Anonimen -> RE: Криза во бракот (9.4.2015 13:10:33)
|
Дефне90 мила, во некои твои случки се пронајдов и самата. Незнам колку време трае оваа криза кај вас и незнам што би те советувала, бидејќи и јас се расправам со многу поголема "криза" веќе 7 години. Би сакала да ј споделам мојата мака со вас, бидејќи неможам на никого да кажам. Пред да почнам би сакала да напоменам дека многу би сакала искрено мислење и совет, а не само поддршка. Во брак сме 7 години. Се зедовме млади, јас 22, тој 25, бидејќи останав бремена. Од моментот пред свадбата почнаа проблемите. Неговите бараа што да се купи, а моите не беа во можност, тој само ме омаловажуваше и се распрваше со мене заради поклоните, за брат му највеќе. Демек требало и на него исто што и на заковните. Моите не зедоа и тоа ја предизвика нашата прва голема караница. Дури и ме удри, а јас бремена. Помина свадбата и се појави друг проблем. Тој ги зема сите пари што ги добивме за свадбата и ги потроши. Дури и нешто злато продаде. Се роди ќерка ни, јас дома, тој по кафани и кафиќи од јутра до сутра. Кога и да посакав да излеземе заедно тој велеше дека нема пари. Јас незнаев колку точно тој зема плата, не кажуваше. Јас се затворив меѓу 4 ѕида и станав слугинка на сите дома. Живееме на село и немав каде да излезам, да се прошетам, што ме правеше и сеуште ме прави депресивна. Почна да се коцка, покер, на работа, во кафанчиња. Си најде такво друштво и цели ноќи не доаѓаше дома. Кога ќе дојдеше, после загуба, јас за се му бев крива, викаше, забрануваше, дури и по некој шамар добивав. Не дај боже да ме најдеше седната на компјутер. Трета светска. Несмеев да гледам ниту тв навечер покасно, бидејќи морав да легнам да спијам кога и нему му се спиеше, а истото не важеше и во обратната ситуација. Не ме пушташе да одам кај моите. Ми наредуваше што да правам, како да правам. А јас будалата молчев и се трудев да му угодам. Уште и самата се обвинував. И сега ништо драстично не е сменето. Наместо покер сега е кладилница. Пак истите расправии. Само сега не молчам, си терам по мое. Не е тоа решение, знам. И јас не работам и многу пати ми префрлил дека тој ме издржува. Мојот труд околу домот не се цени. А еден ден да не направам ручек одма караница. Како не ми било срам, ем ме ранел, а јас јадење да не направам. А тоа толку ретко се случува, еднаш на 3 месеци. И молчев, и се карав, и викав, и плачев, ама се ми беше џабе. Се остана исто. Јас за него не вредам, и самиот ми кажува. Некогаш кога ќе му контрирам вели дека не сум била тепана и затоа толку сум аздисувала. А ако е аздисување што му кажувам дека за некои работи не е во право и што го молам да се опамети, тогаш јас сум грешка. Во последно време почнав и да се смеам кога тој ќе почне да се расправа, нервите ми попуштија. Се плашам дека ќе полудам. Само кога јас ќе ги отворам очите? Кога јас ќе се решам да заминам? Што уште треба да доживеам? Поговорката беше: Господе дај ми трпение, зошто ако ми дадеш сила сите ќе ги убијам. Е јас веќе не сакам трпение, доста трпев, сега ми треба сила, сила да се соберам и да заминам од овде.
|
|
|
|