RE: Што ја одбележа изминатава година? (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Mihaela 2010 -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 9:24:48)

Kako sto si pominuvaat denovive,se priblizuvame kon krajot na 2014 godina
Po sto kje ja pametam :
Mislam deka prethodnata godina mi bese nekako po vozbudliva,mnogu raboti i desavki se slucija vo moeto semejstvo,a za ovaa godina ke kazam deka mi pomina mirno,bez nervozi nekoi pogolemi.
Mm gi zavrsi ispitite konecno,pa slednata godina ke go ceka magistriranjeto,ama toa vo narednata ke kazam
Ete jas si ostanav trudna,zelbata ni se ispolni,pa noviot clen ke si dojde 2015
Site sme fala bogu zivi zdravi i se uste na broj,toa mi e najvazno
Imase ubavi momenti,radosni,zaednicki,....
Izgleda 2015 ke bide po vozbudliva[sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 10:26:38)

Напорна година за многу што [sm=smiley1.gif]

Од вадење на прво запче на М до проодување и прв роденден[sm=duda.gif]
Мм малку на пат ,подобра позиција на работа и плата [sm=jezicek.gif]
А јас домакински и мајчински уморна но задоволна[sm=smiley1.gif]

Се кратко и јасно ,изгледа малку но е многу [sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 17:21:48)

Е оваа година пак има могу за паметење [sm=smiley36.gif]
Пред се, веднаш на почетокот на годината, околу Божиќ, сфатив дека сум [sm=nosecka.gif], па турбуленции по мојата психа [sm=smiley36.gif]. Благодарение на тоа, си реновиравме по дома, па во Септември се роди бебе И [sm=smiley1.gif]
Во суштина, ќе ја паметам по убавите дешавки, другите ќе си ги стаам у некоја мозочна фиока забаталена [sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 18:36:58)

Оваа година нема нешто по што би ја паметела, барем некои посебно убави работи не. Најверојатно оваа година ќе помнам по депресијата на мм и што на крај сепак успеавме да ја ставиме под контрола




niki -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 19:11:38)

osven preminuvanjeto na deteto vo skolarec sto pocna vo 2013, nejzinite uspesi koi ne raduvaa i obvrski koi ni se nametnaa nisto drugo posebno
rabotevme mnogu, generalno pozitivna atmosfera nekolku negativni incidenti na mm so negovata familija koi ke gi izignoriram i zaboravam dur da zavrsi godinava i tolku
no news good news sto bi rekle englezi[sm=smiley36.gif]




Палешка РР -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 19:22:18)

Имаше многу.
Прво матура на Марио, па одмор со девојката, па запишување на факултет, па барање станови, па и еден инцидент со становите и гордоста што ете моето дете стана академски граѓанин.
Исто и малово пуфче тргна за прв пат во градинка, па солзи, па секирации, па плачки рикачки, песнички и приказни и многу нови другарчиња. Ете горда сум и на себе што го издржав сето тоа и што не потклекнав и не престанав да ја носам.

Исто така сум задоволна што конечно го напишав текстот за тато, кој ми тежеше сигурно повеќе од 5 години.

Убава година!




tincule -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 19:38:07)

Ех си го добив моето најмило цуце, ќерка ми [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif] Многу свадби, многу веселби, вклучувајќи ја конечно и мојата [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Ама годинава ќе си ја памтам по цуцето кое убаво ми го смени животчето, бубка од мама еве вака јавно [sm=smiley1.gif] Другото и не е за паметење си помина и нема што да му се замарам. Позз




nataly86 -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 22:03:59)

Изминатава година ја облежа дефинитвно мојата бременост (долго очекувана со сите пропратни перипетии околку неа и со неа [sm=smiley36.gif] ) и секако раѓањето на моите две ангелчиња....Оваа година станав МАЈКА до сега најубавиот момент во животот!




Dilina -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 23:19:47)

Станав снаа, сопруга, но што е најважно станав мајка. [sm=9nebesa.gif]




mamicki -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (5.12.2014 23:24:45)

За жал, во оваа година ми се случија повеќе работи кои се за заборавање, а не за паметење. Најмногу пак ме израдува тоа што конечно собравме храброст и целосно го реконструиравме купатилото, а направивме и некои други, поситни зафати.




Defne90 RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (6.12.2014 0:03:45)

Јас најискрено 2014 година ми излегува дека ќе ја помнам по поголем број на лоши отколку на добри работи.Ама па си мислам без позитивен став не се оди во новата,така да ги оставам сите лоши и неубави работи во старата и храбро тргнувам кон новата 2015 со надеж дека поубави работи ме чекаат и дека ни налик нема да биде на 2014.И така ќе се потрудам да ја запомнам по неколкуте добри работи што ми се случија,како тргнувањето на синко на градинка и успешното прифаќање на новата средина,раѓањето на бебиња на блиски пријателки,убавите мигови со мојата фамилија.[sm=smiley1.gif]




mama_06 -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (6.12.2014 0:26:50)

Оваа година прославив јубилеј-деценија на работа! Десет години кои многу ме променија, моделираа и учеа.Благодарна сум за тоа.Оваа година славевме прв роденден и крштевка на малото синче,а поголемото полека ми станува маже.Оваа година ја поминав во постпородилна депресија и не можев да се нарадувам на сите убави работи кои се случуваа, но исто така си ветив ,,Така веќе НЕ!!. И последно, но исто важно е што ЗАТВОРИВ КРЕДИТ!!!




bucko mal -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (6.12.2014 3:46:41)

mama_06,za krediotot[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

Ovaa godina ja odbelezaa nekolku nastani:
Zapocnuvanjeto na M vo gradinka
Zavrsuvanje osnovno skolo na golemiot sin
Jas gi poloziv site ispiti od Level 3,za dve godini ke se pofalam so Diploma.Se nadevam[sm=smiley1.gif]
Renoviranje po doma I nova kujna-moram da ja spomnam hihiihihi
Sekojdnevnite slucuvanja po doma,mnogu ljubov I smea malku strest-so eden zbor uzivanje vo zaednickite momenti.
Imavme I neprijatna situacija,nadvor od nasata familijavo koja bevme I nie zasegnati.Ete I po toj neubav nastan ke ja pametam 2014.




Felly RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (6.12.2014 9:54:35)

Мината година ја одбележаа лошите работни односи кај мм што резултираше со негово заминување од работа и нерасчистени сметки. Се надевам дека до крајот на годинава ќе се среди барем тоа што е нерасчистено од старото работно место, па во новата да си најде некое подобро.




Ilina87 -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (6.12.2014 13:26:12)

Искрено 2014 година не ми беше многу среќна година и сакам што побрзо да дојде новата со надеж дека ќе се случуват поубави работи.
Во оваа што поминува се соочив со многу проблеми, лошо здравје на најблиските, неможност да најдам работа според струката итн.
Имаше и убави и среќни моменти со син ми, тие ми се светла точка.
Би сакала Новата 2015 да ми биде добра и убава како 2013 година.




Hopeful RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (6.12.2014 14:18:36)

За нас 2014 излезе одлична година - започна со неуспешна инсеминација, а заврши со успешно ивф, и здравје, две бебуфки во 2015 [sm=smiley1.gif]
Секако, имаше и неубави моменти, мм дел од годината беше на пат, татко ми не е добар со здравјето, некои моменти на работа, одморот не ни се погоди, но се на се, убава година. Во секој случај, се надевам дека 2015 ќе биде уште поубава и поуспешна за сите нас!




kapina -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (6.12.2014 14:42:11)

2014 ke ja pametam za zal samo po neubavi raboti




bucko mal -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (21.12.2015 11:09:42)

Za zal ovaa godina ke ja pametam po neubavi raboti.
Godinata ja zapochnavme so preubav odmor. Koga se vrativme pocna M chesto da se razboluva i gi poremeti site planovi po doma. Se taka nekako naopaku idese za na kraj vo sredina na godinata izgubiv nekoj koj mnogu go skav.
Togash nauchiv sto znaci vistinska bolka, bolka koja i den denes mi go korne srcevo. Posle toa sleduvashe moeto prvo vrabotuvanje tuka, kupuvanje nekoi matrijalni raboti sepak na nisto ne se izraduvav kako sto treba. Nitu jas, nitu mojata familija.
Se nadevam do godina ke pisam mnogu poubavi raboti kako izminatite godini.




MamaKiki -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (22.12.2015 1:34:50)

ubava godina, ne mnogu luksuzno-materjalno pominata ama toa ne mi e mi e merilo na srekata koja ja doziveav...
prvoto zapce na bebe, krstevkata, prvato lazice kasicka, prvoto mama, prvite cekorcinja.... [sm=sloncek.gif]
doziveav ljubov i seuste ja ziveam , bog neka bide milosliv da ja ziveaam ovaa ljubov i vo slednata i sekoja naredna togas ke si bidam najsrekna




marchi -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (22.12.2015 12:03:25)

Se nadevam do godina ke pisam mnogu poubavi raboti kako izminatite godini.
bucko mal jas ti posakuvam tebe a i na site clenovi na RR da imaat povekje srekja radost i najmnogu isponeti zelbi. e sega zivotot e takov da treba da se borime i da podnesuvame se i sesto.
doziveav ljubov i seuste ja ziveam , bog neka bide milosliv da ja ziveaam ovaa ljubov i vo slednata i sekoja naredna togas ke si bidam najsrekna
MamaKiki posakuvam taka da ti ostane cel zivot.
mene ovaa godina dobro mi pomina.nema od sto da se pozalam.ako Bog saka vo narednata da mi dade povekje vo red.se nadevam na uste edno detence vo narednata godina nekade pri krajot [sm=smiley36.gif]




miana -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (23.12.2015 9:53:58)

Ајде ја да си напишам
Оваа година ке ја паметам по убави работи..
Земав диплома - Магистратура ( знаете веке )
Си исполнив еден сон ( ја посетив Русија - Москва и Санкт Петерсбург )
ММ ми купи куче онакво за кое што сум мечтаела ( нажалост кола ја згази [sm=smiley19.gif]
[sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif])
Поминав лето без болештини на децава и одмори без да се враќам дома, заради некое од децава. Летото го искористивме максимално
Си го добив и долго очекуваниот Џип [sm=smiley1.gif]
Си добив и покачување на платата [sm=smiley36.gif]
Големата керка се запишна на играорна па сега во петок ке го имаме и вториот настап ( ова е гоолем напредок - детето мое има голема желба да оди на играорна и да се дружи )
Малата керка почна со англискиот во градинка и за брзо време ги совлада и азбуката и боите и месеците и деновите ( а може и многу други работи за кои незнам )


На тие работи се сетив моментално .. По овие работи дефинитивно ке ја паметам 2015 година. Па можам да кажам и дека ми беше најубава до сега и дајбоже сите идни години да ми бидат вакви и на сите вам ви посакувам само убавини во годините што следат!!!




Neurotoxin RR -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (23.12.2015 23:36:27)

Ќе ја паметам како една од најубавите години. Мислам дека немало година со толку радости во мојот живот. Крајот го одбележа купувањето на нашиот дом, и имам две желби, здравје за сите тројца и да станеме четворица догодина :)




Палешка РР -> RE: Што ја одбележа изминатава година? (17.1.2016 11:55:01)

Тргнувањето на Миа на училиште, една правилна одлука на Марио, новиот директор на работа и дефинитивно контактите со кинезите кои ми донесоа ненормално позитивно искуство и знаење за прекуморски набавки, за нивната култура, обичаи.
Годинава ми беше убава и релаксирана и на работното место. Се на се - одлично.
Рингераја малку ни опадна лани, но годинава дефинитивно мора да го оправиме тоа [sm=smiley20.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]