|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 12:04:41   
Палешка РР
Јас не би дозволила маж ми да ми каже дека ме издржува. Мислам до таква мисла и до таква изговорена реченица не смее да дојде.
Ако тоа си дозволи да ми го каже, значи дека длабоко не ме почитува, длабоко.
Секој на свој начин придонесува во бракот, во домот, во семејството. Крајно понижување е мажот да си дозволи да каже дека ја издржува жената, крајно. Не знам што би направила ако дојде до тоа.
Јас поинаку ги поставувам работите за да не дојде до ситуации да ме понижи, нешто да ми забрани или скрати.
Се борам за своите права и идеали во моменти кога тие не се скратени - зборувам, држам предавања, кажувам други примери, искажувам свои ставови во друштво или насамо и маж ми знае која е мојата граница. И точно знае кога нешто може да премине во навреда. А навреди меѓу двајца луѓе кои половина живот го поминале заедно, имаат деца и заеднички цели не треба да има. Така не се функционира, така се оди во пропаст.
Сакам да порачам до сите жени - не ја веднете главата пред мажот, пред свекорот, пред свекрвата. Борете се за своите права и тогаш кога ги имате. И не дозволувајте да ве газат. Жената е столб на семејството независно дали работи или не.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 226
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 13:10:33   
Anonimen
Дефне90 мила, во некои твои случки се пронајдов и самата. Незнам колку време трае оваа криза кај вас и незнам што би те советувала, бидејќи и јас се расправам со многу поголема "криза" веќе 7 години. 

Би сакала да ј споделам мојата мака со вас, бидејќи неможам на никого да кажам.

Пред да почнам би сакала да напоменам дека многу би сакала искрено мислење и совет, а не само поддршка. 

Во брак сме 7 години. Се зедовме млади, јас 22, тој 25, бидејќи останав бремена. Од моментот пред свадбата почнаа проблемите. Неговите бараа што да се купи, а моите не беа во можност, тој само ме омаловажуваше и се распрваше со мене заради поклоните, за брат му највеќе. Демек требало и на него исто што и на заковните. Моите не зедоа и тоа ја предизвика нашата прва голема караница.  Дури и ме удри, а јас бремена.

Помина свадбата и се појави друг проблем. Тој ги зема сите пари што ги добивме за свадбата и ги потроши. Дури и нешто злато продаде.

Се роди ќерка ни, јас дома, тој по кафани и кафиќи од јутра до сутра. Кога и да посакав да излеземе заедно тој велеше дека нема пари. Јас незнаев колку точно тој зема плата, не кажуваше. Јас се затворив меѓу 4 ѕида и станав слугинка на сите дома. Живееме на село и немав каде да излезам, да се прошетам, што ме правеше и сеуште ме прави депресивна.

Почна да се коцка, покер, на работа, во кафанчиња. Си најде такво друштво и  цели ноќи не доаѓаше дома. Кога ќе дојдеше, после загуба, јас за се му бев крива, викаше, забрануваше, дури и по некој шамар добивав.

Не дај боже да ме најдеше седната на  компјутер. Трета светска. Несмеев да гледам ниту тв навечер покасно, бидејќи морав да легнам да спијам кога и нему му се спиеше, а истото не важеше и во обратната ситуација.

Не ме пушташе да одам кај моите. Ми наредуваше што да правам, како да правам.

А јас будалата молчев и се трудев да му угодам. Уште и самата се обвинував.

И сега ништо драстично не е сменето. Наместо покер сега е кладилница. Пак истите расправии. Само сега не молчам, си терам по мое. Не е тоа решение,  знам.

И јас не работам и многу пати ми префрлил дека тој ме издржува.  Мојот труд околу домот не се цени. А еден ден да не направам ручек одма караница. Како не ми било срам, ем ме ранел, а јас јадење да не направам. А тоа толку ретко се случува, еднаш на 3 месеци. 

И молчев, и се карав, и викав, и плачев, ама се ми беше џабе. Се остана исто. Јас за него не вредам, и самиот ми кажува. Некогаш кога ќе му контрирам вели дека не сум била тепана и затоа толку сум аздисувала. А ако е аздисување што му кажувам дека за некои работи не е во право и што го молам да се опамети, тогаш јас сум грешка. Во последно време почнав и да се смеам кога тој ќе почне да се расправа,  нервите ми попуштија. Се плашам дека ќе полудам.

Само кога јас ќе ги отворам очите? Кога јас ќе се решам да заминам?

Што уште треба да доживеам?  Поговорката беше: Господе дај ми трпение, зошто ако ми дадеш сила сите ќе ги убијам.

Е јас веќе не сакам трпение, доста трпев, сега ми треба сила, сила да се соберам и да заминам од овде. 


(Одговор на членот Палешка РР)
  Непосредна врска до пораките: 227
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 13:38:00   
Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR

Жени мили пред се фала ви за советите што навистина ми беа од корист.Знам дека тешко ќе се реши проблемот со љубомората,кој донекаде може и јас пак го поттикнав,затоа што едно време навистина не покажуваше никакви знаци на тоа.Мада тоа докажа дека никогаш и не престанал да биде љубоморен.Никогаш го немам изневерено,само со некои постапки кои сум ги направила несвесно тој претпоставувам дека си помислил декаќе го направам тоа еден ден.Не ги сака социјалните мреже,затоа што секогаш се наоѓа по некој што ќе пиша нешто.И секогаш кога и да се случело тоа сум кажувала дека сум мажена и не сум заинтересирана за чат,ама изгледа тој си мисли дека некогаш ќе почнам да четувам со некој маж па ќе се случи тоа од што се плаши,дека ќе го изневерам.


Јас не читам дека чатувала со мажи user posted image
Вечер ќе се допишам

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 228
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 13:54:22   
Gari68

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anonimen

Дефне90 мила, во некои твои случки се пронајдов и самата. Незнам колку време трае оваа криза кај вас и незнам што би те советувала, бидејќи и јас се расправам со многу поголема "криза" веќе 7 години. 

Би сакала да ј споделам мојата мака со вас, бидејќи неможам на никого да кажам.

Пред да почнам би сакала да напоменам дека многу би сакала искрено мислење и совет, а не само поддршка. 

Во брак сме 7 години. ........


Искрен совет е створи си услови за самостоен живот и разведувај се.За жал има многу такви како твојот сопруг е сега дали е од воспитувањето,дали е од тој синдром на балкански маж кој е некоја поблага форма на турски маж кој сака да биде газда во куќа ама нели 21век сме и многу нешта отидоа напред ама овие мажи се заглавени во 19век.
Да мислиш дека е поради малдост-лудост ,не,карактер си е карактер и човек после 20година тешко менува карактер.Велиш фатил лошо друштво и мислиш дека е пореди тоа ама не ќе да е така ,изгледа тој е лошото друштво и не ми е навистина јасно како пред да се земете не си ги приметувала тие негови особини .
Знам дека кога сте моми ,дечковци кои се мангупчиња,згодни убави ве привлекуваат и повеќе ви е тоа важно и карактерот го премижувате ама понекогаш тој карактер еве овака отпосле ќе ви дојде преку глава.А примери како твојот сопруг имало многу ама испаѓа “што ќе учам јас на туѓи грешки,ќе си учам од свои“

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 229
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 14:23:48   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

AneLav,ako majkata ja sreduva kukjata kade zivee ona,mazoi no i decata i gotvi i pere i pegla vo istata ne e sluguvanje na mazot nego moralna obvrska shto sekoj zdrav roditel treba da ja pravi vo ime na svoite deca.Da,da sme vo sredno i jas mozda bi mislela samo na sebe no gladni,zelni i valkani deca jas ne bi ostavila samo za da ne mu sluguvam na mazot!!!


Се согласувам

Не го сфаќам муабетот како пркос кон маж, и поради деца.Туку додека се пробува да се средат работите нема се околу домот и децата да е хаос.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Ако не сум задоволна од врската, зошто сум во неа? И немојте да ми спомнувате ради децата, тоа едноставно не е доволно. По ваква логика, со ќутење и веднење глава ќе завршиме со одобрување емоционално и физичко насилство, не гледам друг крај. За мене една од најлошите македонски поговорки е - наведната глава сабја не ја сече. Тоа ми е типичен пример зошто тапкаме во место и никако да се избориме за нешто повеќе, и на лично, и на колективно ниво.

А моментот дека готвењето, перењето и пеглањето треба да е моја морална одговорност не сакам ни да го диксутирам, искрено. Морална одговорност е бидам добар човек, совесен и одговорен брачен партнер, рамноправен и свесен за сите постапки и одлуки, и одговорен и грижлив родител. На децата не им треба слугинка дома, туку role model, пример по кој ќе учат и ќе се раководат во сопствените животи. Зарем вака би ја учела сопствената ќерка, да ќути и да ведне глава? Или пак синот, ако покаже насилен карактер, ќе му кажеш дека е тоа во ред?


Ова што пиша речиси е така , но незаборавај дека во голем процент мажите ни се таканаречени балканци,и дека и либерте маж сака ручек на маса и средена куќа.Се уште се знае и воспитува дека маж треба ,,да се гледа,, и тешко е да се реши жена да биде самохрана мајка..Ова е друга тема а друго еборба за некаква рамноправност во брак кој е во ред не во моментална криза.
И јас сум за сетоа ама некаде раелноста а некогаш и малку феминизмот е друго.А кој кого рани е пак до нашето мило општество.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68
.За жал има многу такви како твојот сопруг е сега дали е од воспитувањето,дали е од тој синдром на балкански маж кој е некоја поблага форма на турски маж кој сака да биде газда во куќа ама нели 21век сме и многу нешта отидоа напред ама овие мажи се заглавени во 19век.
Да мислиш дека е поради малдост-лудост ,не,карактер си е карактер и човек после 20година тешко менува карактер


Токму истово ова user posted image

Проблем и криза во брак е емотивно но се одразува и на секојдневните обврски, и тука треба решение.Разговор отворен на маса за спас на брак ако има за што или договорен развод (ако се има подршка просторна и финансиска).Нема чаталење дека туку така се опстојува,зависи од околина и околностите. Нема уцени,пркоси, и поради деца.
Јасно и гласно и тоа е тоа


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 230
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 15:00:35   
Палешка РР
Anonimen, јас никогаш не сум за развод, освен во случај на физичко малтретирање - другото горе-долу се решава.
Е сега, браковите во провинција, во рурални средини се претежно такви, бидејќи средината каде се живее е таква. Но еве и јас сум од провинција, па не му дозволувам мм да ми стои на вратот.
Во твојов случај би се обидела да го вразумам човекот со тоа што ќе си заминам кај мајка ми и ќе бидам сериозна, истрајна и решителна дека нема да се вратам. Ќе влезам во улога и ќе блефирам и глумам.
Мислам дека по извесно време ќе моли да се вратиш.

Не знам друго што да ти кажам. Малку и во лоша средина живееш.
Ти посакувам се најубаво и обиди се да се охрабриш.


< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 9.4.2015 15:03:17 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 231
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 16:02:28   
Anonimen
Заминав од дома неколку пати. Последниот пат се спакував и без да замине тој заминав, без збор да кажам. Му пишав порака, дека ако продолжи така не се враќам. Блефирав. Но тој што направи, си се дотера и по дискотеки со другари, по кафани секој ден. А јас будалата пак се вратив, со мало дете бев и моите не можеа да ми обезбедат се што ми треба. Барам работа, но во ова мало место тешко се наоѓа.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Anonimen, јас никогаш не сум за развод, освен во случај на физичко малтретирање - другото горе-долу се решава.
Е сега, браковите во провинција, во рурални средини се претежно такви, бидејќи средината каде се живее е таква. Но еве и јас сум од провинција, па не му дозволувам мм да ми стои на вратот.
Во твојов случај би се обидела да го вразумам човекот со тоа што ќе си заминам кај мајка ми и ќе бидам сериозна, истрајна и решителна дека нема да се вратам. Ќе влезам во улога и ќе блефирам и глумам.
Мислам дека по извесно време ќе моли да се вратиш.

Не знам друго што да ти кажам. Малку и во лоша средина живееш.
Ти посакувам се најубаво и обиди се да се охрабриш.







(Одговор на членот Палешка РР)
  Непосредна врска до пораките: 232
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 16:12:30   
Hopeful RR
Anonimen, многу ми е жал за твојата ситуација, гледам дека ама ич не ти е лесно.
Мислам дека единствено решение е да се јавиш на некоја од СОС линиите за помош на жртви на насилство и да договориш нешто со нив. Знам дека имаат домови за вакви случаи, дека се трудат да најдат работа и може да ти помогнат да се иселиш во сосема друго место, подалеку од него, кај што ќе најдеш и работа, и нормален живот.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 233
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 17:59:50   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

Imam edno prasanje za defne : vide li tvojot maz dali i sto si pisuvala na fb so nekoj si drug? Po odgovor na ova prasanje ke ti izjasnam 2 slicni slucuvanja pa da napravis sporedba.

Марчи која ти е поентава на прашањето сега ќе се шпионираат по фб и повторно ќе влагаат во недоверби? Кој што пишал и да пишал нешто иницирано е од нешто претходно. За доверба се работи овде не за нешто друго. Проблемот е поширок ако се навраќаат на тоа кој пишал и што пишал и зошто пишал во недоглед ќе оди работата. Треба да ги остават сите тие работи зад себе и да си се извинат и да продолжат нормално доколку е можно.Довербата е многу голема работа лесно се губи а могу потешко се враќа.На тоа треба да работат.

Te molam ne e isto taa da pise nikomu i nekoj da i pise nejze. Kriva e taa ako i stigne pokana za prijatel na fb? Ili ako nekoj i pise nejze. I sto tuka defne predizvikala za narusena doverba? Ne e rabotata da se spioniraat no toj ako ne videl i ne razbral ubavo neka ne se buni. Eh nie sega skoro kalvi problemi imavme so zolvata so fb so napustanje na semejstvoto.... Uste ne e nikoj svesen kolku pogolemi problemi postojat od onie koi za nas ni izgledaat teski

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 234
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 18:07:06   
mommy_angels RR
Κолκу што видов нема потρеба од згρижѕвање по домови,си има здρави и пρави ρодители што неможат се да обезбедат за нејзе и детето. Ама затоа дρага моја можеш и ти да ρаботиш ,а и гρадинκи постојат. Напρави си услуга и живеј ноρмален живот. Тоа чудо до тебе ,κое може сеκаκо да го наρечеме освен маж,остави го засеκогаш. И само џа ти κажам и јас потеκнувам од мн мало место,но κога сестρа ми ρасипа четиρигодишна вρсκа со тотално болно љубомоρна личност,ја имаше мојата потполна подρшκа.А κога мајκа ми почна да "дρоби" што ќе κажатлуѓето,ја ставив да ρазмисли κаκов живот би имала ќеρκа и со таκов човеκ. Таκа да дρага анонимна,почни да мислиш на себе и детето,зашто на κρај само вие сте важни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 235
   RE: Криза во бракот
9.4.2015 18:16:14   
lukajana RR
Анонимен навистина си во незавидна положба.
Бракот лошо ви почнал од самиот старт но тоа е мало место немажена бремена девојка е сигурно незамисливо и знам дека тогаш ти изгледало дека нема друг излез и цело време си морала да трпиш тортури но сега сепак си жена од според моите пресметки некаде 30 години детето ти е мало ама и не толку мало за да можеш да го земеш и засекогаш да заминеш од сопругот.
Ако седиш кај мт нема ни да најдеш работа но ако си кај твоите можеш да побараш работа во некој од соседните градови сигурно нешто ке се најде сепак си млада ке патуваш повеќе но ке бидеш независна.
Мојата кума си отиде со 40 дена бебе заради коцкање па се снајде и дете чува и работи ,сигурно ти изгледа невозможно но е така,една врата ке затвориш друга ти се отвара само треба да решиш.И да не се замараш дали откако си отишла одел во кафани нека оди каде сака само подалеку од тебе.


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 236
   RE: Криза во бракот
12.4.2015 20:23:00   
Defne90 RR
Еве ме мене пак тука.Ги прочитав сите постови и можам да кажам дека за многу од работите што сте ги напишале сте во право.Баш така моја е грешката што си дозволив да четувам со друг.Точно е дека се осеќав до таа мера запоставено од него,ама не требаше да побарам и да посакам да се осетам дека се уште сум убава жена која знае како да измами нечие внимание.И верувале или не многупати му имам напеменето на маж ми дека навистина имам потреба од неговото внимание и од тоа да се осетам повторно сакано.Ама нему му беше побитно да излезе со другарите и да си дојде дома непосредно пред спиење.И мене ми здосади цела таа ситуација па најверојатно и зато9а се впуштив во таква онлаин авантура.И се каам искрено и многу се каам за тоа.Јас му се извинив за мојата грешка и му ветив дека никогаш повеќе нема да ми текне да барам внимание кај друг и дека ќе му кажувам од сега па натаму што ми пречи и кога имам потреба од муабет.И овие денови бевме изолирани од вируелноста целосно и се посветивме на решавање на нашиот проблем.И на крај дојдовме до заклучок дека мене ми треба внимание и нежност а нему му треба жена во која ќе може да има целосна доверба и отворено ќе му кажќува што ја мачи.Ми се извини за сите навреди и ми вети дека веќе нема да ме запоставува и дека ќе се труди да ми посветува колку што може повеќе внимание.Последните два дена се освојуваме повторно небаре сме тинејџери.И уживаме во тоа.Убаво ни е и се надевам дека не само сега додека ни трае кризата туку дека цел живот ќе ја имаме таа потреба и ќе сакаме да си ги освојуваме срцата одново и одново.Сепак бракот и стабилноста на домот се најбитни а не може да ги има ако нема љубов.А љубов има битно е да се негува и пред се да темел да и бидат довербата и компромисот.Секако доверба не се враќа преку ноќ,ама јас сум спремна да му докажам дека искрено се каам за грешката и дека никогаш повеќе нема да ја повторам.А тој дека никогаш нема да ме омаловажи со тоа што ме издржува.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 237
   RE: Криза во бракот
12.4.2015 20:25:33   
Defne90 RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi


ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

Imam edno prasanje za defne : vide li tvojot maz dali i sto si pisuvala na fb so nekoj si drug? Po odgovor na ova prasanje ke ti izjasnam 2 slicni slucuvanja pa da napravis sporedba.

Марчи која ти е поентава на прашањето сега ќе се шпионираат по фб и повторно ќе влагаат во недоверби? Кој што пишал и да пишал нешто иницирано е од нешто претходно. За доверба се работи овде не за нешто друго. Проблемот е поширок ако се навраќаат на тоа кој пишал и што пишал и зошто пишал во недоглед ќе оди работата. Треба да ги остават сите тие работи зад себе и да си се извинат и да продолжат нормално доколку е можно.Довербата е многу голема работа лесно се губи а могу потешко се враќа.На тоа треба да работат.

Te molam ne e isto taa da pise nikomu i nekoj da i pise nejze. Kriva e taa ako i stigne pokana za prijatel na fb? Ili ako nekoj i pise nejze. I sto tuka defne predizvikala za narusena doverba? Ne e rabotata da se spioniraat no toj ako ne videl i ne razbral ubavo neka ne se buni. Eh nie sega skoro kalvi problemi imavme so zolvata so fb so napustanje na semejstvoto.... Uste ne e nikoj svesen kolku pogolemi problemi postojat od onie koi za nas ni izgledaat teski

Да марчи четував и пишав и јас.Тој ништо не виде затоа што јас избришав се ама јас му признав се затоа што едноставно не знам да лажам и немав смелост да го погледам ни во очи.И крива сум знам.Тоа е.Сега ми е најбитно да си ја вратам довербата и да му докажам дека никогаш повеќе тоа нема да го направам.И срам ми беше да пишам дека паднав на толку ниско ниво да посакам да се осетам дека уште сум онаа привлечна и убава жена.Ама тоа е грешките треба да си бидеме спремни да ги прифатиме и да ги признеме и да се трудиме да не ги повториме.

< Поракaта ја уредил Defne90 RR -- 12.4.2015 20:28:22 >


_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 238
   RE: Криза во бракот
12.4.2015 20:29:53   
Hopeful RR
Defne, многу ми е мило што го читам ова, некако ми олесна дека сепак има нормален начин да се решат работите. Браво за твојата искреност, храброст и волја за соработка, и секако браво за неговото извинување и соочување со тоа дека не се однесувал во ред. Се надевам дека оттука работите ќе одат во нагорна линија и дека ќе живеете во љубов и среќа. Најбитно, во ваква ситуација, е да не се опуштите и да се сфатите здраво за готово, туку напротив, да работите на себе и на својата врска, и да продолжите да се трудите. Заведувајте се, посветувајте си внимание, што и да е што ве прави вас двајца среќни и задоволни user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 239
   RE: Криза во бракот
12.4.2015 22:05:25   
lukajana RR
Defne90 RR убаво што сте разговарале и сте ги средиле работите.
Да ,си згрешила што си четувала со друг маж ама исто си згрешила и што си признала а мт ништо од тоа не видел.
Не се кажува се на маж некои работи е подобро никогаш да не ги дознаеuser posted image
Искористи ја новата шанса и уживај со мажле и памет во глава ако сакаш да заведуваш заведи го мт ем ке го освежите бракот ем после нема да имаш чувство на вина
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 13.4.2015 10:23:55 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 240
   RE: Криза во бракот
12.4.2015 22:44:24   
kapina
Ne podobro e od nea sto e slusnal sto ako se nauce od drugi.defne milo mi e sto se se sredilo

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 241
   RE: Криза во бракот
12.4.2015 23:45:11   
marchi
Deka si zgresila e tocno, ama realno toa e rezultat na greska od soprugot. I drugo ima razlika od zaveduvanje do zaveduvanje i od cetuvanje do cetuvanje. Edno e da dobivas nekakvi komplenti a drugo e da zaveduvas i da zakazuvas sredbi i sostanoci. Kolku i da si zgresila sigurno ne si otisla predaleku. Najvazno e deka vekje se ke se sredi. Sakav da spomnam eden slucaj so fb kako sto napomenav vo komentar pogore. Zolvami imase golem bracen problem del od nego bese i fejsbukot. Taa ke si pisese so kogo bilo na chat zdravo kako si sto ima novo aj daj mi broj ke ti se javam. I se javuvase kaj sekogo bez potreba i smetka 8 000. Posle maz i ke ja plakja a taa so sekoj ke razgovara. I zavrsi so objasnuvanje EJ DOBRP DE STO IMA LOSO DA RAZGOVARAM SO LUGJE, NE SUM NAPRAVILA NISTO SO NIV. pa sega vie procenete ja situacijata.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 242
   RE: Криза во бракот
14.4.2015 12:42:52   
elenak
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 RR
Да марчи четував и пишав и јас.Тој ништо не виде затоа што јас избришав се ама јас му признав се затоа што едноставно не знам да лажам и немав смелост да го погледам ни во очи.И крива сум знам.Тоа е.Сега ми е најбитно да си ја вратам довербата и да му докажам дека никогаш повеќе тоа нема да го направам.И срам ми беше да пишам дека паднав на толку ниско ниво да посакам да се осетам дека уште сум онаа привлечна и убава жена.Ама тоа е грешките треба да си бидеме спремни да ги прифатиме и да ги признеме и да се трудиме да не ги повториме.

Добро е што конечно ја кажа вистинската причина за кризата во вашиот брак. Дефне ептен наивно од твоја страна женска. Си направила што си направила но штом мт не видел ништо зошто воопшто си му кажала? Се стави ли ти на негово место? Би сакала ли да слушнеш нешто такво од негова страна? Имате криза во бракот и не, не е мт виновен за тоа, туку ти. Ефектот на она што си сакала да го постигнеш е спротивен, сега мт е жртва и ти си таа што многу повеќе ќе треба да се труди. Ти си таа што треба да си ја врати довербата, а богами тоа ќе ти биде тешко.
Ти требало внимание-си го побарала, во ред, живи суштества сме, имаме чувства и понекогаш имаме потреба сами на себе да си покажеме дека сме ,,живи,,. Мислиш ли дека мт нема такви ,,ситуации,,? Мислиш дека е тој 100% искрен со тебе? Ама подобро ти е кога не знаеш, нели? Бракот постепено со време станува монотон, и му требаат вакви искрички, но контролата мора секогаш да е на највисоко ниво, искрите не смеат да се претворат во пламен. Велиш си му кажала бидејќи не знаеш да лажеш. Епа тогаш мора да научиш!
Незрело и од негова страна што ти забранил фб. Те казнува на твој начин, онака како што си пробала ти да го казниш него, преку фб. Но тоа не е решение. До кога така? Дури не му помине лутината? Засекогаш? Забраната за фб не ти дава имунитет, ама тоа ќе го сфати дури откако ќе прослави уште многу родендени.
Во секој случај, ви посакувам среќа, да успеете да го надминете проблемов на начин на кој сте си одбрале сами да го правите тоа, веројатно вие најдобро се познавате. Само еден совет од мене, побарај работа, излези меѓу луѓе, нема да имаш толку голема потреба од вниманието на мт затоа што времето ќе ти биде исполнето. И што е најважно, нема да бидеш ИЗДРЖУВАНА жена. Знам дека го кажал тоа во афект, но штом го изговорил значи го помислил. Не дозволувај да мисли дека си зависна од него, освен ако ти не сакаш така да се чувствуваш

< Поракaта ја уредил elenak RR -- 14.4.2015 12:43:42 >


_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот marchi)
Непосредна врска до пораките: 243
   RE: Криза во бракот
14.4.2015 13:32:33   
bucko mal

Zeni da vi kazam deka imate mnogu dobri mazi stom vi davaat vtora shansa.Mene nesto vakvo da mi se sluci,soprugov nema da me navredi so pogrdni zborovi ili da mi kaze deka me izdrzuva tuku smesta ke me ostavi.
Bidete srekni sto imate vtora shansa I zapomnete,se na mash ne se kazuva.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 244
   RE: Криза во бракот
14.4.2015 23:44:24   
niki
ah dafne dafne si pomesala mnogu loncinja i mi se cini deka ni sega nemas svateno koi ti se greskite i ponatamu prodolzuvas da pravis novi
prvo mazot ti ne e tvoj privaten klovn koj koga ke dojde od rabota treba da ja prevzeme dolzonsta da te zabavuva
ako ti e dosadno najdi si zanimacija, ne vo domasnite obvrski i vo ugoduvanje na site okolu tebe tuku vo raboti koi vistinski tebe te interesiraat i ti pricinuvaat zadovolstvo, koi ke ti go ispolnat vremeto i dusata i ke ti ja razbudat izgubenata samodoverba, pa nema da ti treba nekoj (dali maz ti ili nekoj drug maz isl) da ti kazuva kolku vredis i kolku si prekrasna, tuku samata ke bides svesna za sopstvenite vrednosti
vtoro toa sto si flertuvala ne e nisto vonredno i neobicno, site go pravat, ne od pricina deka brakovite im se nikakvi tuku od prosta pricina sto site imame potreba da se dopagjame i da ni se dopagaat drugi luge, i koga ke staneme svesni deka nekomu se dopagame ili nekoj ni se dopaga ne mora vo dupka da se pikame i da se krieme zad brakot decata iliti neznam sto, uzivaj vo toa sto i drugi mozat da te sakaat i sto osven maz ti postojat i drugi luge koi se dostojni da ti razbudat cuvstva
toa ne znaci deka izneveruvas, znaci samo deka vredis, deka ne si go nasla posledniot jadnik na zemjava kogo mozes da sakas i da te saka, deka ima i drugi i za tebe i za nego i sigurno zaradi toa nema potreba da se razveduvate
treto, sekoj dobar brak se temeli i se odrzuva na iskrenost, no ne na takva iskrenost koja si ja odbrala ti za mazot ti, ona sto iskreno treba da mu go kazes e deka ti e tesko da sakas nekogo koj ti nalozuva i zabranuva i te ogranicuva
doverbata ne se gradi taka sto toj ke te zakluci doma a ti ke dozvolis da bides zaklucena duri toj ne odluci deka ti veruva
doverba e koga si slobodna da bides kade sakas i so kogo sakas koga slobodno mozes da komuniciras so site i koga ti samata ke odlucis deka site tie drugi mazi mozat da bidat del od tvojot zivot no i pokraj toa maz ti ke bide tvojoto konecen izbor so kogo ke delis se do najintimni detali
cetvrto mu zameras sto te zapostavil i sto te navredil so toa sto ti ja nabil vistinata vlice deka te izdrzuva, no si se zaprasala li ti dali osven toa sto ocekuva toj da ima doverba vo tebe deka ne ocekuva i nesto drugo i nesto poveke od tebe, kako na primer da se zavzemes za sebe, da Imas ambicii da bides nesto poveke od izdrzvuano lice, da mu pokazes so svoeto odnesuvanje deka za sebe Imas planovi koi se poveke od zena domakinka koja koga ke gi ispolni domasnite obvrski go ceka mazot za da se posveti na bracnite obvrski
se prasuvas li zosto te zapostavuva, zosto ne si mu interesna zosto ne odbira da bide so tebe namesto so drugarite
ljubovta treba da se neguva no ne taka sto ke se isklucime od svetot i ke se zatvorime dvajcata doma i ke si izigravame seks igracki, dur ne si zdosadite, a brzo ke vi zdosadi ako toa odnovo i odnovo osvojuvanje ne se temeli na promenite sto gi gledate eden vo drug, vo toa kakvi licnosti stanuvate sekoj den bidejki dozvoluvate zivotot da ve menuva, da ve oblikuva, da vi dava sila i smelost za nesta za koi nikogas ne ste veruvale deka ke bidete vo sostojba da gi napravite...
i petto dvajcata ste vinovni za toa sto vi se slucuva, dvajcata ste gresele i seuste gresite, dvajcata snosite odgovornost za toa kade vi e brakot, problemot ne vi e vo toa sto si cetuvala, nitu sto te zapostavuval, nitu vo doverbata nitu vo iskrenosta, problemot vi lezi vo organizacijata na zaednickiot zivot i vo nesigurnosta deka modelot koj ste go izbrale e vistinskiot za sekogo od vas individualno a i kako par
i namesto kako tinejdjeri da se osvojuvate, sednete kako vozrasni i predogovorete se za da bidete zadovolni i dvajcata a ne da si ugoduvate za da se iskupite od nekoi bozem grevovi

< Поракaта ја уредил niki -- 14.4.2015 23:45:05 >


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 245
   RE: Криза во бракот
16.4.2015 12:18:56   
Kvisko
Niki потпишувам се што е кажано.
И пред неколку недели Defne пишуваше дека се им е супер се магично се средило па потоа пак се расипа уште повеќе. Искрено се надевам дека овојпат ќе им продолжи убавиот период, ама и јас некако се сомневам. Поентата е секој од нив прво убаво да си види што сака од себе и од другиот па потоа да го изградат бракот на здрави основи.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 246
   RE: Криза во бракот
16.4.2015 14:44:54   
Tanjat7880
Bucko mal,ova se balkanski mazi,znaat oni shto e isprano i ispeglano,nema da si otidat no dusha kje vadat kontinuirano!
Niki,i jas sum za razgovor i toa zdrav razgovor no za zdrav razgovor treba dvajca.Ne e dovolno samo edniot da e otvoren za sorabotka i razgovor a drugiot da neznae shto e toa razgovor,dogovor i pocituvanje na istiot(e ova e mojot slucaj).
A ti Defne,bogami,igrash na tenok mraz,moze da bide adrenalinski no moze i da se liznesh.Nikogash ne kazuvaj no od vreme na vreme pokazuvaj,toa e mojata deviza!Ne e pametno da se pravi cekor napred koga si na ivicata na provalijata!!!I da,i kaj mene,periodicno e OK pa periodicno e katastrofa i jas toa go svakjam kako del od zivotot!
A shto bidna so tebe Anonimna....bash tebe te mislam...ubavo e da ziveeme vo zemja kade zrtvite na nasilstvo se zgrizuvaat i bash bi sakala da cujam deka takvo neshto i tuka funkcionira....

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 247
   RE: Криза во бракот
16.4.2015 14:58:11   
Hopeful RR
Потпис со niki, ама скроз.

Него, морам да реагирам на она - балкански мажи. Да не генерализираме, не се сите мажи такви - "балкански". Па дури и некој да е, сигурно е таков ако им го дозволиме тоа. Да седи некој со мене за да оди испран и испеглан??? Никогаш нема да го дозволам тоа! Ниту го правам тоа, ниту пак мислам дека е моја работа, а тој па ме наградува со тоа што ме толерира ваква или онаква и седи со мене место да си оди, а не па уште душа да ми вади.

За мене бракот е партнерство на еднакви и рамноправни, на секое поле - интелектуално, емотивно, социјално, домаќинско, сексуално. Дури и доминантно/субординирачки однос разбирам, се додека е свесно, автономно и интелектуално одлучен и избран, а не спонтано, случајно или затоа што сме дел од Балкански контекст.

Да не ја ширам темата, само сакам да кажам дека поголем проблем од балканските мажи се балканските жени, кои за жал, самите се криви за однесувањето на сопрузите затоа што од старт не ги дефинираат работите, не знаат самите што сакаат, не се ценат и сакаат себе си, толерираат сенешто само за да не се сами и после некој друг им е крив.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 248
   RE: Криза во бракот
18.4.2015 16:54:26   
Anonimen
Тука сум и јас. Овој период беше многу бурен за мене.
Се разделивме со маж ми. Јас дојдов кај мајка ми. Веќе недела дена не сме се слушнале. Не се јавува ни за децата да праша. Како ќе биде понатамѕ незнам. Сега многу ми е тешко.
Пс
Ако се одлучам за развод може ли некој да ми каже кои се трошоците околу тоа?

(Одговор на членот Hopeful RR)
  Непосредна врска до пораките: 249
   RE: Криза во бракот
18.4.2015 17:44:58   
kapina
Anonimen zatoa treba da se sovetuvas so advokat

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 250
Страница:   <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  8 9 [10] 11 12   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?