beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (20.1.2010 20:57:54)
|
Мила и Еца многу ви благодарам, секогаш ме охрабрувате, како и цела рр. Јас се вратив, научив што можев, интерсот ми стана поголем и желбата за повеќе зснаење уште поголема.Така кога чоек е ученик во душа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Должам нешто на цела рр ,информации околу подобрувањата на нашите деца. Сите родители сме во контакт , и сите што работаат имаат некакви подобрувања.За сите важи едно исто, сите деца се посвесни, повеќе реагираат, испуштаат повеќе гласови, поконцентрирани се...Кај некои веќе има видливи промени во структурата.Важно е дека сите родители се задоволни и среќни. Спремам блог каде што ќе поставам многу информации околу методите за рехабилитација на деца со церебрална парализа,еден мал поклон од мене до мајките кои навистина сакаат да го подобрат животот на нивното дете. Треба да им се даде шанса на овие деца,тие навистина се поинакви, но на крајот на краиштата секој од нас е поинаков од другите на посебен начин.
|
|
|
|