RE: Новогодишни активности во градинка (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Snowhite RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (28.12.2014 11:25:49)

И нашите активности во градинка скоро завршија, имаше работилница на која се изработуваа украси и се продаваа на плоштад, па и таму доста новогодишни украси имаше правено, а во петокот и во нашата градинка дојде Дедо Мраз и градоначалникот, им ги доделија пакетчињата, се сликаа и после тоа имаше приредба која стварно беше за пофалба, големо [sm=bravo.gif] за учителките кои така ги подговија. Михаил оваа година беше многу поопуштен и не згреши воопшто, ниту учителката му помагаше, стварно бев горда на него.
А во врска со Дедо Мраз и тој минатата година плачеше, па сега исто се догворивме дека нема да плачи, ќе си застани до него и ќе се слика и стварно така беше. [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]за моето сонце.
А кај Јана ми рече негователката дека сите плачеле, сега ја чекам сликата па да видам, зашто таму не бев, бидејќи тие немаат приредба, уште се мали за такви активности
П.С. Фели рр, и играчките не беа од градоначалникот туку ги донираше приватна фирма




Defne90 RR -> RE: Новогодишни активности во градинка (29.12.2014 8:24:19)

Ние денеска во градинка имаме приредба.Децата ќе рецитираа и пеат.Синко има точка заедно со уште неколку деца ќе играат на една детска песничка.А Дедо Мраз дури утре ќе доаѓа и ќе им ги дава пакетчињата што секако ние си ги плативме.Инаку во петокот имале работилница и правеле честитки за Нова Година.Денеска во врска со приредбата се е супер само тоа не ми се допадна што директорката рекла само по еден член од фамилијата може да биде присутен и да ја гледа приредбата со објаснение заради сезонскиот грип.Криво ми е што нема да одам да ја гледам првата приредба на синко а си планирав и помалиот да го однесам да си го гледа бато.Маж ми само ќе оди,па тој ќе слика и ќе снима да видиме барем дел од неа.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]