*Bucka* -> RE: Каква бременост имавте? (19.6.2011 5:02:32)
|
Ептен школска бременост. Решивме да имаме бебе, го направивме. Иако планирано, двете цртки малку не испаничија мене и мм, зошто сепак започна за нас нешто ново, непознато. Се до 9-ти месец се однесував ко ништо да не е, во смисла, р Работев по дома, одев на работа две недели пред термин. Немаше период (посебно при крај на бременоста) кога требаше со позабавено темпо да ги извршувам работите. Напротив, јас рибав ВЦ дома во 9-ти без никаков проблем (иако во бременоста се здебелив цели 27 кила!). Правев сама се, освен шо мм патики ми врзуваше. Понекогаш ме фаќаа будалите и правев скандали без везе. Знаев дека е од хормонското пореметување. На работа се контролирав. Го жалев маж ми - често откачував по дома, особено ако не го добиев тоа што го сакам (од храна, се разбира :)). Повеќе ја злоупотребував состојбата во која се наоѓав, одошто стварно ми се јадеше тоа што ќе си го зацртав во мозокот. Секој ден пиев магнезиум, калциум, мамавит.. Железо слабо имав, на секоја контрола ми беше под или на минималната граница, иако јадев семе од коприва кое знаеше повремено да ми ја подобри состојбата со железото. Во суштина се беше ок, јас здрава-права, пукав од енергија, бепчо исто беше супер, ама на крај пораѓајот беше царски. Царски зошто го надносев 5 дена, он немаше абер од искачање, иако немаше веќе плодова вода. Да, породилните болки практично ги преспав и не знам какво е природното породување. Но знам дека опоравување од царски е долготраен период. Во мојот случај траеше цели два месеци. Велат, сето тоа се заборавало - не се согласувам! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Тие болки и тоа неколку неделно опоравување, посебно тешко му паѓаат на некој кој во животот не бил врзан за кревет и во живот не видел лекар како изгледа. П.С: Многу ми недостига чувството кога бепчо мрткаше и клоцкаше ... Едвај чекам да пројдат 2 години, сакам уште едно бебе!
|
|
|
|