Hopeful RR -> RE: Криза во бракот (7.4.2015 0:39:54)
|
Драга Defne RR, одамна го следам муабетов и не знам што да кажам, се си мислев и се надевав дека е безазлено, но после ова денес, гледам дека не е. За жал, мислам дека неговата посесивност и ограничувањето на твојата слобода се сериозно нешто и на граница на патологија. Не сакам да го навредам ни него, ни тебе, којзнае што му се случува на човекот, но ова едноставно нема смисла, ни поента. Во ваква ситуација, најлогичното нешто што можеш да го направиш е да го седнеш на сериозен муабет, на страна од сите, и да му кажеш неколку работи. Прво, не може да се однесува вака со тебе, посебно ако не си го заслужила тоа. Што и да е, ако нешто му пречи кај тебе, може човечки да ти каже наместо вака да се изживува и емоционално да те манипулира и злоупотребува. Второ, не смее да си игра играчки и да ризикува развод, освен ако стварно не е спремен за тоа. Нека не те сфаќа здраво за готово, ти не си тука марионета што вечно ќе седи покрај него и ќе му ги исполнува сите желби и каприци. Трето, мора да сфати дека секој е индивидуа за себе и дека едноставно, нема право да ти ја ограничува слободата - реална, виртуелна, социјална и секаква. Мора да се почитуваш самата себе и да го направиш она што е најдобро за тебе. Ако не преземеш ништо, тој ќе продолжи да те навредува и повредува, пошто очигледно твоето добро однесување Никако немој да дозволиш ова да ескалира, затоа што епилогот е јасен - ти ќе бидеш нервозна, исфрустрирана, изманипулирана и осамена, а тој којзнае што, не е ни битно. Дури и по цена да го оставиш, мора да бидеш позитивно себична и да се заштитиш самата себе си. Од нас имаш поддршка за се [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|