kikitina -> RE: Каква бременост имавте? (24.2.2012 12:11:42)
|
Тешко започна, тешко заврши со стрес. Забременив незнаејќи, а во тој месец правев сцинтиграфија на бубрези. После се беше ок, освен повраќање од 3 ти до 5 ти месец. Во 30 та недела имав плодова вода повеќе од што треба, правев ООГТ тест, беше ок тестот ( сега читам дека тоа било предупредување за абрупција, тогаш никој ништо не ми кажа). Од 33 та недела до крај си поминав на трансфузиологија, со Клексан боцканје сабајле и вечер секој ден [sm=smiley13.gif].Инаку немав потешкотии, се движев и функционирав најнормално, до 7 ми месец си одев на работа, па престанав кога фати жешкото во јуни. Уште да завршеше породувањето нормално без абрупција и итен царски, ќе можев да се пофалам со лесна бременост.
|
|
|
|