RE: страшно (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Leonida -> RE: страшно (7.5.2010 10:47:19)

Во завчерашната акција, полицијата по претходно добиени сознанија откри целосно опремена фабрика во која се произведува и полни фалсификуван детски шампон „косили“, кој бил наменет за македонскиот пазар. При претресот на скопската фабрика „Екстра деликатес феим“, полицијата пронашла 7.600 шишиња полни со шампон, а повеќе од 15.000 парчиња празни кои требало да бидат наполнети и пуштени во употреба. Засега останува непознато колку вакви шампони се нашле на пазарот, а уште позагрижувачки е фактот дека се работи за производ кој е наменет за бебиња, кој не бил лабораториски контролиран. Од МВР велат дека по лабораториските анализи ќе се знае дали тој производ е штетен за здравјето на најмладите.

Како не им е срам да си играат играчки со најмладите.....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley21.gif[/image]




matushka -> RE: страшно (7.5.2010 11:01:43)

Ne, znaci stvarno drzavata ni e katastrofa. Sreka sto nikogas ne sum kupila shampon na kosili.




riba79 -> RE: страшно (7.5.2010 13:32:17)

lele jas kaj toj bev na razgovor za rabota[sm=zmeden.gif]i me ubeduvase deka ja imaat oni licencata za kosili a ne veke nevena leskovac ama jas ne prifativ za tolku mala plata da mu rabotam ,bolje doma da si sedam za tie pari..lele kako ke sum se zeznala[sm=smiley19.gif]




big_mama817 -> RE: страшно (7.5.2010 13:38:58)

катастрофа немамам зборови [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Rossana -> RE: страшно (5.6.2010 21:39:10)

Торнадо во Србија!

Силен ветер во вид на торнадо беснееше во областа околу Сомбор во Војводина. Поради невремето жителите на околните села и населби останаа без струја.

Торнадото било кратко, но многу гласно, велат жителите кои сеуште неможат да поверуваат дека оваа појава која е речиси секојдневие во Америка, сега ја има и во Србија.

Торнадото оштети многу покриви на куќите и околу 20 улични светилки, а една камп - приколка беше дигната во воздух и поместена за 50 метри.

Повредени нема, жителите навреме го осетиле придвижувањето на торнадото и се засолниле во своите домови.

[image]http://zdravo.com.mk/images/stories/2010/maj/tornado-vo-srbija.jpg[/image]





Maca25 -> RE: страшно (11.6.2010 16:22:06)

Изутрината во Загреб 38-годишен маж си ги убил двете малолетни ќерки, а потоа и себе си. Полицијата не го соопшти мотивот за убиството, ниту идентитетот на жртвите.Медиумите пренесуваат дека девојчињата биле на возраст од 6 и 14 години. Мажот среде ноќта затропал на вратата на 34-годишната сопруга со која не живеел веќе долго време.Кавгата ја слушнале двете ќерки, кои влегле во собата за да видат што се случува, а таткото ги застрелал.Сведок на убиството била бабата на девојчињата. Според соседите, мажот повеќе години бил разделен од сопругата, но сакал да се смират и да му се врати на семејството, а таа одбивала.




nadica -> RE: страшно (22.6.2010 16:26:06)

ова го најдов сега случајно на нет и можеби не е како предходните постови ама незнаев каде да го сместам


Македонија на врвот во Европа според невработеност
Во листата за невработеност на хрватското списание „Банка“ се вели дека нашата земја е на врвот во Европа по број на невработени лица.

Невработеноста во Македонија изнесува 33 отсто, следуваат БиХ со 23,4 отсто, Хрватска со 15 проценти, а Црна Гора има стапка на невработени од 14,7 отсто.

Според процентите, земји кои се соочуваат со лоша ситуација со невработеноста се Зимбабве, Камерун, Мали, додека во подобра состојба се Албанија, Грузија, Либан итн. (Мк фондови)


извор: утрински весник




Viktori -> RE: страшно (28.7.2010 17:13:54)

Нов смртен случај, прво родилката па бебето!

Ќе сака некој надлежен да ми каже на кој континент живееме????

[image]http://static-p3.fotolia.com/jpg/00/07/53/86/400_F_7538616_zFFEuBnLfZvT4nTDSpfQQsHd6k6vpIAf.jpg[/image]




Maca25 -> RE: страшно (29.6.2011 21:08:34)

Трагедија во Ниш:
Ги фрлила своите деца од четврти кат, па рипнала по нив


Мајка ги турнала своите две мали деца од четврти кат, а потоа и самата скокнала во смрт, синоќа во Ниш.
Двегодишниот К.С. загинал на лице место, а петгодишната А.С. со тешки телесни повреди успеала да преживее.

Во моментот е сместена во клиничкиот центар во Ниш, од каде лекарите велат дека се наоѓа во стабилна состојба.

Директорката на детската клиника во Ниш Анѓелка Славковиќ изјави дека пет годишното девојче засега е надвор од животна опасност.

Девојчето е свесно и комуницира и во состојба е да го реконструира целиот случај - вели Славковиќ.

Мајката која скокнала по нив од терасата од четвртиот кат на плоштадот Крал Александар во Ниш починала на лице место.

Причината за трагедијата се уште се непознати.




Џесика -> RE: страшно (12.7.2011 22:55:05)

„Мојата 7-годишна ќерка прима ботокс и има тетовирани веѓи“


Кога пред помалку од два месеца Британката Кери Кембел јавно призна дека ѝ става ботокс на својата 8-годишна ќерка и ја носи на комплетна депилација, таа доби многу негативни реакции од цел свет. Но, очигледно ваквото „разубавување“ на малите девојчиња не е реткост. 33-годишната Шерон Еванс исто така призна дека ѝ става инјекции со ботокс на својата 7-годишна ќерка Бри. Самохраната мајка уште и ѝ ги истетовирала веѓите на малата Бри, сè со цел еден ден таа да стане славна како 10-годишната ќерка на Вил Смит, Вилоу.Шерон ги купува ботокс инјекциите онлајн и ги вбризгува во лицето на својата ќерка на секои два месеца, а веѓите ѝ ги истетовирала откако од поранешното момче научила како да го прави тоа. Освен тоа, таа ѝ става и инјекции за зголемување на усните. Еве што изјавила Шерон за британскиот весник The Sun:
„Она што го правам за Бри ќе ја претвори во ѕвезда. Сите врвни актерки и славни личности сега рано започнуваат, а Бри ќе се истакнува од другите благодарение на нејзините големи усни и супер мазна кожа без брчки.“ „Тетовираните веѓи се светли и може да ги користи само како потсетник за тоа како да ги кубе правилно. За да бидеш супер-ѕвезда, треба да бидеш различен и високо одржуван, а јас го правам токму тоа. Таа е мое дете и ова е моја одлука.“ „Земете ја за пример Вилоу Смит, таа секогаш е подготвена за пред камера, носи дизајнерски алишта, има стилист и користи шминка и надградба на косата. Тоа и донесе глобална слава. Бри ќе биде уште поголема и поуспешна од Вилоу.“
Шерон, која сега живее во Калифорнија, тврди дека во Америка не е чудно децата да користат ботокс. Таа идејата ја добила од други родители на натпреварите за убавина за деца, па контактирала со 15 доктори за да ѝ стават ботокс на Бри, но сите ја одбиле

[image]http://www.femina.mk/images/articles/1987/03.jpg[/image]

„Знам дека некои луѓе ќе бидат бесни, но тоа не ме загрижува. Таа е моја ќерка и морам да се осигурам дека ќе биде ѕвезда. Им се восхитувам на славните како Бритни Спирс и Вилоу Смит кои направиле многу уште кога биле мали и сакам истото да се случи со Бри. Сè што правам, го правам за мојата ќерка. Јас сум нејзина мајка, нејзин агент, нејзин пријател. Посакувам мајка ми да го направеше истото за мене.“

           Шерон планира допрва да истетовира тенка розова линија околу усните на Бри. Најверојатно поради влијанието на својата мајка, и Бри веќе размислува на истиот начин. „Ги обожавам моите веѓи и тоа што примам ботокс. Некои од девојчињата во моето училиште велат дека ова не е во ред, но тие се глупави и љубоморни. Повеќето мои пријатели мислат дека тоа е навистина кул и сакаат и тие да го прават. Тие знаат дека ќе бидам суперѕвезда како Вилоу Смит“ – изјавила малата Бри.




bebe82 -> RE: страшно (14.7.2011 10:55:52)

На островот Крк, родители си го оставиле детето во автомобил 45 минути и добило топлотен удар и завршило на хитна помош.

'Djevojčica je još uvijek bez svijeti i njezino je stanje nepromijenjeno', rekao je liječnik Igor Prpić iz riječke bolnice.  Poljska obitelj bila je na ljetovanju u Omišlju na otoku Krku. Policija ih je kazneno prijavila zbog zanemarivanja djeteta.Djevojčica se u riječkoj bolnici bori za život. U teškom je stanju, ne reagira na okolinu i bez svijesti. 'Trenutno je u stanju kome i pitanje je oporavka njezinih funkcija', kazao je dr. Igor Prpić. Posljedice boravka u automobilu na visokoj temperaturi i odraslima mogu prouzročiti ozbiljne zdravstvene probleme.Pada krvni tlak, gubi se svijest, počinje znojenje, a bez dovoljno vode i soli, stanje može biti puno gore. Bračni par iz Poljske, 31-godišnji otac i 31-godišnja majka kazneno su prijavljeni zbog zapuštanja i zlostavljanje djeteta iz nehaja. Oni su, naime, u subotu u autu zaboravili vlastito dijete! Nije ih bilo 45 minuta, a dijete je, uslijed paklenih vrućina, pretrpjelo toplinski udar.Dom zdravlja Krk dojavio je Policijskoj postaji Krk da pružaju hitnu pomoć djetetu poljskog bračnog para, a policijski službenici za poslove maloljetničke delinkvencije utvrdili su da je poljska obitelj na ljetovanju u Omišlju na otoku Krku, dok je dijete u međuvremenu vozilom hitne pomoći prevezeno u Dječju bolnicu na Kantridi.

извор: http://dnevnik.hr/vijesti/crna-kronika/krk-ostavili-dijete-u-autu-45-minuta-dozivjelo-toplonski-udar.html




Maca25 -> RE: страшно (14.7.2011 11:20:45)

страшно!!!навистина страшно!!! би ги обесила![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]




bebe82 -> RE: страшно (2.9.2011 22:51:20)

е оваа мајка е за во [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image]


ВИДЕО: Таа има 4 години, а нејзината мајка и ставила вештачки гради и задник, дали е тоа нормално?

Малата Меди Џексон има едвај 4 години, но поради ТВ натпреварувањето ''Toddlers And Tiaras'' изгледа како минијатурна верзија на 20-годишна девојка.   Нејзината мајка Линдзи ја прекрила малечката Меди со шминка, а за да потсетува уште повеќе на Доли Партон, нејзината мајка и ставила вештачки гради и задник.

"За некои луѓе тоа е премногу, но ете се случува...тоа е нормално. Кога носи лажни гради и задник тоа е само бонус", објаснила Линдзи.

Оваа одлука ја брани и нејзината баба Барбара, која нагласува дека наградите на ваквите натпреварувања за девојчињата можат да бидат доволни за поединци подоцна во животот да можат да се образуваат квалитетно.





*miki mami* -> RE: страшно (2.9.2011 23:02:17)

bebe82 jas bas pred malku mu go kazuvav ova na mm zenava e ludnica [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]
neiziveana probuva nejzinite propadnati somista da gi ostvari preku 4godisno dete[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image]




anedespo -> RE: страшно (17.10.2011 13:17:26)

Sega procitav. Vo Kina pregazile nekoe dve godisno devojce. Aj sto go udril i pregazil so prednite trkala, ama si prodolzil pa go pregazil i so zadnite iako bil svesen deka e deteto pod kombeto. Posle 19 lugje pominale, go videle i nikoj ne pomognal. A dopolnitelno go pregazil i kamion posle toa , kako nisto da ne e. Mu pomognala edna zena posle seto ova. Deteto e vo koma i tesko e da prezivee. Uzasno e kakvi lugje postojat.Cela sum naezena. Go ima i videoto. Poprilicno e tesko za gledanje.




kikicka -> RE: страшно (17.10.2011 17:54:01)

Од Министерството за внатрешни работи велат дека моментално оваа дрога не е присутна на македонскиот нарко пазар.

- Досега сме немале заплена на овој вид на дрога, ниту пак имаме некои информации дека таа е присутна на македонскиот нарко пазар, вели потпаролот на МВР, Иво Котевски.

Дека дрогата „крокодил“ ја нема во Македонија, ни потврди и директорот на Токсикологија, Андон Чибишев.

- За сета среќа до сега немаме случај на нарко зависник кој внесувал дрога крокодил, но тоа не значи дека е исклучена можноста од такво нешто. Штом таа дрога се појавила во некоја земја, се разбира дека постои опасност истата да се појави и кај нас, а ако се појави тоа ќе биде страшно, вели Чибишев

За разлика од нас, Русија и Северна Европа се преплавени.

Станува збор за дрога која е мешавина на кодеин, бензин, црвен фосфор и тешки метали. Последиците од нејзиното конзумирање се чувствуваат уште при првата доза и тие се стравични.

- Еден од симптомите на оваа дрога е и тоа што го уништува ткивото на местото каде што таа се внесува, па така коските во тој дел на телото остануваат без месо, вели Чибишев.

Најчесто кај корисниците таа предизвикува смрт, а најмали последици од нејзиното користење е ампутирање на некој дел од телото.

Оваа дрога прави вистински пустош во руските градови. Поевтина е од хероинот, па најчесто експертите ја нарекуваат дрога за сирмошни.

Руските експерти нагласуваат дека корисниците обично не ја преживуваат ни првата година, но доколку и преживаат тие би можеле да живаат најмногу три години, при што редовно поминуваат со ампутирана нога или некој друг дел од телото.

Дрогата го добила називот „Крокодил“ бидејќи најчесто во почетните стадиуми кожата позеленува.

Германската полиција е уверена дека на нивниот пазар таа пристигнала од Русија, каде веќе има неколку стотици нејзини жртви.

Се уште е нејасно како ова дрога се појави така одеднаш и масовно на рускиот нарко пазар. Дали станува збор за некој заговор или се се случува спонтано.

Но статистичките податоци на руските служби покажуваат дека откако се Американците прусутни во Авганистан, производството на хероин во оваа земја е зголемено за неколку пати. Речиси деведесет проценти од хероинот на рускиот пазар доаѓа од Авганистан. Од Авганистан доаѓа и поголемото количество на дрога кое низ Македонија поминува за во Европа. Станува збор за познатата балканска рута на дрогата. Од Авганистан преку Иран, Турција и Балканот до Западна Европа.

За директорот Чибишев не станува збор за ништо друго туку за лесна заработувачка.

- На наркозависниците крокодилот им се продава како хероин. Дрогата содржи кодеин кој кога се внесува ги предизвикува истите чувства како и хероинот, поради тоа тие всушност и мислат дека станува збор за хероин и бидејќи е поевтина масовно ја купуваат, вели Чибишев.

Дека низ Македонија поминува патот на дрогата за Западна Европа се потврдува со огромните количини кои успеа да ги заплени македонската полиција во изминативе четири години.

Во тој период запленети се 2 тони 660 килограми наркотични дроги. Најголем дел бил марихуана или 1,3 тони, околу 500 кг кокаин и 400 кг хероин. Дрогата на црниот нарко пазар чинела околу сто милиони евра. Истовремено биле откриени 2200 случаи од областа на недозволена трговија со дрога, а кривично гонети биле 2565 лица.

Но дрогата не поминува саму низ Македонија, туку дел од неа останува и на домашниот нарко пазар.

Експертите тврдат дека во Македонија има околу 15 илјади наркомани и би било вистинско зло доколку еден дел од нив се навлечат на овој досега најопасен и најсмртоносен вид на дрога




miana -> RE: страшно (8.11.2011 13:07:49)

Откриена отровна мувла во бебешка храна од Шведска [image]http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/4457E7B0BEE67F47932121D70F9574C8.jpg[/image] Мувла била откриена во продуктите на шведскиот производител за детска храна „Семпер“, по што тие се отстранети од пазарот во скандинавските земји. Станува збор за овошни каши од марката „Смафолк“ наменети за бебиња. Отровните состојки што се најдени во мувлата се од типот афлатоксин и предизвикуваат канцер. На прашањето зошто од страна на „Семпер“ во јавноста не е објаснето за каков вид отрови станува збор во повлечените производи од продажба, одговорните во фабриката велат дека го употребиле изразот „мувлосани состојки“. - Мислевме дека тоа беше полесно за луѓето да го разберат, истакнува Малин Вестлинг, шеф за информирање при „Семпер“. Во „Семпер“ моментно се вршат анализи со цел точно да се утврди од каде се појавиле состојки на отровна мувла во нивните производи, кои се вбројуваат во најшироко распространетите на шведскиот пазар и скандинавскиот за детска храна.




kikicka -> RE: страшно (9.11.2011 14:43:57)

Ова видео многу ме вознемири....http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=9BazeY4hroU#!




AnnaMolly RR -> RE: страшно (9.11.2011 14:51:14)

Леле, кикичка, видеото е многу страшно! Уф, би ги утепала сите тие што беа околу базенот!




JovanaJ -> RE: страшно (9.11.2011 14:52:26)

Leleee navistina e mnogu voznemiruvacko...i traumatiziracki?!? Edvaj go dogledav do kraj..... [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif]Dusicka mala.....[sm=zmeden.gif]




Maca25 -> RE: страшно (9.11.2011 15:00:02)

ова е изживување врз детето! страшно! сакаат пливач да го направат или што!!! би ги обесила одма




miana -> RE: страшно (9.11.2011 15:11:29)

Leleeee dusiceee..Pa ne place srcence mawo....ct ct ctc ludaci breeee




kikicka -> RE: страшно (9.11.2011 15:12:23)

уште се ежам од помислата....и јас исто реков дека ова треба да се убие .....инаку доста видеа има на youtube кои се вознемирувачки вака со деца ...страшно луѓе уште што нема на светов какви деца се раѓаат и зошто така се раѓаат...сега видов дете со срцето надвор родено ,едно годишно девојче трудно, девојка што произведува кристали од окото наместо солзи таа вади кристали.....и ред други видеа уфф




Natuska85 -> RE: страшно (14.11.2011 23:28:06)

10-годишно девојче роди син

Десетгодишно девојче од Мексико се породило во 31. недела од бременоста и родило момче тешко 1,5 килограми. Младото девојче било донесено во болницата на 22 октомври во лоша здравствена состојба. Недоносеното бебе било родено со царски рез во градот Пуебло и веднаш било преместено на интензивна нега каде се опоравува од пневмонија. Иако докторите се плашеле дали бебето ќе преживее, сега е во стабилна состојба.
Мајката веќе е отпуштена од болницата, но секојдневно го посетува бебето за да може да го дои. Сè уште не се знае кој е таткото, а мексиканските власти спроведуваат истрага за да утврдат дали девојчето било силувано. Според мексиканските закони, абортусот за млади мајки е забранет, освен ако не докажат дека се жртви на силување. Но, наскоро се очекува промена на овој закон кој предвидува парични казни и дури и затворска казна. Ова не е прв случај во Мексико шокантно младо девојче да се породи. Минатата година 11-годишната Амалија роди дете откако била повеќе пати силувана од својот очув кога имала само 10 години. Тогаш мајката на девојчето го пријавила случајот во полиција. Групите за заштита на правата на жените тврдат дека докторите не го известиле девојчето за правото на абортус на жртвите на силување.
Извор: Фемина.мк




kikicka -> RE: страшно (15.11.2011 23:07:52)

Американските лекари веќе една годна се борат да му го спасат животот на двегодишниот Emmet Rauch кој голтнал литиумски батерии. Го оперирале 18 пати во детската болница во Феникс, пренесува Daily Mail. Неговата мајка Karla раскажува дека првичните симптоми биле слични на настинка.

- Батериите му застанале во хранопроводот и почнале да му го горат во рок од два часа. Во него беа цели три дена - раскажува мајката. Лекарите му одстраниле десет сантиметри од хранопроводот бидејќи киселината од батериите му направила две дупки.

На Emmet неколку пати му откажале белите дробови и бил изложен на речиси 200 зрачења. Литиумските батерии се поопасни од обичните батерии затоа што имаат послаба заштитна обвивка.

Медицинската сестра која се грижи за Emmet раскажува дека видела многу случаеви каде што мали деца проголтуваат батерии. Им помогнала на родителите на Emmet да основаат добротворна ораганизација за да ја разбудат свеста кај јавноста за овој вид на проблем.

Според Центаро за труење, скоро 3500 Американци годишно проголтуваат минијатурни батерии. Луѓето воопшто не се свесни за опасноста која е скриена во часовниците, калкулаторите, далечинските управувачи, и камери.
Извор : Сваштарник.мк

Залепете се што има батерии не дај боже !!!




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>