meU87 -> RE: Полицистични јајници (11.4.2012 7:49:22)
|
Мерелин мила, јас веќе имам пишувано за мојот проблем, ќе ти напишам пак. На 18години ми утврдија дијагноза полицистични јајници(наводно ми биле како швајцарско сирење). Од тогаш пиев Диане 35, Јасмин, капки Естрадиол, инекции Естроген, Примолут Нор и уште два вида апчиња кои искрено веќе не ги памтам(беа пола кафени, пола бели, знам дека и за забременување се користат). Значи еден период бев буквално како хормонска бомба. И јас имав зголемена тежина, влакнавост, акни всушност од тука поттикна идеата да се прегледааат јајниците. Имам слушнато за чајот од тревки кој го кажа, јас никогаш не го пиев. Тогаш редовно си ја примав терапијата и да ти кажам прекрасно се чувствував. Многу внимавав на тежината, која навистина влијае за овој проблем. Од кога ги испив апчињата едно 7месеци бев раат, после проблемот пак се појави и наново терапии. На сето ова имав и проблем превртена матка, како и задоцнета овулација. ПОкрај овие зезанции јас до денес неможам да поверувам како забременив толку едноставно. Мој совет ти е воопшто да не се грижиш за ова, се средува многу лесно. Кога ќе посакаш за забремениш ќе си следиш овулација кај лекарот, која доколку не постои ради цисти ќе ја поттикнете со терапија(Кломифен најчесто даваат). Затоа те советувам да внимаваш на тежината, да ја регулираш, и да не се замараш без потреба на оваа тема. Иако те сфаќам како ти е , зошто и јас поминав низ ова, а не беше одамна, туку пред 6години, сепак од срце ти го давам овој совет. [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|