baby_bump -> RE: Каква бременост имавте? (7.1.2011 13:45:24)
|
Релативно лесна бременост со оглед на тоа што имам 36 години. Мачнини никакви, повраќање ниту еднаш во цела бременост, (а бебето се роди со многу коса, спротивно на бабините верувања). Бев на службен пат во 8-9 недела па докторката ми препиша утрогестан, бидејќи требаше да сменам 6 авиони, натаму и наваму, но се беше ок. После патувањето 2-3 капки крв, малку одморање, потоа селење, чистење, пак 2-3 капки крв..... Во 7 месец малку шеќер, малку диета, пак се се среди. Отоци нормални, до девети месец на работа, жешко, стомакот голем, не можам да се кренам од кревет, со кран ме дигаа....... Значи во глобала се беше добро, но затоа многу тежок пораѓај, на никој такво нешто не му посакувам, ужас...
|
|
|
|