RE: Новогодишни активности во градинка (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


@Mila@ -> RE: Новогодишни активности во градинка (10.12.2012 15:11:03)

Lele jako ke bide ova so Dedo Mraz mojot ne videl ushte dedo mraz vo zivo lani beshe mng mal :)) A za paketce denes prashale za jasli ne bilo moralno zatoa i uplatnica ne ni dale.




Luci -> RE: Новогодишни активности во градинка (11.12.2012 10:31:45)

Еве за што плаќаме ние по 150 и 300 денари [img]http://www4.slikomat.com/11/1211/6qw-photo2.jpg[/img]




sandriana RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (11.12.2012 11:02:52)

Во Пчелка 2 денес ќе ги сликаат, баш ме интрересира како ќе поминат со бебињава [sm=smiley36.gif] Лани им правеле само една групна слика и била катастрофа (кое лазело, кое бегало, кое плачело), па се мислеа дали да ги сликаат годинава...и на крај во петокот ни понудија за сликање [sm=smiley1.gif] Јас уплатив за мојата зверка, па ќе видиме што ќе испадне...а, за пакетче - не (ем е мала, ем не е со здрава храна[sm=smiley36.gif] ).




Bonzitka -> RE: Новогодишни активности во градинка (18.12.2012 14:36:19)

Vo cetvrtok imame druzenje so roditelite i decata ama mm ne zapamtil sto treba da nosime,nekoe plasticno sise i pamuk bilo guzva i ne prasal pak. Ako ima nekoj sto nosi decinja vo lale pozadi vero vo aerodrom da mi pise ako znae. Inaku denes se slikale so Dedo Mraz,za toa plativme 150 den, za pretstava na 24 dek.- 50 den i za paketce 250 den.




AnnaMolly RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (18.12.2012 15:28:49)

Кај нас во 13 Ноември утре се сликаат со Дедо Мраз (150 денари), а претстава (60 денари) ќе имаат на 28 декември, кога ќе им ги даваат и пакетчињата (300 денари). И плус 100 денари осигурување платив.




miana -> RE: Новогодишни активности во градинка (19.12.2012 12:31:41)

Nasive ke se slikaat so dedo mraz na 28 mi
Paketceto cini 120 denari
slikanjeto cini 150 denari




Mihaela 2010 -> RE: Новогодишни активности во градинка (19.12.2012 12:41:33)

Kaj nas vo ponedelnik e prestavata,ke moze i roditeli da prisustvuvaat,togas ke gi slikaat i dedo mraz paketcinja ke dava...plativme 250 za paketce i 50 za slika




mamicka_26 -> RE: Новогодишни активности во градинка (26.12.2012 21:40:18)

Денес кај нас во градинка Росица ги сликале со дедо Мраз и им давале пакетчиња на децата.Пакетчињата им биле донација,луѓе срамови живи јас само незнам како не им било срам такви пакетчиња да им даваат на деца од 2,5 години.Тоа не беше пакетче туку повеке ми личи мене на социјална помош.И толку сум изреволтирана што ке им го вратам утре.Во пакетчето ставени ташна некоја, каиш, новчаник ама од времето на баба ми, чорапи користени плишани играчки,волница една кеса и игли за плетење лугеееее срамотааа живааа.
Ве молам пишете има ли некој што оди во градинката Росица во Ѓорче?




Maca25 -> RE: Новогодишни активности во градинка (26.12.2012 22:30:15)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Кај нас во 13 Ноември утре се сликаат со Дедо Мраз (150 денари), а претстава (60 денари) ќе имаат на 28 декември, кога ќе им ги даваат и пакетчињата (300 денари). И плус 100 денари осигурување платив.


гледам само кај нас најскапи пакетчињата. не се исти во секоја градинка?




Mihaela 2010 -> RE: Новогодишни активности во градинка (27.12.2012 8:40:53)

Nie zavrsivme so taa rabota vo ponedelnikot,plakjavme 50 den za slika ama samo edna zaednicka so dedo mraz,i 250 za paketce,i im dale edna slikovnica so dedo mraz i baba zima...
Imalo placki ama na slika se skoro site ok izkoceni




Felly RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (27.12.2012 9:08:26)

Кај нас во вторникот имаше новогодишна приредба. М кажуваше неколку песнички и сама и со друго детенце, па сите заедно пееја, имаа и балет - играа на една песна за Дедо Мраз... ептен ми се допадна, многу беа слатки. Преубаво беше. Само што од Дедо Мраз и беше многу страв - не се слика, и не сакаше дури ни пакетчето да си го земи од што и беше страв.[sm=smiley13.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (27.12.2012 9:19:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Кај нас во 13 Ноември утре се сликаат со Дедо Мраз (150 денари), а претстава (60 денари) ќе имаат на 28 декември, кога ќе им ги даваат и пакетчињата (300 денари). И плус 100 денари осигурување платив.


гледам само кај нас најскапи пакетчињата. не се исти во секоја градинка?


Мацо, да знаеш дека само во 13 Ноември се 300 денари пакетчињата и 150 сликањето. Сите што ги прашав плаќале по 200-250 денари за пакетче и 50 за сликање.
Инаку, еве денес ќе им дојде Дедо Мраз да им ги подели пакетчињата, баш ме интересира што толку посебно има во нив за толку многу пари.




Maca25 -> RE: Новогодишни активности во градинка (27.12.2012 9:32:36)

Кај Н. утре е приредбата и давање на пакетче. Сликата ни ја дадоа пред 2 дена и ептен е убава. Има една голема од Н. со Дедо Мраз, две мали такви и една групна. Малите на бабите, големата за дома. А за пакетчето се чудам стварно, 300 денари - кој знае што ќе има.




Luci -> RE: Новогодишни активности во градинка (28.12.2012 8:46:23)

Ние завршивме годинава со новогодишните активности во градинка, завчера ни ги дадоа пакетчињата и сликите па еве една групна слика [img]http://sphotos-a.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc6/10347_10200253031558105_1661725596_n.jpg[/img] А сликата кај што е М со Дедо Мраз ја ставив тука




Natuska85 -> RE: Новогодишни активности во градинка (28.12.2012 12:03:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicka_26

Денес кај нас во градинка Росица ги сликале со дедо Мраз и им давале пакетчиња на децата.Пакетчињата им биле донација,луѓе срамови живи јас само незнам како не им било срам такви пакетчиња да им даваат на деца од 2,5 години.Тоа не беше пакетче туку повеке ми личи мене на социјална помош.И толку сум изреволтирана што ке им го вратам утре.Во пакетчето ставени ташна некоја, каиш, новчаник ама од времето на баба ми, чорапи користени плишани играчки,волница една кеса и игли за плетење лугеееее срамотааа живааа.
Ве молам пишете има ли некој што оди во градинката Росица во Ѓорче?


Мамичка 26 ние одиме во таа градинка и еве ќе го ставам и тука постот од другата тема да видиш што се добивме во пакетчето и сите работи се сосема нови,спакувани,стварно не ми е јасно како вака....Инаку сме во јасли,група џивџи.

А уствари сакав да те прашам во кој објект сте?Ние сме во Калинка во Хром.Мада и тоа не менува многу незнам стварно што да кажам.....



ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Леле жени јас морав и тука да ја пофалам градинката на син ми,Росица во Хром.Кога се јавив пред недела дена да прашам колку да уплатам за пачетче, дека син ми не оди деновиве, ми рекоа дека ништо не треба, пакетчињата ќе биле некоја донација.И очекував нормално пакетче со смоки,грицки,чоколади внатре.Вчера им ги даваа германска донација биле, значи картонска кутија внатре имаше вака: ранец со кукла внатре,куклата со нокшир,вреќичка за спиење, облека...ракавички,трака за глава, две плишани играчки,едно помало бебенце, торбичка за преку рамо, внатре полна со харибо бонбони и ситни дизни животни, сложувалка мики маус, неколку книги,боенки,два пара боици,моливи и пенкала, две четки за заби, бисквити огромно пакување, неколку чоколади..
Може и заборавив нешто дека не го распакувавме мислев денес да го заменам дека ранчето е розево и кукла внатре, ама се јавив и ми кажаа дека додека имало машки делеле после на сите женски[sm=smiley36.gif].Како и да е само ранецот и ракавиците се за женско друго се е унисекс. Плус доби количка од градоначалникот и чоколаден дедо мраз во новогодишна чорапа од учителките. Плативме само 100 денари за слики и по 50 денари за украсување на училницата. Дури јас оставив и 150 за училницата по моја волја 100ка ми вратиле во ранчето. Мислам само огромно браво заслужуваат[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Новогодишни активности во градинка (16.11.2013 15:38:28)

odvaj cekam da dojde toj period,malku euforija kako za decava taka i za nas...e sega bas me interesira dali ovaa godina bidejki se pogolemki ke imaatt pretstava kade tie ke ucestvuvaat..bas bi bilo ubavo,so ogled na toa sto do sega M ima nauceno tri pesnicki,znaci pamtib i trebalo da gi organiziraat i edna mini pretstavicka da izvedat,spored moznostite na deteto...koj znae ke vidime




Felly RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (16.11.2013 17:28:57)

Уф, јас колку што го чекам тој новогодишен период, толку и ми е страв - зошто М и оваа година никако не сака да се доближи до Дедо Мраз. Пред некој ден имавме работилница во градинка, пееја некои песнички, и учителката во зборувањето спомна и: „Ова ни е генерална проба за новогодишната приредба, кога ќе ни иди Дедо Мраз“. М се здрви, дури и стана од столче и одма дојде кај мене в скут да седне. (Си помисли да не доаѓа тогаш) Наместо да се радуваме на новогодишните активнсоти во градинка ние ќе си имаме проблем. [sm=smiley19.gif]




Felly RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (13.12.2013 15:52:49)

Ние почнавме веќе со новогодишни активности во градинка. Пред некој ден воспитувачката ни даде за дома да научиме една стихотворба и една строфа од рецитал за деновите. М ќе ја кажува втортата строфа - за вторник. А и во градинка учат некои песнички.




blue_blue -> RE: Новогодишни активности во градинка (22.12.2014 14:16:16)

[img]http://www4.slikomat.com/13/1222/9n5-201412.jpg[/img]

не знам дал сликава ќе искочи, ама еве пошто оваа година немаше Прегратка на дар а ние традиционално изработуваме нешто, ги правевме снешковциве за училишната распродажба на предмети. Парите одат во хуманитарни цели. Се продадоа одма сите...




blue_blue -> RE: Новогодишни активности во градинка (22.12.2014 14:17:12)

[img]http://www4.slikomat.com/13/1222/1cd-201412.jpg[/img]

еве и овие...толку беа хит, си мислам да направм уште викенодв и да подарам на луѓе...




Melanija RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (22.12.2014 21:36:33)

blue_blue навистина се многу убави,браво[sm=bravo.gif] и јас би купила




Felly RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (22.12.2014 22:42:02)

Блу, навистина се убави, кажи ми со што ги полнеше - многу убава форма имаат. Имам и јас правено но некако формата не можам да им ја погодам, се нерамни ми идат. Јас ги поленв со молтотекс, но имам видено дека и со зрнца ги полнат на пр ориз, па така и поубава форма имаат и може да стојат. Дали и твоите се со такво нешто поллнети или со друго?




blue_blue -> RE: Новогодишни активности во градинка (23.12.2014 8:57:04)

со ориз се полнети. Можеш и со просо. Бидејќи оризот се мрда внатре лесно е да им направиш форма каква што сакаш. Брзо се прават дека нема нешто многу шиење.




Палешка РР -> RE: Новогодишни активности во градинка (25.12.2014 20:54:17)

Утре и во нашата градинка има приредба по повод Нова Година [sm=bravo.gif]

Ќе има Дедо Мраз, ќе биде тука и градоначалникот да им додели пакетчиња (кои ние ги купивме [sm=smiley36.gif])
Миа ги знае песничките, дотерана е, па се надевам дека нема да се срами. [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (26.12.2014 21:03:35)

Палешке, ма, имаше па и играчка од човекот, а Дедо Мразот ги делеше пакетчињата што си ги купивме. [sm=smiley36.gif]
Мене ептен ми е кеф што М се слика со Дедо Мразот. Синоќа пред да си легне се договаравме што ако не сака да се слика - па јас и предложив ако не сака да оди кај него, само нека застане до него и не мора тој да ја гушка, па таа веднаш штом го видела Дедо Мразот на учителката и кажала како сака и дури и насмеана, радосна се сликала. А малку беше подранет, кога дојдовме ние родителите, веќе завршиле со сликање. И приредбата беше одлична, за сите пофалби [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4   Следна страница >   >>