Hopeful RR -> RE: страшно (22.1.2016 21:09:09)
|
Морам да истакнам неколку работи. Не очекувам моето дете да е во нечиј туѓ центар на светот, тоа е повеќе од јасно. И не очекувам дека сега сите треба да се тргнат на страна и да престане земјата да се врти заради тоа што некое дете се шета некаде. Но, се работи за основни параметри кои МОРА да бидат запазени. Кога јас сум шетала куче, секогаш ми била на каиш, без оглед дали носела маска или не. Каишот никогаш не ми бил од оние што се одмотуваат без контрола, туку со одредена должина (краток, за да не забега наваму натаму) и кога сме се доближувале до деца, токму затоа што не знам кое дете каков однос кон животните има, секогаш сум го собирала каишот и сум ја држела блиску до мене, да не може да мрдне. Плус, и во таква ситуација, кога сум требала да се поздравам со некого што има дете, или сум се поздравувала онака, без пружање рака, или со кучето кроз оддалечено. Плус, нашето куче е така воспитано од сам старт да не им приоѓа на деца се додека не ја викнат, и дури и кога и доаѓале, се криела. Да додадам дека се работи за лабрадор, што е совршено куче за дете, и иако мирна, сепак мора да се контролира, а не па германски овчар!!! Инаку, мене посебно ме нервираат родители што ги дистанцираат децата од животните, и што ничим изазвани им зборат да бегаат, дека ќе ги изеде, и токму затоа и пазам со нашето куче, не сакам некој да биде испровоциран затоа што ја шетам, ниту пак да и се натура со драње, ко да направила нешто. Но ова е сосема друга ситуација. Нема оправдување за сопственикот, ни во однос на неговата контрола над кучето, ни во однос на неговиот ноншалантен однос при поздравувањето со сопругот на mommy_angels, ни во однос на постфестумското негово игнорирање на ситуацијата. Бар да се извинел додека било ова свежо или да се јавел да прашал после како е девојчето... Изговорот дека се мажи ама ич не држи, мислам дајте ве молам, 2016 година сме, до кога со вакви шовинистички изјави!!! Ај дека се мажи па да не им замераме ако ги вратат децата дома со испокинати алишта? Свашта. Исто така, оф топик, не ми се допаѓа муабетот дека мајката се треска од земја. Мислам дека не е коректно така да комуницираме меѓу себе, и кога не делиме нечие мислење или став, едноставно може да одбереме понеутрални зборови.
|
|
|
|