|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Криза во бракот
19.4.2015 11:45:18   
Kvisko
Anonimen издржи и понатаму. Се надевам дека од твоите ќе ја добиеш поддршката што ти треба во моментов.
Трошоците за развод може многу да варираат зависно до типот на разводот. Најдобро ќе ти биде да се консултираш со адвокат или барем правник.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 251
   RE: Криза во бракот
19.4.2015 17:41:58   
Hopeful RR
Anonimen, поддршка и од мене! Биди храбра, не отстапувај од одлуката, и со секој ден си се поблиску до животот што навистина го заслужуваш. Сигурно е тешко, но запамти дека го правиш за твое добро и за доброто на децата. Што поскоро разговарај со адвокат, колку и да е скапо, сигурна сум дека ќе наидеш на разбирање и толеранција, во смисла на тоа да не се брза со исплата, туку да се реши ситуацијата што поскоро и што побезболно. Пишувај ни, тука сме за тебе!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 252
   RE: Криза во бракот
29.4.2015 0:40:12   
marchi
se moli defne da se javi da kaze sto stana so problemot i kakva e momentalnata situacija user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 253
   RE: Криза во бракот
29.4.2015 9:17:31   
Defne90 RR
Еве ја дефне, се јавува на шалтер user posted image user posted image
Морам да кажам дека навистина се потрудивме да поработиме на нашиот однос.И цел труд навистина вроди со добри работи.Се трудам и јас да ја придобијам неговата доверба и да му докажам дека навистина нема потреба од тоа да биде љубоморен.Свесна сум дека јас сум си сама крива за недовербата кон мене,ама не поминува ни ден а да не му потенцирам дека навистина се каам и дека никогаш веќе нема да се повтори таа ситуација.А тој се труди да ми верува.И гледам дека полека почна да омекнува и да се однесува нормално како и пред тоа.Избегуваме конфликтни ситуации,а и да се деси да дојде до некоја таква,јас веднаш со убаво се трудам да му докажам дека расправијата и кавгата несе решение за ништо.Со муабет се решаваат многу работи во брачната криза,а во последно време се почесто зборуваме и си кажуваме што ни пречи еден на друг па со тоа и се трудиме маните да си ги ако не искорениме барем да не доаѓаат толку до израз.И во кревет значително подобра ситуација.user posted image Се надевамм дека така и ќе продолжи и дека за кратко време нема да биде се по старо и пак да му се врати љубомората.Се разбира тоа дирекно зависи и одмене,а јас се трудам да не му ја предизвикувам.Едноставно човек мора да биде силен и истраен и да се бори со сите сили за својот брак и фамилијата.Може ова од една страна и ко добредојдено ни беше затоа што барем си ги сфативме грешките па сега знаеме на што да работиме за да си ги подобриме односите.Фала ви најмногу женски на поддршката и на сите убави зборови и совети што ги добив од вас кои итекако ми помогнаа и ми дадоа сила.user posted image

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 254
   RE: Криза во бракот
29.4.2015 10:32:55   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

user posted image user posted image Defne mnogu mi e milo sto ste go prebrodile problemot.Posvetete se eden na drug,osvezete ja ljubovta I doverbata.Mnogu me izraduva utrovo koga te procitav!

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 255
   RE: Криза во бракот
29.4.2015 10:48:30   
Tanjat7880
Bravo Defne za napredokot i ti posakuvam vecna "prolet"vo brakot.I da se desi pak nekoja najava za destabilizacija sega vekje si iskusna i se polesno kje se spravuvash so nastanatata kriza!!!No,jas ne bi potencirala sekojdnevno deka NIKOGASH NEMA OVA ILI ONA DA NAPRAVAM(smetam deka nema shto da se opravduvash)no sekojdnevno bi potencirala deka razgovorot,bliskosta,relaksiranata atmosvera pravat ti da bidesh srekjna,vesela i kompletno ispolneta zena,a toa znaci deka nemash potreba od drugi aktivnosti.Napadni malku,vikaat deka toa e najdobra odbrana!!!
A ti Anonimna,shto pravish ti,se konsultirashe li so advokat,se prijavi li nekade kako zrtva na semejno nasilstvo...

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 256
   RE: Криза во бракот
30.4.2015 15:41:24   
marchi
Milo mi e za defne, sekoj zasluzuva da bide srekjen, prvenstveno za sebe a potoa za semejstvoto, veruvajte ako roditelite ne se srekni ni decata nema da bidat. Storete se najdobro za niv.

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 257
   RE: Криза во бракот
1.5.2015 4:26:33   
bucko mal
Defne 90 RR epten mi e milo ova sto go citam user posted image
Sepak bi ti preporachala da si najdesh nekoja rabota.Znam deka e teshko ama probaj smeni neshto.Taka ke nemash mnogu vreme da se zamarash so celiot tim okolu tebe user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

Еве ја дефне, се јавува на шалтер user posted image user posted image
Морам да кажам дека навистина се потрудивме да поработиме на нашиот однос.И цел труд навистина вроди со добри работи.Се трудам и јас да ја придобијам неговата доверба и да му докажам дека навистина нема потреба од тоа да биде љубоморен.Свесна сум дека јас сум си сама крива за недовербата кон мене,ама не поминува ни ден а да не му потенцирам дека навистина се каам и дека никогаш веќе нема да се повтори таа ситуација.А тој се труди да ми верува.И гледам дека полека почна да омекнува и да се однесува нормално како и пред тоа.Избегуваме конфликтни ситуации,а и да се деси да дојде до некоја таква,јас веднаш со убаво се трудам да му докажам дека расправијата и кавгата несе решение за ништо.Со муабет се решаваат многу работи во брачната криза,а во последно време се почесто зборуваме и си кажуваме што ни пречи еден на друг па со тоа и се трудиме маните да си ги ако не искорениме барем да не доаѓаат толку до израз.И во кревет значително подобра ситуација.user posted image Се надевамм дека така и ќе продолжи и дека за кратко време нема да биде се по старо и пак да му се врати љубомората.Се разбира тоа дирекно зависи и одмене,а јас се трудам да не му ја предизвикувам.Едноставно човек мора да биде силен и истраен и да се бори со сите сили за својот брак и фамилијата.Може ова од една страна и ко добредојдено ни беше затоа што барем си ги сфативме грешките па сега знаеме на што да работиме за да си ги подобриме односите.Фала ви најмногу женски на поддршката и на сите убави зборови и совети што ги добив од вас кои итекако ми помогнаа и ми дадоа сила.user posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 258
   RE: Криза во бракот
9.5.2015 1:25:33   
Anonimen
Здраво на сите.
Нова сум на форумот и имам еден проблем за кој би сакала да добијам совет.
Маж ми, во последно време почна да ме навредува.
Може преувеличувам, но многу ми смета.
На пример: носот ми бил за никаде, забите не ми чинеле, да не сум се смеела со отворена уста итн.
Пред некој ден за време на секс почна да се смее и го прашувам што е. Ми вика сум се насмеала така како што и претходно ми има речено и му паднало смешно. Не знаев како да изреагирам.
Свесна сум дека имам криви заби, како на зајак што ми вели тој, и избегавам да се смеам, и рака на уста ставам кога се смеам. Но мислев дека барем од него не треба да се кријам. Многу сум разочарана.
И уште ова, скоро се породив со второ и почнав многу да се потам. Секојдневно одржувам хигиена, тоа се подразбира, но накратко по туширањето пак се потам
И тој и за тоа ме навредува. Како јас божем сакам да седам испотена, или да имам крив нос, или криви заби.
Ми набива страшни комплекси.

(Одговор на членот bucko mal)
  Непосредна врска до пораките: 259
   RE: Криза во бракот
9.5.2015 14:20:52   
Neurotoxin RR
Мислам дека во овој случај треба да му се налутиш ама умерено, со голема доза на самодоверба дека си исто убава како моментот кога тој се заљубил во тебе па дури и решил да станеш негова животна сопатничка. Секоја жена е убава, особено мајка, особено мајка која штотуку родила. Да знам дека не е убава физички, ама величината ја прави божица.

еве еден пример. Мене кецот од забите ми е малку крив, како мала јас не си го забележував многу и не го ни мислев никогаш не ми стваорил било каков комплекс, но едно време, токму заради тоа што се смеев како да ги имам најправите и најубавите заби, почнаа луѓето околу мене да го коментираат тој мој заб, како „маана“ која е карактеристична за мене и изгледа слатко.
Мислам дека ако почнев да се жалам и пред себе и пред другите, и тие така ќе го прифатеа тоа.
Ова беше само мал увод во однос на мааните физички кои секој ги има.
Почни сама да си ги цениш убавите нешта, кога се гледаш во огледало најди ги убавите нешта за себе, стави ги тие како приоритет, и кога нешто ќе те навреди, почни да му даваш одговор на неговата навреда, од типот, јас не мислам дека тоа што забите ми се криви ме прави да бидам неубава, или јас не мислам како тебе, и јас имам огледало и си ги гледам убавите работи... за насмевката, среќен човек се смее, човек кој не завидува, човек кој носи позитивна енергија, човек кој има убава мисла... почни да враќаш дека не се сложуваш со неговото мислење за себе, напукај се со самодоверба, со онаа која си ја имала кога истиот тој сметал дека си убава, најубава од сите кои тогаш можел да ги избере како сопатнички, не ги прифаќај навредите, а причината за истите може да биде различна, тука не можам да навлезам.

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 260
   RE: Криза во бракот
9.5.2015 15:50:52   
kapina
I na mene mi vikaat oti sum debela oti imam stomak pak sto go zemam zdravo za gotovo toa ne mu zameruvam i sega pocnav da vezbam da odam aerobik da ja namalam kilazata nego edno nesto cudno ni se slucuva ni se namalija seksualnite odnosi so mm mnogu retko imame seks vo posledno vreme neznam sto da pravam

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 261
   RE: Криза во бракот
9.5.2015 15:53:46   
kapina
Mm nekako kako da ne e zainteresiran za seks od prvo imavme seks mnogu cesto sega ne neznam

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 262
   RE: Криза во бракот
10.5.2015 10:15:39   
Kvisko
Anonimen кога ќе ти каже такво нешто кажи му дека внатрешната убавина е побитна од она што се гледа надворешно и секако седни го да разговарате и да видиш што му е проблемот. Човекот очигледно си има некој проблем а не си ти за тоа виновна. Не знам што му е точно ама не е фер да се однесува така кон никого а не па кон сопствената жена. Навистина срамота.

Kapina пробај да внесеш новини во долен веш или предлагај нови пози, нови места по дома за водење љубов и слично. Оваа битка за бебе е исрпувачка и влијае и на тој аспект. Како и да е мали промени се доволни за да се разгори повторно пламенот. Исто така бакнување во текот на денот, гушкање во текот на денот и слично се добри во одржување на искрите и подготовка за вистинскиот чин.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 263
   RE: Криза во бракот
10.5.2015 10:47:02   
marchi
i kaj mene go ima problemot kako kaj kapina i do nekade kako i anonimnata.jas toa ne go smetam za problem. MM koga e mi rece ne si se poglednala vo ogledalo mislejki na toa deka imam stom a jas ne se custvuvam debela mu dgovaram tebe mozebi ne ti cinam no samata sebe si a i na drugi cinam i toa m i e dovolno pa odma se zakjutuva.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 264
   RE: Криза во бракот
29.5.2015 0:08:04   
Боцко
Ги читам објавите во оваа рубрика од првата страница и ми навираат спомени, особено кога си ги прочитав своите совети што сум ги дал на некои членови. Не можам да поверувам колку ми се променил животот и состојбите во изминативе 4-5 години.

Сега мојот брак е во длабока криза веќе подолго време. Чинам се е сообрано на куп - ние самите, семејства, свекрва, сестри, расправии околу дете, секс…

Во моментов односот помеѓу мене и ЖМ можам да го опишам како цимери кои имаат дете. Искрено не знам како дојдовме до тука но и за тоа има веројатно две верзии - мојата и онаа на ЖМ.

На прв поглед и на површина изгледа дека несогласувањата се во поглед на начинот на воспитување на детето. Таа со свои ставови и според мене со преголема желба за контрола над него и задоволување на сите негови потреби без исклучок со максимум попуштање. За возврат тој не ја почитува доволно а има само 8,5 годии. Јас сум построг и не дозволувам такво нешто и многу работи кај мене не поминуваат но затоа имаме многу здрав однос и одлично се разбираме и велам дека ми е „најдобро другарче“.

Тоа доведува до ситуации како да не постои ништо друго во животот освен детето. Ниту некаде одиме, ниту некој доаѓа (освен сестра и еднаш неделно заради Стефан). Нема желба за прошетки во околината и куси излети, н. пр. Солун е далеку за еден ден. За сексуален живот да не зборуваме. Уште малку па ќе наполниме 2 години без секс, а се поради страв од втора бременост бидејќи не сака ни да слушне за второ дете па се брани со апстиненција. До скоро и спиеше одделно но некако успеав барем да ја убедам да спиеме заедно во спална. Колку пати се обидов да и кажам дека не е здраво и дека доведува до нервоза и фрустрации но добивам одговор дека не може да има секс со некој што не ја почитува па уште и детето не ја почитува поради тоа?! А сепак не сум отишол со друга, реков дека стрпливо ќе ја чекам (ако тоа не е вид на почит…).

Морам да признаам дека таа работи се по дома и тоа е голем товар но и згодно оправдување Кога ќе понудам помош по правило ме одбива зашто ништо не е доволно добро па ни моето чистење. Ако не понудам - никогаш не ми текнува. А сум рекол ако треба нешто слободно само нека каже и се ќе биде завршено. Дури и жена понудив да плаќам ама ни тоа не може. Но затоа е во ред секоја година да имам за одмор, за новата соба на Стефан, за нови врати во станот, за нова машина за перење, за гарнитура во дневната затоа што таа нели нема пари. Тоа веројатно така треба па не мора да ми се вреднува како придонес?!

Сите разговори се завршуваат нервозно, пред време и без конкретни заклучоци. А мака ми е зашто имаме прекрасно дете и прекрасен минат труд, знам низ што се поминала таа за да бидеме заедно и не ми се отфрла сето тоа. Не сакам моето дете да гледа циркуз и да израсне во студена личност без емоции. Но затоа таа за се си има оправдувања и по правило сите други се виновни и на сите други нешто им фали.

Ова е само дел од приказната која верувам ќе се надоврзува на вашите мислења и предлози кои многу ги ценам и се надевам ќе ми бидат од помош. Ова тлееше во мене долго време и мораше некаде да излезе а мислам дека РР е вистинското место.

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 265
   RE: Криза во бракот
29.5.2015 8:44:56   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

.......Сега мојот брак е во длабока криза веќе подолго време...... А мака ми е зашто имаме прекрасно дете и прекрасен минат труд, знам низ што се поминала таа за да бидеме заедно и не ми се отфрла сето тоа.....

Ова е само дел од приказната која верувам ќе се надоврзува на вашите мислења и предлози кои многу ги ценам и се надевам ќе ми бидат од помош. Ова тлееше во мене долго време и мораше некаде да излезе а мислам дека РР е вистинското место.

Боцко, за да имаме комплетна слика, кажи што сте поминале претходно толку многу за да бидете заедно, па да може да дадеме мислење.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 29.5.2015 8:45:21 >

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 266
   RE: Криза во бракот
29.5.2015 12:02:08   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

Ги читам објавите во оваа рубрика од првата страница и ми навираат спомени, особено кога си ги прочитав своите совети што сум ги дал на некои членови. Не можам да поверувам колку ми се променил животот и состојбите во изминативе 4-5 години.

Сега мојот брак е во длабока криза веќе подолго време. Чинам се е сообрано на куп - ние самите, семејства, свекрва, сестри, расправии околу дете, секс…

Во моментов односот помеѓу мене и ЖМ можам да го опишам како цимери кои имаат дете. Искрено не знам како дојдовме до тука но и за тоа има веројатно две верзии - мојата и онаа на ЖМ.

На прв поглед и на површина изгледа дека несогласувањата се во поглед на начинот на воспитување на детето. Таа со свои ставови и според мене со преголема желба за контрола над него и задоволување на сите негови потреби без исклучок со максимум попуштање. За возврат тој не ја почитува доволно а има само 8,5 годии. Јас сум построг и не дозволувам такво нешто и многу работи кај мене не поминуваат но затоа имаме многу здрав однос и одлично се разбираме и велам дека ми е „најдобро другарче“.

Тоа доведува до ситуации како да не постои ништо друго во животот освен детето. Ниту некаде одиме, ниту некој доаѓа (освен сестра и еднаш неделно заради Стефан). Нема желба за прошетки во околината и куси излети, н. пр. Солун е далеку за еден ден. За сексуален живот да не зборуваме. Уште малку па ќе наполниме 2 години без секс, а се поради страв од втора бременост бидејќи не сака ни да слушне за второ дете па се брани со апстиненција. До скоро и спиеше одделно но некако успеав барем да ја убедам да спиеме заедно во спална. Колку пати се обидов да и кажам дека не е здраво и дека доведува до нервоза и фрустрации но добивам одговор дека не може да има секс со некој што не ја почитува па уште и детето не ја почитува поради тоа?! А сепак не сум отишол со друга, реков дека стрпливо ќе ја чекам (ако тоа не е вид на почит…).

Морам да признаам дека таа работи се по дома и тоа е голем товар но и згодно оправдување Кога ќе понудам помош по правило ме одбива зашто ништо не е доволно добро па ни моето чистење. Ако не понудам - никогаш не ми текнува. А сум рекол ако треба нешто слободно само нека каже и се ќе биде завршено. Дури и жена понудив да плаќам ама ни тоа не може. Но затоа е во ред секоја година да имам за одмор, за новата соба на Стефан, за нови врати во станот, за нова машина за перење, за гарнитура во дневната затоа што таа нели нема пари. Тоа веројатно така треба па не мора да ми се вреднува како придонес?!

Сите разговори се завршуваат нервозно, пред време и без конкретни заклучоци. А мака ми е зашто имаме прекрасно дете и прекрасен минат труд, знам низ што се поминала таа за да бидеме заедно и не ми се отфрла сето тоа. Не сакам моето дете да гледа циркуз и да израсне во студена личност без емоции. Но затоа таа за се си има оправдувања и по правило сите други се виновни и на сите други нешто им фали.

Ова е само дел од приказната која верувам ќе се надоврзува на вашите мислења и предлози кои многу ги ценам и се надевам ќе ми бидат од помош. Ова тлееше во мене долго време и мораше некаде да излезе а мислам дека РР е вистинското место.

Bocko vcera napisav ogromen post,no mi iscezna koga go objavuvavuser posted image
Sega na kratko ke pisam:Za Edna zena tolku da se oddaleci od svojot sporug jas gledam dve pricing
1- Mozebi e beskrajno povredena ili navredena od tvoja strana
2-Mozebi ima drug maz vo nejziniot zivot.
Za vtoroto bi sakala I se nadevam deka ne e tocno.DA prodiskutirame za prvoto:
Jas kako zena ke zboruvam,sto bi mozelo DA me "kastrira" ,toa e problemite,kavgite,navredite.Mislam deka tvojata zena dozivuva psihicka kastracija,nesto sto ja sprecuva da bega of tebe,a vsusnost se vadi na muabet deka ne saka vtoro dete.Ima milioni kontraceptivni sredstva,vo vrska so toa. Sepak da se nadevame deka prvata tocka e problem ,deka nema drug maz.Probaj da ja vratis na sekoj mozen nacin,ne probuvaj da dokazis koj e vo pravo koj vo krivo.Probaj da gi vratis emociite na zenata,iznenadi ja so nova obleka,se ona sto taa go sakala I pravela pred krizata.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 267
   RE: Криза во бракот
29.5.2015 14:50:37   
Палешка РР
Боцко, искрено премногу се израдував кога го видов твојот ник во последни пораки, мило ми е што си тука user posted image

Твојот пост не ме радува но морам да ти кажам дека го идентификувам со македонски брачен синдром, малку понагласен.

Јас не би се согласила со deluxe дека за ова може да постојат две причини, навреда или друг маж. За заладување на односите во бракот може да постојат милион причини - беспарица, безизлезност, безпросперитетност, мешање на родителите, финансиска помош од родителите, долго време затворање дома, не дружење со пријатели, недостаток на романтични викенди, вечери, изненадувања, релаксација во шопинг, кафе со пријателите..... а тоа го доживуваат повеќе од 60% од македонските парови.
Јас ова не би го решавала со разговор, од долги разговори разубедувања и дополнителни конфронтирања нема фајде.
Пронајди нешто што ја радува жена ти. Нешто што ќе ја подигне од мртва точка. Ако ја сакаш покрај себе ете ти биди тој кој ќе ја преземе улогата на спасител на бракот, оти некој мора, а очигледно таа не може. Мислам дека овде станува збор за депресија и некои измешани емоции, но не е нешто фатално.
Обиди се да ја радуваш жена ти и да ја засмеваш често.
Почнете од таа точка, ете како почеток на некаков исчекор кон напред.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 268
   RE: Криза во бракот
29.5.2015 15:09:20   
Tanjat7880
Bocko,aj i jas da dadam moe mislenje,i jas mislam deka problemot e psihicki,odnosno ve maci depresija.I sega taa sostojba ne e bash taka lesno prolazna i brza za reshavanje.Stravot koj ja paralizira soprugata e prv znak na depresija.Sekoj obid neshto da se napravi(otpatuva,sheta,gleda film)se svakja ko navreda i pritoa se davaat objasnuvanja deka seto toa ne e vo red ili nemoze da se napravi,se gubi smisla za realnost.Mnogu energija i trpenie treba da se nadmine sostojbata(i poseta na strucno lice).Jas bi probala so distanciranje na zaednicki aktivnosti no "vturnuvanje"vo samostojni aktivnosti(za ova kje treba sam da smislish shto i kako)Samo koga kje se oseti sama,koga kje oseti deka i fali zaednicata,brakot,bracniot drugar kje moze da sogleda deka treba da se vlozuva vo stiot.Pozdrav i mnogu srekja i na dvajcata

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 269
   RE: Криза во бракот
29.5.2015 17:38:58   
lukajana RR
Проблемот на сите во бракот е немањето време и обврските.Некогаш толку многу не исцрпува се околу нас што сме изморени за малку релаксација со партнерите.И кај нас некогаш има периоди кога можам да кажам што беше тоа сексuser posted image ама се враќаме во колосек брзо по моја или негова иницијатива.
Јас целосно ја отфрлам теоријата за друг маж и сигурна сум дека тоа не е вашиот проблем туку проблемот е улогата на премногу посветена мајка која мисли првенствено на своето дете па после ако остане време а најчесто не останува на другите.
Второ дете и јас не сакав мислејки дека со тоа ке му наштетам на Л ,дека ке му скратам љубов и внимание и може е смешно ама цела бременост легнував и станував со мислата како Л ке седи дома кога ке одам да се пораѓам и цело време мислев дека на второто дете нема да му бидам добра мајка.
Ама се тоа се смени кога ја родив Ј и видов дека можам да ги сакам исто двете деца.
Мој совет ти е да побара стручна помош но никако да се дистанцирате еден од друг туку да инсистираш да правите се заедно,да одите на викенд или одмор не сами туку со синчето.Со време ке свати дека животот се децата ама не сите работи се вртат околу нив и дека мора да си даде време за себе за да биде добра мајка и сопруга

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 270
   RE: Криза во бракот
30.5.2015 0:49:49   
vezilka RR
Ах, Боцко и не морам да ги прелистам сите страници наназад за да се сетам на твоите добри совети низ форумов. Туку, тоа е што на сите може да ни се случи тоа заради тоа што се почесто мислам дека „не го живееме“ нашиот живот, туку како некој друг да го живее, а ние само го посматраме на филмска трака. Сакам да кажам дека не се втурнуваме во него, туку се предаваме на рутините кои не одалечуваат од вистинскиот живот, од еден од друг, па и од самите себе.
Според мене не постои една единствена причина за настанување на криза во бракот, но има некоја која преовладува над другите, или го подгорува жарчето. За да започне надминувањето на кризата мора таа причина да се отстрани. Е најголемиот проблем е како да се открие таа причина, оти тој што ја има во главата најчесто не сака така лесно да ја открие, оти смета дека другиот треба и те како да ја знае, а тој другиот, кутриот најчесто и нема поим за тоа. Треба „екстремно“ да се разговара, до крв и солзи што се вели, додека не излезе тоа.. Значи разговор звучи како најдосадното клише, но мислам дека е единственото решение. Да се кажат работите кои се премолчувале, да се прераскажат мислите и чувствата. Ете мене од целиот твој пост тоа „не знам како стигнавме до овде“ ми остави впечаток, дека тука лежи проблемот. Оти ова дереџе на кое сте денес не се случило од денес за утре, туку траело неколку години и не се решавало, туку се прифаќало како рутина.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 271
   RE: Криза во бракот
30.5.2015 11:50:57   
sandriana RR
Боцко, јас не сум умешна во пишување долги постови, и токму ради тоа избегнувам пишување на оваа тема, но не можам ниту да прескокнам да дадам свое скромно мислење за проблем на еден од пионерите членови на РРаја.
Јас зачетокот на проблемот би го лоцирала токму во различностите при воспитување и одгледување на вашето дете.
Твојата сопруга сега веројатно те гледа како непријател и се чувстува како жртва бидејки носи огромен товар од домашните обврски и одгледувањето на детето, а сфаќе дека нема никаков бенефит, условно речено, бидејки велиш дека детето не покажува респект каков очекува неговата мајка.
Затоа сметам дека за почеток би било добро да поразговараш и со детето, секако на соодветно ниво за неговата возраст, и да почнеш пред него да се однесуваш со љубов, респект, комлименти кон сопругата - да ги искажуваш гласно. Да најдеш начин како тоа да го прифати и детето.
И да се согласам со Везилка за разговорите до крв и солзи, до болка и бес - сметам дека се неизбежни, за да се најде вистинската суштина на проблемот. Се надевам дека сопругата е тип на човек кој може и сака да разговара, дека ја знеш точката која би ја поттикнала на искрен разговор.
Ти посакувам напредок во решавање на проблемот.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 272
   RE: Криза во бракот
30.5.2015 13:34:03   
Kvisko
Ајде и јас малку да се вмешам.

Во постот на Bocko читам многу јад и многу обвинувања. Не е лесно и нема ни да биде лесно да се решат вашите проблеми зашто едноставно премногу ви се насобрало. Сега сте влезени во еден затворен круг на обвинување на еден со друг. Ти на тоа од твојот пост гледаш поинаку и ќе ми пишеп не си ти крив и ти се трудиш колку што можеш ама сопругата е крива. Е на тоа јас веднапш уште пред да пишеп ќе ти кажам за танго и кавга се секогаш потребни двајца. Во случајов двајцата си имате свои согледувања, свои мислења и потреби и немате баш слух еден за друг. Мене најсиптоматично ми е тоа што го напиша за парите (ти за се мора да имаш пари, таа не). Според мене бракот е нешто во кое се делиме и добро и лошо па и парите се заеднички не се твои и не се нејзини. Ваши се. Тоа ми е само пример за тоа колку сте поделени и дојдени во ситуација секој да си го брани својот став, своето ќоше.
Нема да ви биде лесно и ќе бара долго време, напор, бол, бес, солзи па и некогаш смеа за да ги решите проблемите. Нема да исчесзнат ако одите еднаш или двапати на вечера или до Солун. Вас ви е проблемот комуникацијата и искажувањето што јас сакам и сослучувањето на тоа што сака другиот. За тоа треба сериозно разговарање и отварање на сите карти. Копање длабоко. Нормални во процесор треба да ја обновите и искрата и копнежот и да одите на вечери, да си посветувате внимание и слично, ама без суштината вакви лепила нема никаде да ве одведат.

Мој најискрен совет ви е брачно советувалиште (или семејна терапија). Знам дека во Македонија да побараш ваква помош е страшно и срамно. Ама според мене само со таква стучна помош ќе се извлечете. Се друго ќе биде залудно. Мора да имате професионална помош за полесно да го пребродите копањето по болни теми (а ќе ги има многу). Ако не го направите тоа ќе си останете на ваков статус кво како што сте сега и верувај ми детето ќе ви страда. Од она што го читам останивате заедно само за детето да расте со двајца родители не заради друго. Во таква ситуација детето ви страда. Немој да мислиш дека не чувстува дека нешто не е како што треба. Само не знае како тоа да ви го каже. Ако ви е детето се потрудете се и заради него да го изградите повторно бракот на стабилни нозе.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 273
   RE: Криза во бракот
30.5.2015 22:05:56   
niki
welcome back bocko i dobredojde vo volsebnoto carstvo na sovremenoto bracno ziveenje

kriza, ne bi rekla deka e kriza toa sto dozivuvate vie a i site ostanati sovremeni parovi, tuku zivot, zivot koj vo sekoj pogled i na sekoe pole e nateznat so bremeto da bide sovrsen
ama sovrsen nikogas ne e
i nikako da ni vleze vo glava deka sovrsen ne e nikoj i nisto
i ziveeme ko na norma
nema seks, pa zosto nema seks, pa odi kupi seksi obleka, izigravaj drolja ili Makro za da ima seks posto treba da se ispolni norma 3 pati nedelno da ima seks zosto ako nema sigurno nesto ti fali, ne si normalen/na
pa ke ti stradalo deteto sto ne si vo dobri odnosi so partnerot, a ne si vo dobri odnosi zosto nemalo seks
i sega se prasuvam jas od kaj znae i dali treba voopsto da znae moeto sega 8 godisno, nekogas porano 3godisno ili vo idnina 15 godisno dete deka jas imam ili nemam seks so nejziniot drug roditel
pa deteto da bilo srekno vakvo onakvo trebalo roditelive za se da se slozuvaat, ednoglasni da bidat, da ne sprotivstavuvaat i neznam sto zosto ako ne ke im bilo zbuneto izgubeno vakvo onakvo deteto
i ajde uste edna tura pritisoci i stremezi da bideme nesto sto ne sme i nikogas nema da bideme site isti site roboti
pa famoznite domasni obvrski, jebote ako ne gi delite podednakvo i ako podednakvo dobro ne gi izvrsuvate i za toa trk na bracno sovetuvanje, bidejki ne mozes da bides normalen ako nikogas ne si izmil casi, zgotvil sarma ili smenil guma ili ulje na avtomobilot, nemoze nesto da zanes nesto da neznaes
ili se znaes ili ne vredis

a tek posirokoto semejstvo koga ke go vpletkame vo stremezot za sovrseni odnosi
dal ti odgovara ili ne necija harizma ne e vazno, rodnina e moras da go poset__uvas, bez ogled na toa sto zevas dodeka go slusas ili ostanuvas zaprepasten od glupost, nelogicnost, necovecnost, prostakluk, malograganstina ili dodaj po zelba kakvi god osobenosti na luge Imas okolu sebe koi ne ti odgovaraat
i da ne zaboravam deka pari treba da se ima neiscrpno, za najnova tehnologija, za raznorazni aktivnosti za deca, za patuvanja, za izleguvanja i za bracni sovetuvanja, bidejki sami ne mozeme da si postavime granici i da izvleceme zaklucok koja e nasata normala treba nekoj strucen i vrsen psiholog toa da ni go kaze

ne veruvam vo bracni krizi nit vo instant resenija na istite, ne veruvam vo normi i vo treba vaka ili onaka
veruvam deka zivotot ni e daden da go ziveeme a ne da go popravame, da gi prifakame predizvicite koi ni se isprecuvaat i da iskusime i dobro i loso vo brak i nadvor od nego za da gi naucime lekciite koi ni se nam nameneti

i zaboraviv... ne veruvam deka posle 10 godini brak treba da se razgovara do krv i solzi, da si kazeme sto, deka edniot e poveke vo pravo od drugiot
koja toa crna tajna treba da ja otkrieme posle 10 godisno zaednicko ziveenje, sto ostanalo ne soznaeno i sokrieno
nema tuka nikakva topla voda da se otkriva
lugeto se razlicni, razlicno vospituvani razlicni iskustva preziveale razlicni licnosti gi doprele, razlicni izbori gi dovele tamu kade sto se i sto i da se kaze minatoto nisto ne go menuva idninata ostanuva nepoznata a segasnosta e onaa koja treba da ja ziveeme
i ni preostanuva samo sami so sebe da poorazgovarame dali ke si go prifatime zivotot i ke mu se raduvame so se dobro i loso sto imame ili ke kukame i ke fantazirame sto bi bilo koga bi bilo

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 30.5.2015 23:10:10 >

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 274
   RE: Криза во бракот
31.5.2015 16:29:43   
Snowhite RR
Боцκо јас мислам деκа твојата жена е во депρесија, а таа е последица на повеќе фаκтоρи, а споρед мене и споρед ова што го имаш пишано најмногу поρади тоа што не ја почитува синот, можеби поρади тоа не саκа втоρо дете, затоа мислам деκа тρеба малκу да помогнеш туκа, пρед детето да поκажуваш маκсимално почитување спρема нејзе и да најдеш начин да му објасниш на синот κаκо тρеба да ја почитува мајκата. Пρедложи и да оди на јога, напρави ρаботи κои поρано и биле интеρесни. Аκо жената е во депρесија во неκоја почетна фаза можеби тρеба да пие антидепρесиви, бидејќи аκо подлго вρеме тагува оρганизмот пρестанува да го лачи сеρотонинот, хоρмонот ма сρеќа, а антидепρесивите помагаат во неговото лачење. Ρазговаρај со матичен, аκо пρоцени деκа е во депρесија неκа ви даде упат до психијатаρ κој ќе пρоцени дали тρеба да пие антидепρесиви, може и само ρазговоρ со психијатаρ да и помогне. Аκо ми κажеш повеќе инфоρмации ќе ти κажам дали е во депρесија бидејќи имам исκуство со сопρугот. Исто настојувајте дρужење со позитивни луѓе, а избегнувајте негативни. Следи го нејзиното однесување, аκо е во таκва ситуација само ти можеш да и помогнеш, немој да и се лутиш, зашто полошо ќе напρавиш

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 275
Страница:   <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?