RE: Деца со церебрална парализа (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца со посебни потреби



Порака


drangi -> RE: Деца со церебрална парализа (19.2.2010 13:47:05)

Здраво Макина
И јас сум родител на дете со церебрална парализа (1,5 година). Многу ме радува за одличните резултати што ги постигнавте во Белград. Ние досега два пати по еден месец го носевме детето во св: Еразмо во Охрид али би сакал да се запознам и со условите за во Белградската болница. Можеш ли да ми кажеш нешто повеќе за условите?

pleaseeeee




makina -> RE: Деца со церебрална парализа (21.2.2010 20:58:02)

zdravo drangi,eve vaka,znaci bolnicata vo belgrad e specijalna za deca so cp,uslovite se odlicni,vezbite super,tamu ima i logoped koj odlicno raboti so decata,defentolog kaj koj decata idaat kako vo pretskolska,zavisi od vozrasta ucat da                 pisuvaat,da raspoznavaat boji,oblici,zivotni,......ima rabotna terapija,i vo ohrid ima ama tamu e katastrofa.,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]                  VO belgrad dodeka go vezbaat deteto ti objasnuvaat kade tocno da go pipnes deteto za da go stimuliras toa samo da se aktivira,znaci vezbite se tamu mnogu aktivni,kako sto velat tije AKO TI JE STALO TRUDISE JOS MALO,ako deteto saka nesto treba samo da se pomaci da dojde do sakanata cel,neznam sto drugo da vi kazam ama jas sum mnogu zadovolna od bolnicata[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image],sega zavisi od deteto,sekoje dete si e posebna prikazna,site se razlicni......................pozdrav




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (22.2.2010 12:50:12)

Јас мислам дека не е убаво да фрламе камења по костозглобна.Навистина тие не се специјализирани како некои специјални болници  кои работаат само со церебрална.Во костозглобна со церебрална се работи само на еден оддел.тие имаат нивна програма и тоа е тоа.Кај некои деца таа програма дава мали резулатати, кај некои никакви резултати.Меѓутоа не треба да заборавиме дека има деца кои и од костозглобна прооделе и прозбореле.
За жал ние немаме специјална болница која би се занимавала со овие деца попродлабочено и би имала сличен пристап како на пример  болницата од белград.Тоа многу фали во оваа држава.единственат болница што беше специјална детска, ја затворија.Работниот терапевт во охрид одлично си ја познава својата работа.Тоа што никој не се потрудил да вложи повеќе во таа личност и да ја праќа постојано на некакви нови усовршувања , тоа е навистина тажно.Ама тоа е кај нас, се надевам работите во иднина ќе се променат.





makina -> RE: Деца со церебрална парализа (22.2.2010 21:14:38)

BEKI nemam komentari za ova so erazmo.....rabotite nikogas nema da se smenat kaj nas zosto go nema vistinskiot covek sto stvarno si ja saka i si ja ceni rabotata,vo nasata drzava samo ako moze da se stavat pari vo dzep i toa ti e toa,pa ti cukaj si ja glavata od zid.pa kao mnogu im e zal za decinjata,doma odele so placki,mislam deka znaes za sto ti zboruvam,i kolku se lugeto tamu odgovorni........ma 100 pati ke kazam katastrofa e bolnicata za vezbi so cp,a za drugi raboti nemozam da zboram ,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]a sto se odnesuva za terapeutot podobro da zavrsila filozofski fakultet.




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (23.2.2010 13:25:07)

Мислам дека се работи за тоа кој како во одреден момент ги доживеал работите.
За мене лично работниот терапевт од костозглобна ми беше утеха и потпора во многу тешки моменти.Од неа добивав совет каде никаде на друго не можев да ги најдам.Научив многу работи кои многу ми користат.Јас таа жена многу ја почитувам.Тоа катче, работна терапија  во костозглобна, не е само обична терапија за детето, тука и родителот може да добие многу информации и тоа корисни информации.




Acule -> RE: Деца со церебрална парализа (6.3.2010 2:27:58)

Zdravo moeto dete ima hemipareza na levata strana dime sekade sega prooduvame inaku imame 2 godini i 4 meseci koja e taa bolnica vo Belgrad i kako do nea. Pisete mi odgovor.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Inaku vo Ohrid e dobro [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] relativnonie odime vo majcin dom od 2 meseci vozrast i sme zadovolni. Fiziotarapevtot sto go vezba sin mi dava se od sebe. Blagodarnost do Vale no sepak nesto fali.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mother 29 -> RE: Деца со церебрална парализа (7.3.2010 10:42:17)

кликни ....................GOD  DOESN`T MAKE MISTAKES




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (10.3.2010 12:35:40)

Прочитав дека Еца ја облеало чудно чувство на среќа кога прочитала за подобрувањата на Антонија.И треба,затоа што рр има огромен удел во организирањето на АБР, а и сега многу родители читаат и ми се јавуваат , ме прашуваат за АБР , а информацијата ја нашле на рр.
РР е единствен форум во Македонија, каде толку многу се дискутира за децата со посебни потреби, и што е најважно имаме присуство на голем број родители на деца со пп.Сакам да им пренесам на сите родители кои во еден момент ќе ја добијат информацијата за АБР, да не ја остават така да помине покрај нив.Заинтересирајте се, што етоа АБР.Ние со АНа 2,5 години вежбавме по бобат како збудалени,ни доаѓаше терапевт,терапевтот одлично си је вршеше својата работа, ама Ана немаше којзнае какви подобрувања.
АБР е единствена терапија која дава одговори кои родителот можи да ги види со сопствените очи.работиш,добиваш резултати.Не е слична на ниту една друга терапија.Точно се знае кои подобрувања можат да се очекуваат во однос на тоа на кој дел од телото се работи.ја викаат најубавата терапија на планетата земја, и со право.Воодушевена сум од АБР и до можностите кои ги пружа оваа терапија.За прв пат од кога се роди Ана, мене душата ми е мирна.
Не барам други терапии..завршија долгите ноќи пред компјутер во потрага по соодветна терапија.
Многу е важно родителот да знае дека тоа што го работи е добро за неговото дете, дека ќе му овозможи поквалитетен живот.Тоа јас го добив од АБР и затоа од срце ја препорачувам оваа терапија.







Reni3 -> RE: Деца со церебрална парализа (11.3.2010 14:28:01)

Zdravo, jas kako majka na dete so pp se vklucuvam na forumot so cel da im se pomogne nasite deca vo ostvaruvanjeto na sto podobri rezultati za sto posamostoen i ponormalen zivot.
Bi sakala da prasam dali nekoj od forumot moze da pomogne kako da se podnese baranje, inicijativa pretpostavuvam od nekoe formirano Zdruzenie, za promena na Zakonot za zdravstvena zastita, clen 13, za promena na doesagnata nega na dete do 3 godisna vozrast, da bide do 6 godisna vozrast, t.e do vklucuvanje na dete vo obrazovniot sistem. Ova e poveke od realno i izdrzano so ogled na toa sto i vo sosednite zemji kako Srbija e do 5 godisna vozrast, vo Hrvatska do 7 godisna vozrast, i so pravo e taka bidejki roditelite se tie koi se borat da postignat sto podobri rezultatie so deteto, sproveduvajki intenzivni fizikalni terapii i site ostanati alternativni raspolozlivi terapii koi baraat celodnevno angaziranje od strana na roditelot, bez pauza za praznik ili vikend.
Dokolku nekoj od forumot bi mozel da pomogne da posoci kako da se izvede inicijativata, jas so pomos na koj bi sakal da se vkluci ke go spremam predlogot za promena na clenot vo zakonot.




makina -> RE: Деца со церебрална парализа (11.3.2010 21:19:38)

Draga Reni i jas od koga go velam toa ama treba da se najde glavniot inicijator,a mnogu ne mi se veruva deka toa ke se usvoji[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image],jas bi ve podrzala vo se ,smetajte na mene,ako nekoj znae neka ti odgovori na prasanjeto,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (11.3.2010 21:23:02)

Поздрав и до двете...еве ветувам дека утре ке го распрашам убаво правникот на работа да ми објасни на кој начин може да се направи тоа и што се е потребно, па ќе ви пишам...




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 13:11:57)

Не знам како правно одат овие работи, но мислам дека ќе е добро да се изготви предлог за промена на законот и тој предлога да биде поддржан од сите здруженија на родители на деца со церебрална парализа.Па ако треба и потписи да се собираат, дури и од родители кои немаат деца со ЦП.
на рр го имаме бато од битола, тие се во битолското здрузение и исто така христи има здружение.Ајде да се организираме да најдеме контакт од сите здруженија во македонија и да видиме како понатаму.
Многу сум среќна што конечно нешто ќе се превземе за овие деца.дај боже да успееме.




Mila na mama -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 13:26:58)

Јас ги имам контактите. Кај кого треба да ги пратам?




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 13:37:08)

Мила на мама , фала многу [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
Прати ми ги мене, јас сум во контакт со рени, па после ќе се организираме.





Mila na mama -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 13:41:17)

пратено




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 13:58:31)

Зборев со правникот, за жал немаше време да седне и убаво да прочепка како одат тие работи. Кога ке ми е послободен ќе ви пишам детално за овие работи, ако не и нова тема ке отворам токму за тоа за да не ја полниме оваа тема со правни работи




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 14:00:30)

Мила на мама многу ти благодарам.
мами, мислам дека е паметно да се отвори нова тема исклучиво за оваа работа , па таму да дискутираме и да се организираме.




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 14:02:28)

Да да, само да си го начекам правников слободен и ке отворам и тие работи убаво ке ги разработиме таму




Reni3 -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 18:12:57)

Blagodaram na site sto se angaziravte za da go promenime zastareniot clen 13 od Zakonot za zdravstvena zastita i da se ovozmozi na roditelite podolgo i celodnevno da rabotat so svoite deca. Da se potrudime da uspeeme, a jas veruvam deka ke uspeeme.




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 18:40:36)

Еве и јас како админстратор ја подржувам оваа иницијатива.

quote]ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Не знам како правно одат овие работи, но мислам дека ќе е добро да се изготви предлог за промена на законот и тој предлога да биде поддржан од сите здруженија на родители на деца со церебрална парализа.Па ако треба и потписи да се собираат, дури и од родители кои немаат деца со ЦП.

Многу сум среќна што конечно нешто ќе се превземе за овие деца.дај боже да успееме.

[/quote]

И сметам дека измените во законот треба да бидат за сите деца со посебни потреби, така да во она што еве планираме да го превземеме да се вклучат сите здруженија, организации...кои се за деца со посебни потреби, па било тоа ЦП или Даун синдром или нешто трето. Дали се спгласувате со мене? И дефинитивно сум ЗА конечно да превземеме нешто посериозно, затоа од понеделник имам еден состанок на кој сметам дека ќе биде убаво да го кажам ова, па може многу брзо ќе јавам некои вести околу целата оваа иницијатива за измени во законот за здравтвена заштита.




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 19:45:18)

Потполно се согласувам со тебе Еца.

Верувам дека ќе успееме, е дека ова ќе е една од низата промени кои натаму ќе следат.Мора некако да тргне работата,да се јавиме дека и ние постоиме и дека и нашите деца имаат некакви права.Благодарам за подршката.




makina -> RE: Деца со церебрална парализа (12.3.2010 20:51:00)

 DRAGA ECI i jas se soglasuvam so vas ,sto mozm ke pomognam,smetajte na mene,za se sto bide potrebno,moze i uspejeme  KONECNO........




Reni3 -> RE: Деца со церебрална парализа (13.3.2010 7:48:44)

Еве значи што мислам дека треба да издејствуваме, споредено со законот во Хрватска.
Во Законот за здравствено осигурување, во член 13 треба да се додаде
Во Член 13 после ставот 4 се додава нов став кој гласи:
5. негување на дете со пречки во развојот (дете со потешка телесна и/или ментална инвалидност) до шест годишна возраст
Ставовите 5, 6, 7, 8, 9 и 10 стануваат ставови 6, 7, 8, 9, 10 и 11.
Мислам дека не е тешко да профункционира оваа промена која за нас многу ќе значи, бидејќи комисијата за категоризација постои и функционира и дава оценка. Исто така и финансиски мислам дека не би требало да го оптовари многу буџетот на РМ.
Еве го линкот до Законот ако некој сака да го прочита членот http://www.fzo.org.mk/WBStorage/Files/1.ZAKON_ZA_ZDRAVSTVENOTO_OSIGURUVAWE_25_od_2000.pdf




bato -> RE: Деца со церебрална парализа (14.3.2010 19:47:23)

Поздрав и од нас и потполна подршка за промена на законот за деца со посебни потреби.
Се надевам дека со заеднички сили ќе ги оствариме или барем ќе ги подобриме нашите права исто и ние во Битола превзедовме иницијатива за состанок со надлежните во центарот за социјални работи засега патот е трнлив меѓутоа секој почеток е тежок, али добро што почна да се слуша и нашиот глас па полека полека и резултати ќе има.Само верувајте во вас бидете храбри и радувајтесе на секоја насмевка на вашите т.е. нашите деца.




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (15.3.2010 11:21:24)

Направив еден блог и ги собрав сите информации за АБР на едно место.Имам уште за поставување, ама покрај сите активноцти шти ги имам нбаш и не останува време.
како и да е ќе надополнувам посојано.

Ова е врската     http://abrmakedonija.blogspot.com/




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>