meU87 -> RE: Полицистични јајници (13.3.2012 11:36:31)
|
Еве девојки да ви ја раскажам мојата приказна со полицистичните јајници, а со тоа да ви дадам и надеж дека ништо не е страшно или невозможно. Уште од прв преглед пред 6години матичниот ме лечеше од полицистични јајници, пиев Јасмин, Диане 35, па потоа примав инекции Еглоннил, капки Естрадиол, и уште два вида на хормонски апчиња(не ми текнува името). Кога дојдов во Скопје, почнав да одам кај д-р Павле Кокорманов. На секој преглед прашував како се јајниците, како цистите, секогаш одговорот беше ист, “ се е чисто, нема ништо, јајниците само имаат морфологија на полицистични , а немаат цисти“. Јас редовно имав овулација, а и покрај тоа ме лечеа со секакви хормонски терапии. Уште една работа која не е во ред е дијагнозата “превртена матка“. Со оваа дијагноза, а и со полицистични јајници шансите за останување бремена се смета дека се 10%. Јас останав бремена, непланирано, како одеднаш да се фати, а на крај памет не ми беше дека е возможно јас толку лесно да дојдам до бебе. Како и да е, сакав само да ви кажам да не губите надеж, да не се плашите во врска со полицистичните јајници, нема ништо на светот што неможе да се реши , излечи. А и да знаете дека процентот на плодност се зголемува од кога ќе престанете да ги пиете хормонските апчиња. Многу среќа за сите и што побргу да се израдувате со [sm=rozacrtici.gif]
|
|
|
|