RE: Затнато носе (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


sandriana RR -> RE: Затнато носе (6.10.2014 16:32:14)

Дилина, за навечер може и сецкан кромид во едно чинивче да и ставиш во креветчето, помага многу за одзатнување на носето.




Melanija RR -> RE: Затнато носе (6.10.2014 22:22:00)

Вчера еден комшија ми каа од негови роднини дека имало некое како канче со која помош се сипувало во носето од една ноздра од друга излегувале мрсули и одело заедно со сол.Сте чуле за такво нешто?




Felly RR -> RE: Затнато носе (7.10.2014 7:01:23)

Меланија такво нешто јас имам слушнато за воспалени синуси, ама сепак не знам точно како функционира.




Melanija RR -> RE: Затнато носе (7.10.2014 9:30:46)

Да Felly RR за чистење синуси се користело




Neurotoxin RR -> RE: Затнато носе (7.10.2014 11:49:51)

Да, на Aqua Maris е, пластично како инка, има кесички со морска сол кои се раствараат во инката, ја ставаш во едната ноздра и од другата се прочистува синусот, само мислам дека за малечки не е соодветно, посоодветни се спрејчињата морска вода, оние под притисок. Ова со инкава го користеле за прочистување и полесно отварање на чакрата :)




Gardenia -> RE: Затнато носе (25.12.2014 10:13:13)

Мами ај помош,бебушка моја е една недела,од себајле со носето хрчи кога дише одвреме навреме,мрсолки нема,ама си кива секој ден по малку,патронаѓната ми рече дека е нормално првите месеци да киваат и икаат.Е сега незнам дали може да и е затнато од тоа што не изригнува убаво ја држам по десет мин,ама откако ќе ја легнам може да си поврати после неколку минути или во сон.Планирам да и ставам еден солен раствор што ми го препорача патронажната за сува слузница во носето,ќе и помогне ли?




Melanija RR -> RE: Затнато носе (25.12.2014 13:33:37)

Да нормално е да кива,мојот се искива уште во болница у сред август[sm=smiley36.gif]тоа се регулира.Што толку мало може физиолошки стави слободно.Важно е да не е топло во собата , па и кај возрасните во текот на ноќта се суши носот.
Незнам за возраста ,но некогаш става пресечен кромид некаде врзано ка креветчето.Тоа помага ама па мало е да не му солзат очињата.Мое мислење пробај со физиолошки никаква штета,напротив




sandriana RR -> RE: Затнато носе (25.12.2014 18:48:25)

Гардениа, секако е препорачливо да се прави тоалета на носето со физиолошки раствор.
Нека не те загрижува кивавицата, а и да има секрет во носето - тоа е поради разлика во влажноста и воздушните притисоци на надворешнава средина и околината на која било навикнато бебето во стомакот.




Melanija RR -> RE: Затнато носе (4.5.2015 9:24:04)

М веќе 4 ден е со подзатнато носе, ставаме синомарин но исто е.Топлата бања беше неуспешна а вчера 37, и не направив.Што друго може природно од спреееви, освен диво оригано?Нема симптоми други па да пробам без лекар.Со аспиратор се влече скоро ништо,пак така позади е.Дали во грло или навистина можен трет крајник,којзнае.Среќа овој пат тоа не предизвикува кашлица.

Има користено Цитерал но тие се антибиотски.Оперил П нема користено.Се надевам попладне на телефон ќе ја најдам матичната




Neurotoxin RR -> RE: Затнато носе (4.5.2015 10:36:55)

Меланија, кој синомарин? За вакви случаеви најдобар е оној големиот спреј, малиот и капките нема да стигнат до позади да разредат секретот.




Malecka23 -> RE: Затнато носе (4.5.2015 10:52:33)

Da da apsolutno golem iot sprej mislam deka ke zavrsi rabota.A i mnogu e bitno vo kakva poloz a se stavaat kapkite.Najdobrbo e deteto da bide legnato so glavata malku nanazad ako me razbravte za da moze da pominat kapikite i vo zadniot del na nosot a ne da se izleat




Melanija RR -> RE: Затнато носе (4.5.2015 12:27:21)

Монодоза,и јас сум за спрем мислам полесно е со прскање,зошто едвај со лежење му капнуваме.Дали има синомарин како спреј или друг,и дали исто како што кажувате е најдобро лежечки за да стигне до позади?
Ova?
[img]http://www.oktal-pharma.hr/modules/zastupstva/images/variations/2b7de9da5d3530b2135674a33722c827_large.jpg[/img]




Neurotoxin RR -> RE: Затнато носе (4.5.2015 12:41:48)

Немора лежечки, ова се препорачува со малку навалена глава наназад додека се прсне, ама зашто станува збор за палавко кој нема да седи, ефект ќе има и од стоење да го прснеш, само ќе внимаваш да не прскаш во ѕидовите од носето, може да пукне некое капиларче, што нема да биде страшно, крв би видела само на аспираторот многу малку.

Инаку, еве да пишам, ние лани кога се замаравме многу со ова, исто ефект имаше и аспирација кај др. Мери. Зависи од состојбата, ние од една се исчистивме и спасивме бронхитче.

Ако ептен се влошува состојба и дете има секрет кој неможе да се извади, тогаш тоа му е мајаката, се јавуваш закажуваш идеш и се враќаш среќен и мирен. она и терапија ќе препише ако треба. Ние лани не носевме кај матична за ваков проблем, одма кај др. Мери или во Инетргин ако беше нешто за со упат и посложено.




Melanija RR -> RE: Затнато носе (4.5.2015 12:46:02)

Neurotoxin како се прави тоа,сум чука како име за докторката.Може директно со тоа иако незнам баш што е ,да не се мачи или тоа ако е многу секрет.
Зошто лани за секрет оп Цитерал,па нема секој месец тоа .Те молам пиши ми повеќе кога ќе можеш[sm=smiley31.gif]

Едит:сега видов на нет нешто но на волку мало дали ќе издржи,како се изведува и колку трае?




lukajana RR -> RE: Затнато носе (4.5.2015 13:08:57)

Јас со Л имам редовно проблем со затнато носе посебно пролетно време и цела пролет сме на сируп Летизен и капки Оперил со гарамицин само тоа му помага




Neurotoxin RR -> RE: Затнато носе (4.5.2015 16:23:39)

Меланија, тоа е полесно и од инхалација, има едно многу тенко цевче го става во носето и влече со аспираторот, исто како во домашни услови, само од погоре го вади секретот, и е со поголема сила, мислам дека беше 300 ден. Мојата имаше 10 месеци, а док. ми рече дека и на новороднеи им правеле. Е сега дали ќе седи - нема, секако дека ќе плаче и вришти, ама за тоа док и сестрата си завршуваат работа. Јас сум малце брутална, мене плачот кога се противи за нешто што знам дека е за нејзино добро, не ме допира многу и неможам да разберам кога некој ќе ми рече моето не сака, не ми дава да му шмркам од нос или незнам што... па моето дете што е бре, да не сака моето да му брцкам у нос, па не го родив мазохист, ама боље тоа, отколку да главам во козле. (Ова сега ми беше спремање да не се плашат мајките [sm=jezicek.gif] )




marchi -> RE: Затнато носе (4.5.2015 16:32:34)

lukajana mozno e da strada od alergija nedaj Boze no stom toa se slucuva za vreme na proletniot priod mozna e i taa opcija.kaj nas malku da se zatne noseto koristime soleni kapki.odma pusta ako ne stanuva zbor za nastinka.toa i mi e t.n.merilo na bolesti [sm=smiley36.gif] pa potoa se sovetuvam so pedijatar




kokicekokice -> RE: Затнато носе (5.5.2015 6:45:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Немора лежечки, ова се препорачува со малку навалена глава наназад додека се прсне, ама зашто станува збор за палавко кој нема да седи, ефект ќе има и од стоење да го прснеш, само ќе внимаваш да не прскаш во ѕидовите од носето, може да пукне некое капиларче, што нема да биде страшно, крв би видела само на аспираторот многу малку.

Инаку, еве да пишам, ние лани кога се замаравме многу со ова, исто ефект имаше и аспирација кај др. Мери. Зависи од состојбата, ние од една се исчистивме и спасивме бронхитче.

Ако ептен се влошува состојба и дете има секрет кој неможе да се извади, тогаш тоа му е мајаката, се јавуваш закажуваш идеш и се враќаш среќен и мирен. она и терапија ќе препише ако треба. Ние лани не носевме кај матична за ваков проблем, одма кај др. Мери или во Инетргин ако беше нешто за со упат и посложено.

Neutirox moze li i jas da dobijam brojche od dr Meri vi pp.Taa e privaten pedijatar ?Jas na mojot sim probuvam so aspiratorche da mu vadam mrsulchinja i iskachaat ama pal mi frchi so nosot.Stavam fizioloski rastvor Marisol.




mommy_angels RR -> RE: Затнато носе (5.5.2015 7:26:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin

Меланија, тоа е полесно и од инхалација, има едно многу тенко цевче го става во носето и влече со аспираторот, исто како во домашни услови, само од погоре го вади секретот, и е со поголема сила, мислам дека беше 300 ден. Мојата имаше 10 месеци, а док. ми рече дека и на новороднеи им правеле. Е сега дали ќе седи - нема, секако дека ќе плаче и вришти, ама за тоа док и сестрата си завршуваат работа. Јас сум малце брутална, мене плачот кога се противи за нешто што знам дека е за нејзино добро, не ме допира многу и неможам да разберам кога некој ќе ми рече моето не сака, не ми дава да му шмркам од нос или незнам што... па моето дете што е бре, да не сака моето да му брцкам у нос, па не го родив мазохист, ама боље тоа, отколку да главам во козле. (Ова сега ми беше спремање да не се плашат мајките [sm=jezicek.gif] )

Ме изнасмеа,по оваа дефиниција и јас сум во оние бруталните,тука стапува на сила онаа-"Подобро дете да плаче,отколку мајка".Ова мислев дека е бесмислица,ама всушност е голема вистина [sm=smiley36.gif].Е сега како расте детето тешко се додржува.А јас за затнато носе спас најдов во спрејот од диво оригано.За неполна минута секретот почнува да излегува,го шмркаме носето и си спие мирно.Меланија и ние еве од 1 мај сме на Лоратидин и спреј за носе ,тргнаа алергиите [sm=smiley19.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Затнато носе (5.5.2015 8:58:29)

Друго е ако се знае веќе дека е алергија. Мојата имаше нецела година од септември како настина, мало дете, не каѓла, не дува, влечев со аспираторче дома, ама цело време грчеше. Ја носев на матичен, ја наслушуваше, кога антибиотик кога не, и ми викаше добра е ништо нема, ама сега сваќам дека тоа „ништо нема“ значело дека нема наод на градите, ама дека може да биде страшно сценарио ако тоа не се санира. Тоа траеше некаде два месеци, крчи дете, сите коментираат, јас им викам док. рече ништо нема. Ама ете во ноември почна да се гуши, опструкции, па козле, па лежење, па инекции, па урбазони, вентолини.... цела зима ја поминавме на испитувања, па стигнавме до тимпанометрии секој месец, за по цела година, да ми речат дека детето ми е здраво и ништо нема, бела е и е почувствителна, можеби затоа толку има секрет.

Готови бевме алерготест да правиме, ама не направивме. И го фатив редот, не оставам секрет да има во нејзе, само тоа е спасот. Инхалатор си набавивме, јас го пробав сега зашто бев затната скроз, и да ви кажам божја работа, ептен од две инхалации можев да функционирам. Кога бисолвон, кога проспан капки, ептен ако застане некогаш и вентолин (ова еднаш се случило со вентолин, кога потпишав лани во февруари дека нема да лежиме во козле) дренирање обавезно. И се запнавме дома со мм, и зимава фала богу раат бевме а цело време оди во градинка, само сипаниците ги фати. Е сега нешто се рашмрка пак, ама еве ја во крајна фаза на оздравување е.

Само сватив, секретот мора надвор, ако веќе отишол подолу и кашла, обавезно нешто за разредување секрет и мн течности, има лек и ако има отежнато дишење ама за тоа друг пат во друга тема.




Neurotoxin RR -> RE: Затнато носе (5.5.2015 9:03:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Neurotoxin како се прави тоа,сум чука како име за докторката.Може директно со тоа иако незнам баш што е ,да не се мачи или тоа ако е многу секрет.
Зошто лани за секрет оп Цитерал,па нема секој месец тоа .Те молам пиши ми повеќе кога ќе можеш[sm=smiley31.gif]

Едит:сега видов на нет нешто но на волку мало дали ќе издржи,како се изведува и колку трае?


7. Инхалација и аспирација на секрет од нос и грло - Третманот на синуси се состои во правење на инхалации, аспирација на секрет од нос (таа особено е ефикасна во најмалата детска возраст при затнато носе и кашлица). Аспирацијата го запира спуштањето на секретот од нос во белите дробови.

Меланија ова стои како објаснување на страната на др. Мери, посети ја ќе видиш има и слика како изгледа тоа. Незнам дали ќе доловам јас со зборови. [sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Затнато носе (5.5.2015 14:35:00)

Дали е алергија не ни може да се установи.Ништо не му е а секрет има ноќе неможе да спие,се превртува.Кога шмука со цуцлата крчи ужасно,па ќе ја плукне за да дише на уста.Но така до кај 3-4 после се превртува,квици.... неможе да диши.
И да дадам летизен секретот е тој.Вчера бевме со слуша се е ок,грло ок.Остана тоа солен раствор но на аспитаор празно.Ја прашав за аспирација вика нема потреба ова не е ништо.Да се спроба со спрејче.Земав од овие
[img]http://en.pharmacy4u.gr/images/Sinomarin_Mini_Spray.jpg[/img]

И конечно без мака шприцам стоечки само малку ја навалувам главата.За тоа војната заврши.
Немие проблам да го држав, но со секое такво на сила уште тон мрсули е тоа ме нервира.Друго сум слушната и дека тоа влечење од синоси и не е баш пожелно.
Незнам ќе почекам уште 2-3 дена ако вака крчи дефинитивно кај др.Мери

Бидејќи е приватно во секое време ќе закажам.Neurotoxin само цевче во нос ,не и во уста?





Neurotoxin RR -> RE: Затнато носе (5.5.2015 16:41:45)

Ако има и на грлото и од грлото вади секрет, ќе го ѕирне она.

Јас мислев на оној големиот спреј синомарин, ама добро ако не е многу може и овој да заврши работа.

Ајде нека ви помине и уживајте во пролетта




Melanija RR -> RE: Затнато носе (15.5.2015 22:10:54)

Ете така, да небеше Neurotoxin немаше да знам за аспирација на секрет[sm=jezicek.gif] и ете после постот ми текна дека во зграда до мене е др.Цекич[sm=smiley36.gif]
Значи не е потребен преглед бидејќи нема проблем,и ако мислам дека треба и да направиме, пред 1 недела го однесовме на аспирација од нос.
Таа услуга е 200 денари, трае 10 сек а го држи сестрата, Долку збунка како ќе биде,како ќе го држиме излезе супер и извади секрет.Сега е ок ,редовно секој ден спреј синомарин.Се чуствува дека пак се собира бидејќи М се враќа во градинка па плачки и нос одат заедно[sm=smiley1.gif]
Ова изгледа како решение за 2 пати месечно ако се собира секрет

Фала ти Neurotoxin[sm=smiley31.gif]




Neurotoxin RR -> RE: Затнато носе (16.5.2015 9:06:50)

Сум преживеала и среќа излезе тоа за нас, што вреди ако не го споделам, јас и на мајкиве што ми доаѓаат во аптека им препорачувам. Чиста работа.

Ние сега го дуваме па нема потреба се надевам од тоа, ептен ако се насобере ама го имам како опција.

За се што треба тука сум, и драго ми е што сте се решиле и што сте биле подобри, сега ќе го следиш ако мислиш дека пак треба слободно носи го. поздрав




Страница: <<   < Претходна страница  24 25 [26] 27 28   Следна страница >   >>