп проблеми од што по дома немале пример за семеен живот. Единствена разлика ако се разведеш е дека најверојатно ќе имаат мирно и сречно детство зошто ти ќе бидеш смирена па можно е да не те обвинат на крај аа ништо. На крај на денот нек израснат они во здрави и прави личности па нек зборат после што сакаат. Исто така важно е како ќе бидат воспитувани....што ќе им се збори околу разводот...ако им се повторува дека ти и татко им ги сакате нив ама едноставно сте одлучиле дека посебно ако живеете подобро ви е децата тоа ќе го сфатат. Ако тој е навистина манипулант и тоа со тек на време ќе го согледаат и разберат. Не е страшно да бидат деца на разведени родители, страшно е да бидат деца на родители кои не ми даваат здрав пример за семеен живот. Исто така не знам зошто на маж ти му е се средено...па не му ги пери бе алишатата, седни и кажи дека си уморна од работа и дека немаш време сега баш да пазариш и да правиш ручек. Јас мислам дека твоја грешка во овој брак е што од ден еден него си го оставила да биде мамин син и се си превзела на себе за да бидеш добра сопруга....ама не иде тоа така, со две мали деца и полно работно време и без чистачка/пеглачка е лудило......и уште некој да ти звоца цело време дека не си стигала....Абе батали ти тоа....нек ти вика кој сака дека си растурала семејство, ти ќе си ја знаеш вистината и нема зошто да се замараш кој што збори. Воспитај ги децата како што треба во љубов и разбирање па тие сами со тек на време ќе сфатат колку е саат....и бегај од тој нездрав одонос, и прекни да се вадиш на децата зошто само полошо им правиш...не треба со него ништо да се објаснуваш = адвокатот ќе му каже се што треба да знае....Толку.....

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 298
   RE: Криза во бракот/врската
15.7.2015 18:07:45   
lukajana RR
Neskrotliva штом имаш каде да одиш ,имаш работа и услови да се грижиш за децата не се премислувај туку земи си ги децата и замини си.
Не си должна да трпиш ништо,ако не ти е убаво во бракот ако место хармонија во вашиот дом владее напнатост нема зошто да седиш и да бидеш лошата,нервозната мајка и својот револт да го истураш врз децата .
Со тоа на мт му оставаш простор да биде супер татко,расположен за игра додека ти си капната и не можеш да им посветиш внимание.
Затоа земи си ги децата и уживај во животот ,сигурно си млада ке ги израснеш децата сама ама со многу љубов и хармонија и еден ден ке ти бидат благодарни што си им дала убаво детство зашто ако останете а децата потпораснат колку и да не сакаш ке видат дека работите меѓу вас не се многу сјајни и потешко ке им биде тоа отколку да го гледаат татко им еднаш во неделата

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 15.7.2015 18:09:28 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 299
   RE: Криза во бракот/врската
15.7.2015 18:15:02   
Hopeful RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR

нема зошто да седиш и да бидеш лошата,нервозната мајка и својот револт да го истураш врз децата .
Со тоа на мт му оставаш простор да биде супер татко,расположен за игра додека ти си капната и не можеш да им посветиш внимание.



Потпис! Ова е многу важно, и секогаш да го имаш предвид! Немој да излезе кај ти жртва, па уште и bad guy, додека тој е херојот!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 300
Страница:   <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?