RE: Што ја одбележа изминатава година? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Simona_k -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (18.1.2013 17:14:38)

По убавиот полн со радост 2 роденден на син ми,неколку дена пред роденденот дознавме дека наскоро ќе имаме придружба уште едно ангелче...(дека мама е[sm=nosecka.gif]) и одморот кој следуваше после сите обврски и беше најубав:мама тато и Тино.Си поминавме супер баш се одморивме




Ring -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (19.1.2013 11:57:32)

Ќе ја паметам по мојата среќа- ќерќа ми...по нејзината прва насмевка, првото МАМА, првата кашичка, првото забче, првите неусешни чекорчиња [sm=smiley1.gif]

Ќе ја паметам по раѓањето на втората внука , новата принцеза на тета... по прекрасниот трет роденден на првата внука која има посебно место во моето срце..

Ќе ја паметам по турбуленциите во бизнисот на мажот ми и неговите челични нерви [sm=smiley13.gif][sm=smiley13.gif]

Ќе ја паметам по тоа што почнав да го гледам светот со други очи...




kuklicka26 -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (20.1.2013 14:12:09)

Пред се ке ја паметам по напорната работа,по крштевката на С,нејзиниот прв роденден,нејзиниот прв одмор,нејзиното прво запче,нејзините први чекори,пред се во знакот на мојата принцезичка.




Bethany -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (14.12.2013 19:01:49)

Веќе сме пред самата завршница на оваа година, па може да размислиме што е тоа што ни ја одбележаа годинава...

Мене некако многу брзо ми минаа годинава. Поради Ј мислам дека е така. Со детето во раниот развој секој ден е нов и интересен, иако се чини некогаш дека секојдневието ми е исто, монотоно, сепак не е така.

Имавме доста фамилијарни моменти, доста време поминавме заедно, се нешто заедно правевме.

Здрави сме.

Неубавите работи не беа толку големи за да ги засенат убавините, така да можам да речам фала на Бог за оваа година.




Mihaela 2010 -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (14.12.2013 19:10:22)

Spored mene za razlika od minatata godina,ovaa kako da mi bese posrekjna i poubava,daj Boze narednata da e uste poubava
ovaa godina ke ja pamtam po moeto unapreduvanje,konecno se isplati moeto diplomiranje i nervozite sto gi imav na staroto rabotno mesto konecno izzceznaa,pa taka si najdov mir na novoto rabtno mesto..
Imavme prekrasen i nezaboraven odmor,so moite bliski i dragi luge...
Momentite so kerka mi nemozam a da ne gi spomenam,sekoj den e novo dete,kako raste se poumna stanuva,nejzinata nasmevka mene me pravi presrekjna...
Mm se zapisa na postdiplomski ,izgleda saka da e povekje od mene [sm=smiley36.gif],ama ako mene ne mi e vazno toa,vazno mi e pokacuvanjeto negovo na platata[sm=smiley36.gif]
Ete fala bogu zivi zdravi sme,pa se nadevam na podobra i posupesna naredna godina
A da,stanav vujna po vtor pat,zolvami se porodi pred dva meseci,pa imame i bebe vo familija..




Mihaela 2010 -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (14.12.2013 19:11:31)

Aaaa ete zaboraviv....pa i po doma renoviravme,kooonecno i toa mi se ispolni,pogotovo sobata na M[sm=bravo.gif]




Snowhite RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (14.12.2013 22:29:28)

Оваа година ќе ја паметам по следниве работи:

Уште на почеток на годината ја добив мојата Јана
Добив унапредување на работа,
Купивме кола и уште некои работи за по дома,

Доста се




Defne90 RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (15.12.2013 1:17:25)

Ovaa godina ke ja pamtam najprvo po prekrasniot avtomobil koj sto go dobivme na podarok od moite svekor i svekrva,ke ja pametam isto taka po svadbata na mojata najdobra drugarka,po renoviranjeto na detskata soba,konecno i decata si dobija svoe katce kade mozat da si igraat,po toa sto posle tolku molbi i solzi za kuce i M konecno si dobi svoe sopstveno kuce so koe si igrase neprestajno celo leto,po novite prijatelstva,po detskite radosti no i solzi zaradi izgrebanoto koleno,po mojata neizmerna sreka blagodarenie na moite srekicki dve,po ubavite migovi pominati so maz mi i naseto prekrasno drustvo od koe sekogas imame golema poddrska.Prvenstveno izminatava godina ke ja pamtam po ubavi raboti,ke ja pamtam po nekoi sonista i zelbi sto si gi zacrtav i se nadevam deka idnata godina ke uspeam da gi realiziram konecno za tie da stanat stvarnost.[sm=smiley20.gif]




Martins mom -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (15.12.2013 13:17:55)

- После долго време, кај мене се падна паричката [sm=smiley36.gif]
- Победата на Вешта жена во Битола
- Станав Вешта жена на Македонија за 2013 година
- Купивме автомобил
- Се роди Ана
Ќе ја паметам и по една грозна работа, ама нема да ја пишам, пошто меѓу сите убави работи, не вреди да ја споменувам.

Оваа, дефинитивно беше моја успешна година!




deluxe -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (15.12.2013 13:18:12)

Оваа година ќе ја паметам по крштевката на син ми,првиот роденден,раѓањето на нашето кумашинче,и веридбата на брат ми како цреша на крајот од годината[sm=jezicek.gif] Убавите моменти ќе ги запаметам,на лошото ке пробам да му направам делит




Палешка РР -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (15.12.2013 13:33:43)

Оваа година дефинитивно ми ја одбележаа принцези и битанги [sm=smiley36.gif]
Марио стана полнолетен, направи преубав роденден, на одмор не направи белја, пушти брада и заслужи Миа да го нарекува битанга. [sm=smiley36.gif]
Миа на почетокот на годината ги фрли пелените, почна поубаво да зборува, почна да стои пред огледало и да гледа дали е убава, посака да има лабело за да се шминка и некако наеднаш стана позрела. И таа заслужи бато да ја вика принцеза.

Имам и други битанги и принцези оваа година...но многу се, а ме мрзи да пишувам [sm=smiley36.gif]




ivoni4ka -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (15.12.2013 15:27:36)

ke ja pametam po mnogu srekni migovi so mojata kerka i soprug, kerka mi proode, pocna sama da jade, proslava za 1 rodenden na nea,prviot zaednicki odmor so kerka mi i mm, kupivme plac za kuka i vo krajna faza sme za vadenje na gradezno odobrenie, a i po 2 neuspesni obidi za rabota ama se spremam za uste eden obid, pa se nadevam deka ke bide kako glag na torta za krajot na godinata




Yummy Mammy -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (15.12.2013 18:34:01)

Definitivno po raganjeto na mojot tret angel, po prvoto padnato zapce na golemata kerka, i trgnuvanjeto vo gradinka na pomalata kerka po nejzina zelba i bez nikakov problem. Tri mnogu bitni fazi na oddeluvanje na deteto od majkata. [sm=9nebesa.gif]




Melanija RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (15.12.2013 21:34:14)

Оваа 2013 година беше најисполнета[sm=smiley1.gif]

Започна со моја долгоочекувана бременост, 3 свадби на другарки од кои 2 веќе се бремени.И најважното доаѓањето на свет на човечето на мојот живот[sm=smiley27.gif]




elenak -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (16.12.2013 9:58:19)

Годинава на мој личен животен план се случија две работи од кои едната е функцијата модератор на РР. Во овие две работи запознав и многу драги луѓе, како виртуелно така и реално, некои од нив ми оставија впечаток за цел живот, не само за годинава што помина. Се случија и други општи промени кои се надевам ќе бидат на подобро, засега само чекам.
Дома значајно е се што е поврзано со ќерка ми. Секоја ситница, зборче, лудорија, проодувањето, каките во нокшир... Откако е родена таа е главното обележје на секоја моја година.




vezilka RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (16.12.2013 10:12:12)

Богами минатата година најмногу ќе ја паметам оти се скостив од работа, е арно беше и оти не рмбав за без пари. И нормално, по тоа што Никола си побара и си доби (ќе добие де..) бебенце. И оваа година ја поминав во дрштво со РР за што ми е многу мило оти тука се чувствувам како дома. Ајде сега да ја чекаме наредната [sm=smiley36.gif]




bucko mal -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (16.12.2013 11:27:38)

Godinava sto izminuva ja odbeleza pomaliov sin.Prv rodenden,prvo zapce,prvi cekori i site uzivanja sto ni gi prireduva sekojdnevno.
Tuka e i golemio sin koj nedozvoluva ni eden den da ni e dosaden[sm=smiley1.gif]
Ke ja narecam,,domakinska godina'' preubavi momenti pominati so moite dragi mazinja.
Sepak bese mirna godina,ne bese kako 2012 burna godina vo koja se sluci najgolemiot presvrt vo mojot zivot[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (16.12.2013 12:02:42)

Мали за некого, големи за мене - ситни позитивности, што ја бојат годинава во убава за мене.
Првите самостојни чекори на Т паднаа на сам почеток на годинава, РРаја ме почести со улога во нејзиното одржување и ми го прошири кругот на пријатели, мини одморче со нашето мини семејство...[sm=smiley1.gif]
Негативностите не дозволувам да ги паметам за да ја одбележат годинава.




zzaa -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (18.12.2013 15:51:32)

Ова година ке ја паметам по многу убави нешта, беше доста успешна и исполнета година за мене и моето семејство.
- По тргнувањето во градинка, и отпишувањето.
- Првиот роденден
- Продувањето
- Се што е поврзано со Ева, првите кратки реченици, миење на запчињата, и ред други убави работи што ме прават исполнета и горда мајка на едно прекрасно девојче.
- Моето дипломирање
-Запишувањето на постдипломски студи
- Убавиот летен одмор




mommy_angels RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (20.12.2013 0:14:09)

За мене ова беше една од најубавите години.Го прославивме првиот роденден и се радувавме на првите чекорчиња,првите запчиња,првите "мама","тато" и се поврзано со детето.
Исто го решивме едно од најважните животни прашања,си направивме куќа и си се вселивме [sm=ribica.gif]
Се на се ова за мене беше прекрасна година и се надевам дека и наредната ќе биде барем приближно толку добра




Hunny -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (20.12.2013 15:14:17)

Претходната 2012 година ми беше најсреќна и најисполнета од сите претходно. Го родив моето сонце, добив подобро работно место, па затоа во оваа година не ни очекував ништо посебно, а сепак ми беше посебна. Ќе ја паметам по првите зборчиња од ќерка ми, првиот заеднички одмор, првите чекори, првото паѓање, нејзиното „мама“ од кое цела се топам. Дома реновиравме, сменивме прозори, врати и тоа. Добро би било и следната да ми биде слична на оваа.




Hunny -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (20.12.2013 15:16:25)

А ќе заборавев, ќе ја паметам и по долгоочекуваното пензионирање на мојот татко, кој како и сите стечајци помина цела голгота и го изгуби здравјето. Баш деновиве доби решение за пензија и сите не израдува.




scared RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (28.11.2014 21:34:34)

Средувањето на нашиот дом, закаснетиот меден месец [sm=smiley1.gif]




Ki4iko -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (28.11.2014 22:49:58)

Мојата бременост, ми се чини дека цела година сум трудна [sm=smiley36.gif]




caciana -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (28.11.2014 23:36:40)

Raganjeto na vnuka mi Jovana[sm=zz_dance.gif][sm=smiley27.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>