RE: Затнато носе (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


sandriana RR -> RE: Затнато носе (9.10.2013 10:19:16)

И да не го заборавиме стариот лек - кромид ситно сечкан, во сад, во близина на детето (преку ноќ). Ем природно, ем ефтино. Јас почнав прво оваа варијанта, а ако не успее, тогаш спрејот од диво оригано врши работа.




AnnaMolly RR -> RE: Затнато носе (9.10.2013 10:30:04)

Ова со кромидот е ептен добро, сум пробала.
Ние денес сме со Оперил, оти носот му е ненормално затнат. Наизменично оперил и спреј миралис.




Mihaela 2010 -> RE: Затнато носе (9.10.2013 10:32:37)

Zeni kupete si inhalator,ednas go plakjate ama e spas




Lady_D -> RE: Затнато носе (9.10.2013 11:09:55)

И ние сме со затнато носе 3-4 дена веке ама имаме зелени густи мрсулки, вакви не сме имале до сега, секогаш се бели и течни а сега баш зелени, што значат тие? Бевме на лекар рекоа настинка е зашто нема нити грлце ни температура, 2 дена не одеше во градинка еве сабајлево ја однесов зашто ми рекоа дека може да оди,штознам, ме страв да не се влоши повеке зашто и поткашлува по малку...[sm=zmeden.gif]




sandriana RR -> RE: Затнато носе (9.10.2013 12:10:59)

Зелен и густ секрет е обично бактериска инфекција. Би требало да направите брис за да сте сигурни - дали се работи за бактерија или пак во подобар случај е обична настинка.




zzaa -> RE: Затнато носе (9.10.2013 15:04:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Zeni kupete si inhalator,ednas go plakjate ama e spas


Potpis,
inhalatorot bogami e spas vredi da se ima, ja otkako go kupiv neznaeme za zatnato nose.




Bethany -> RE: Затнато носе (29.10.2013 21:55:46)

Е значи син ми последни два дена беше толку затнат, дури ми се чинеше носот дека му е потечен од што е полн.
И првпат во овие две години имам видено да му тече носето.
Ама затоа комбинација преку ден диво оригано спрејче и навечер (две вечери по ред) цел крумид исечен, до неговиот кревет и си спиеше цееела ноќ , без будење ( една вечер пред тоа толку пати се има пробудено, ни ко бебе се не будеше толку често)
Денес го гледам целосно одзатнат, ни мрсули ни ништо. Дури се прашувам кај ги снема, дека пред два дена само дури се давеше од нив додека јадеше и повраќаше по малку од што му сметаа при голтање. [sm=zmeden2.gif]
Како и да е, нека не се враќат.




Бранка -> RE: Затнато носе (15.11.2013 16:24:02)

МОето бебче е 2 месеци и прашав во аптека за спрејот од диво оригано и ми рекоа дека моче да се става и на новороденчиња. Кога се вратив дома му ставив во носето и мегутоа пред тоа прочитав во упатството дека не се препорачува за деца под 6 месеци без совет од лекар :/ и сега малку сум испаничена страв ми е да не му се случи нешто Ч/. Ако има некој вакво искуство да му има ставено на бебе помало од 6 месеца од овој спреј нека ми пише.




Yummy Mammy -> RE: Затнато носе (15.11.2013 17:38:40)

Branka, ne se sekiraj, nisto ne mu e. I jas ja imav potpuno potpuno istata situacija. Koga maloto imase 2 meseca dr mi kaza da go zemam toj sprej, i jas i go stavav iako procitav vo upatstvoto deka e nad 6 meseci. Sepak, otkako probav na mene resiv veke da ne go koristam za decata, ako probas ke vidis deka e mnooogu ljuto.




sandriana RR -> RE: Затнато носе (15.11.2013 17:48:37)

За толку мало бебе, за затнато носе сепак е најдобро да се користи физиолошки раствор или Аквамарис/Синомарин. Од една употреба нема ништо да му биде на бебето сигурно, нема место за грижа.
Спрејчето од диво оригано јас го употребив прв пат дури после годинка, иако пишува за над 6 месеци.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Бранка

МОето бебче е 2 месеци и прашав во аптека за спрејот од диво оригано и ми рекоа дека моче да се става и на новороденчиња. Кога се вратив дома му ставив во носето и мегутоа пред тоа прочитав во упатството дека не се препорачува за деца под 6 месеци без совет од лекар :/ и сега малку сум испаничена страв ми е да не му се случи нешто Ч/. Ако има некој вакво искуство да му има ставено на бебе помало од 6 месеца од овој спреј нека ми пише.





Felly RR -> RE: Затнато носе (16.11.2013 1:10:47)

Бранка, да не се повторувам, го делам мислињето со другите, само ќе ти посакам убава дружба на рингераја! Добредојде!!! [sm=smiley31.gif]




marchi -> RE: Затнато носе (16.11.2013 1:15:06)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

ај некоја да дојде да проба на Лука да му се доближи до носето, а не да му го исчисти или па да му капне раствор[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] нема шанси...и зошто секое утро му ставате раствор? цело време му е запушено носето? Ние не сме имале проблем досега со носот, ако има мрсулче ке го нервира цел ден и на бањање ке испадне, ама да даде некому да му чепка во нос, нема шанси. Купивме пумпица и ене ја фака прашина, еднаш дали му имам извадено нешто со неа

e od takvo "necepkanje" nie fativme akuten bronhitis.uste od ko ke se rodi mu se stavaat soleni kapki se dodeka ne se iscisti ubavo sekretot i toa ne sekoj den tuku 3-4 pati.i nie imavme maki so toa kapnuvanje i cistenje so pumpica pa ete zavrsivme na inhalacija na 8 mesecna vozrast [sm=smiley19.gif]




Martins mom -> RE: Затнато носе (6.1.2014 16:06:10)

Дечки, ај кажете нешто за затнато носе. На Ана од вчера и гргори носот, и ставам Носал капки и по некоја минута со пумпица, онаа со влечење ја имам, и го чистам и излегува мнооогу секрет, белузлав, проѕирен? Од што и е вака? Нон стоп е дома, како е можно да настине, ако е настинка воопшто. И ме чуди тоа што има мнооогу мрсули. Некој друг предлог да ми дадете?




Defne90 RR -> RE: Затнато носе (6.1.2014 16:25:52)

I nie sme postojano doma pa obavezno fakame nekoj virus i op ete go i zatnatoto nose.I jas isto taka im stavam nosal vo noseto na decata i so pumpica go vadam sekretot,barem dva tri pati na den poveke ne se ni preporacuva zatoa sto ke i ja nadraznis sluzokozata,znaci dovolno e dva tri pati.Inaku ako nema temperatura ne se sekiraj ke i pomine za kratko vreme.Mene maticnata koga ke im se zatnat nosinjata me sovetuva samo nosal vo noseto i gotovo.Inaku koga ke spie stavi ja na povisoka pernica za da moze da dise polesno i duri da vidis noseto za dva tri dena ke se iscisti.A isto taka jas koga ke se so zatnati nosinja turam vo eden sad na ogan suv ili svez bosilek i taka go ostavam da provrie barem 15 do 20 minuti da go osvezuva vozduhot i taka im se procistuva i noseto.Posle nekoe vreme povtorno go pustam da vrie 15 minuti i taka dodeka se nastinati.Deluva navistina.




sandriana RR -> RE: Затнато носе (19.2.2014 10:51:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: emilijamak

A i zaboraviv, nesto mi hrci so noseto, temperaturata doma ja odrzuvame do 24'C sekojdnevno a za banjanje 28-30'C, stavame fizioloki rastvor soleni kapki vo noseto no seuste od vreme na vreme hrci osobeno navecer






Felly RR -> RE: Затнато носе (28.4.2014 14:17:24)

Марчи твојот пост ќе го префрлам во темата за ИНхалатор, таму можеш да прочиташ и повеќе искуства. КЛИК




Felly RR -> RE: Затнато носе (2.10.2014 17:36:00)

Ние сме цело време со затнато носе, и прскам синомарин и Оперил, ама како да не делува баш. Па се мислев дали може да и прскам по 2 пати, значи 3 пати во ден по 2 прскања. Немам упатство за да прочитам дали има пишано нешто за возраста - од кога може да се почне со две прскања?
И правам и инхалација со чај од камилица и неколку капки прополис, колку што може да стои над тенџере. [sm=smiley1.gif]




nataly86 -> RE: Затнато носе (2.10.2014 17:43:08)

Незнам по колку прскања може но да пробаш со ситно сецкан кромид во чинија до креветче...ке се умирисате дома ама нареден ден капење бебе пресоблекување и луфтирање[sm=jezicek.gif] кај нас беше малку затнато и кромидот помогна исто така и солени капки и пумпица со аспиратор..




Felly RR -> RE: Затнато носе (2.10.2014 18:09:18)

И ставам и тоа Натали, а за умирисување, мм така еднаш кога си дојде од трета смена, и на прво влегување во спална ми рече - Добро вие манџа да не правевте во спалнава? а тоа цела ноќ кромидот до нас си беше [sm=jezicek.gif]
Инаку моево бебе е големо „бебе“, па не користиме пумпица, само си дува носе, ама да се одзатне да има што да излезе.




Dilina -> RE: Затнато носе (3.10.2014 19:42:54)

Леле со ова затнато носе цела ноќ немаме спиено. А баш вчера бевме на преглед на педијатар и ништо не и беше. Чим ја легнав во 10 синоќа почна да крчи па да се буди и после плачки до сабајле... денес земав солен раствор и капнував два пати по две три капки во двете ноздри ама ништо.... еве сега спојува саат време спиење... се надевам во бањање ќе попушти ....[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]
Купив и пумпица ама ништо. Ми се чини ништо не влече, а изгледа и покрупен е слузот па неможе да го исфрли... да пробам ли со чепкалче натопено во солен раствор?




sandriana RR -> RE: Затнато носе (3.10.2014 19:59:55)

Не сум забележала дали има ограничување на возраста, од која најмала возраст се користи, но аспиратор за носе е далеку поефикасен од пумпицата. Нас тоа не спаси за вадење мрсулчиња кај Тина, но го зедов кога имаше 6-7 месеци. А за Илина сега само чепкалики користам, се уште не сум ставила (немало потреба) солен раствор.
Обиди се Dilina со твојата верзија - чепкалче со солен раствор.




Melanija RR -> RE: Затнато носе (3.10.2014 22:07:20)

Аспираторов е одличен и препорачан од педијатрите,слободно прашај.Околу 500денБидејќи треба вшмукување јас не успевам само мм може а јас го држам.Пробај со кромид во близина на малото тоа делувало

[img]http://dbbabies.com/wp-content/uploads/2012/05/nosefrida.jpg[/img]




Snowhite RR -> RE: Затнато носе (3.10.2014 23:12:52)

I nie imame vakov aspirator i stvarno e efikasen jas go koristam od nekoi 4-5 meseci koga imase Jana i samo so nego uspevav da i go iscistam noseto ubavo da moze da disi.
A Fely zosto ne zemes kapki od divo origano za M, taa e golema i slobodno mozes so niv, se daleku poefikasni od Operil




Felly RR -> RE: Затнато носе (4.10.2014 16:49:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

A Fely zosto ne zemes kapki od divo origano za M, taa e golema i slobodno mozes so niv, se daleku poefikasni od Operil


Тие капки не се препорачуваат за лица склони кон алергии. Затоа и не сме земале до сега од нив.




Dilina -> RE: Затнато носе (4.10.2014 18:35:18)

Вчера ја бањавме во вода со сол и иставам цело време капки, 3-4 пати по две.. и синоќа исфрли бааѓи а и сабајле... па ја прошетавме и си киваше па пак исфрли нешто и еве ја сега пак е затната [sm=zmeden.gif] едвај ја заспав, па ќе чекаме со бањање што ќе биде..




Страница: <<   < Претходна страница  23 24 [25] 26 27   Следна страница >   >>