RE: Деца со церебрална парализа (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца со посебни потреби



Порака


hristi -> RE: Деца со церебрална парализа (15.12.2009 9:46:25)

ajde Beki samo napred ni trebas na site bidi hrabra i gorda sto pravis dobrina za mnogu deca i nivnite semejstva ,Zalam sto nevistine neme da mozam da dojdam i dadam svoj pridones i vidam .No se nadevam eve te imame tebe i nasata ringerja sto ke ni gi prenes site slucuvanja od tamu.Pozdrav i samo napred[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (15.12.2009 11:56:35)

Беки, главата горе. Ова е огормен чекор за сите овие дечиња, а посебно за семејствата. Мора да се верува во напредокот, мора да се верува дека овој датум ќе промени многу работи во позитивна смисла. Сигурна сум дека ова е само почеток на убави работи кои допрва ќе следат за Вас и сите семејства кои имаат деца со церебрална парализа, почеток на еден напредок, почеток на една борба во етапи и секој еден мал чекор ќе го славиме и величиме како на Рингераја, така и во иднина на некое наше заедничко дружење. Кога ќе ја поделиме тагата, станува помала, но радоста станува поголема, се шири и влева верба на секој кој одамна ја изгубил надежта во животот. Откажување нема.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (15.12.2009 13:09:10)

Што би правела јас без вас.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]Ви благодарам мноооооогуууууууууу!




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (18.12.2009 20:41:23)

Беки ајде мила со Господ напред утре, ви посакувам добро да поминете на сесијата и да ни напишеш позитивни коментари. Те чекаме детално со информации [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/rozica.gif[/image]




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (18.12.2009 21:24:28)

Еца многу ти благодарам и многу и благодарам на цела рр за подршката која ја имав од вас во изминативе месеци .
Криста и Крис пристигнаа, се сретнавме и да ви кажам луѓе навистина сум воодушевена.Прекрасни луѓе.
Ви кажав уште од некни колку сум стресена  заради целата работа, па дали ке дојдат луѓе на презентацијата итн.. знаете шо ми рекоа "Не се секирај, дури и само 6 луѓе да дојдат утре не е проблем, знаеме како е кога се работи со луѓе".
Многу ми олесна,навистина прекрасни луѓе.
Многу се изненадив и искрено не очекував дека ќе се дотолку пријатни и фини.
Утре во 9.30 почнува презентацијата  , па со Господ напред.
Ќе ве известувам за се.
Многу сум среќна што ве имам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (19.12.2009 9:43:18)

Презентацијата само што почнала..Беки, нека е со убаво само и со помин за дечињата...Св. Никола ке им даде сила на сите да го поминат ова...




bato -> RE: Деца со церебрална парализа (20.12.2009 12:26:43)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]golemo bravo za beki,sekoja ti cest za ona prezentacija , sto uspea da gi donesis tie prekrasni ljuge, za da vidat roditelite deka ne postojat samo Bobat vezbite ,deka imame nadez da nasite angelcinja.Prezentacijata tecese vo najdobar red, i mislam deka mnogu raboti sto ne gi poznavav nauciv.MNOGU GOLEMO BLAGODARAM BEKI uste ednas.iako vremeto ne ni bese nakloneto za po pat imase golemi snegovi i odvaj si dojovme doma no vredese za toa sto otidovme vo ohrid. Jas sum od bitola , a iskreno da vi kazaam koga vidov deka so bebence od 6 meseci imase od Skopje i od cela makedonija bea dojdeni roditeli, samo go molam eden gospod da gi vrati doma bidejki vremeto bese mnogu loso za po pat.




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (20.12.2009 12:33:03)

којзнае зошто е тоа на добро. Ја чекаме Беки да ни се приклучи штом ќе може и да ни ги каже нејзините импресии и впечатоци. Верувам дека е пресреќна што ве имало од цела Македонија и верувам, дека е ова навистина почеток за поубав живот на вашите ангелчиња. Господ да ги благослови, а ние заедно сите да се собереме и да направиме некои промени за да држават стане многу поажурна околу прашањето за децата со посебни потреби. Ви посакувам да се дружите со нас уште долго и да ни пишувате за секој свој напредок Бато [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (21.12.2009 8:48:39)

Еве да ви напишам нешто рано од сабјле.Зафатена сум сеуште со АБР, Криста и Крис ќе се тука до среда па имам доста обврски.Меѓутоа рр заслужува да зне што се случува,бидејќи без рр овај настан немаше да биди тоа што е.Не можам да изберам зборови кои би ја искажале мојата огромна благодарност до тимот на рр кој од првиот момент се понуди за помош.

Морам да бидам многу кратка, немам многу време.Ветувам дека за некој ден ќе ви напишам многу повеќе.
Искрено сум многу среќна што не сум направила погрешен избор.
АБР не е никаков маркетинг и не е уште една лага,не е уште една од многуте терапии кои даваат лажна надеж.Родителите кои беа на прегледите многу добро знаат за што зборувам.
Ќе се потрудам да ви објаснам.Цел ден сум со луѓето и ги слушам што им кажуваат на родителите.Верувајте , кога родителите ќе слушнат каква е состојбата на нивното дете, менуваат бои.Кога јас слушнав на Ана,ми се плачеше.Овие луѓе не ве штедат,ви ја кажуваат вистината во лице.Се почувствува исто како што се чувствувам кога одам со АНа на невролог.
Меѓутоа разликата меѓу неврологот и овие луѓе , е што неврологот ќе ви ја плесне вистината во лице и на крај ќе ве прати да си одите без никакво решение,а овие луѓе ви кажуваат како се решава проблемот кој го имате.
Значи решение има,но треба работа и време.а под време не се подразбира 1 година.
Се прашувам себеси како до сега не сум успеала да видам толку очигледни работи кај Ана, а што ме будни уште повеќе е зошто докторите не ми укажале каде е проблемот.Дури и имам поставено прашање за градниот кош на Ана и ми рекле дека е нормален.
Ама луѓе не е нормален,далеку е од нормален.
Зошто не ги најдов порано овие луѓе?!!!!!!!
И за тоа ми се плачи.
Камо среќа да ги сретнев пред 2 години.
Но, за се има вистинско време.А нашето било сега.

Морам сега да одам.
Огромеееееееенннннннннн поздрав со сите вас, и уште еднаш многу ви благодарам за помошта.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]





mami -> RE: Деца со церебрална парализа (21.12.2009 8:52:47)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]беки, баш ми е драго што има успех во програмата...навистина..и за Ана, па така ти е тоа кај нас, не се обрнува многу внимание, важно е дека сега знаеш, дека сите родители знаат во каква состојба им се децата и знаат како да ги извлечат од таму. А сите знаеме дека родителската љубов, дополнета со сите потребни вежби дава најдобри резултати, па многу брзо ке читаме овде за сите тие дечиња дека напредуваат и дека има огромни подобрувања.. Само напред..




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (26.12.2009 16:17:55)

Еве конечно да најдам време и да ви напишам нешто повеќе за АБР.
Помина информативната сесија , поминаа прегледите и обуката.Имаме 5 АБР пионери во Македонија, кои го научија начинот на работа и почнаа да роботаат по дома.Една мајка денес ми пиша дека приметила заруменување на обравчињата кај нејзиното дете кое има има даун синдом.Многу се изненадив што толку брзо приметила новина.
Ние работиме со Ана, прво плачеше , не сакаше да ги види крпите но денес веќе е подобро и успеавма да работиме цели 2 часа.
Инаку АБР работи на јачање на клетките кои се наоѓаат длабоко во телото и до кои не може да се стигни со вежбите кои до сега ги работевме.Во тој смисол АБР е добра за огромен број состојби.Може и главоболка да се лечи, меѓутоа за да се излечи главоболка би требале околу 2 саати работа, а со аналгин тоа поминува за 10 минути.Значи за одредени состојби има побрз лек од АБР.
Луѓето од Белгија беа многу задоволни од целокупната организација и од се што се случуваше тие денови во Охрид па ни дадоа една прекрасна понуда.
Во јануар јас ќе одам кај нив на тридневна обука,како би можела понатаму да си ја одржувам групата и да еднаш годишно јас да се сретнувам со родителите кои почнале со АБР.
Имаме и попуст на цената.За годишна цена од 3040евра во Македонија од Беклгија ќе доаѓаат два пати , и плус таа средба со мене.Инаку во Белгија за истата работа годишната цена е 4500евра.
За крпите обично се плаќа , одредени центри бараат и по 150 евра, а ние ги добивме бесплатно.
Моја задача за во иднина е да ја проширам групата.Ми се јави една мајка од србија која сака наредниот пат да дојди во Македнија за АБР.Тие применуваат АБР меѓутоа одат во австрија и секое одење ги кошта 3500евра.Затоа таа сака да се префрли кај нас.
Кога јас почнував да организирам АБР средбата, ни на крај памет не ми беше колку голема работа правам.Луѓето понудија Македонија да биде местото за АБР Балкан.И тоа е нешто навистина големо.Ние,во оваа наша мала Македонија ќе бидеме центар за една прекрасна терапија која нуди рехабилитација без граници.Тоа е АБР, нема годишна граница, нема ограничување во напредокот,нема муабет од типот "ке вежбаме до пубертет и тоа е тоа".
Многу сум среќна што ја открив оваа терапија.Го најдов решението за проблемот и душата ми е многу мирна.Конечно добив логични одговори на моите прашања , а не одговори од типот  "Знаете 2 и 2 не се 4".Ги слушав тие муабети од докторите и како матемаичар, си велев мора да имаат некој превид штом 2 и 2 не се 4.Ова е терапија во која 2 и 2 се 4 и затоа толку многу ме освои.




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (26.12.2009 16:59:38)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]ете гледаш, од ништо испадна огромна работа и тоа за дорото на многу дечиња во македонија па и поблиските земји...БРАВО! Ви посакувам огромен успех, и уште побрзо да видите напредок кај вашите дечиња




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (26.12.2009 17:35:11)

[image]http://i258.photobucket.com/albums/hh278/mmorales515/hug.gif[/image]
После твојот пост ми доаѓа силно да те гушнам Беки. Срцето ми се исполни со некоја топлина исто како што тебе душата ти се смирила. Пресреќна сум што ова е еден оголем чекор за многу семејства и сигурна сум дека во иднина многу родители ќе ни ги напишат своите позитивни искуства од ова метода и заедно ќе се радуваме на секој напредок. Уште еднаш честитки Беки[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (28.12.2009 8:46:06)

Ме гушна драга Еца,верувај кога го прочитав постот ја почувствував твојата прегратка, топла и искрена.Многу ти благодарам, и многу ви благодарам на сите за искрената поддршка.

Наскоро ќе се формира АБР група за подршка, ќе ја формираат родителите кои започнаа со АБР, а целта ќе е собирање финасии како би можело да се даде можност на едно дете повеќе.Се надевам идејата ќе биде реализирана,искрено и благородно,онака како што и беше замислена.

Би сакала да ги повикам сите родители кои имаат деца со посебни потреби а кои го читаат форумот , да се вклучат и да започнеме со борбата за правата.Исто така би сакала да изнајдиме начин со кој ќе ги натераме нашите "богови" гинеколози, совесно да си ја вршат работата и во иднина повредата на мозок при пораѓај да се сведи на минимум.Моето дете како и огромен број други деца имаат проблем само заради несовесното однесување на гинекологот.Тоа мора неkaде да запри.




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (29.12.2009 19:04:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: beki


Би сакала да ги повикам сите родители кои имаат деца со посебни потреби а кои го читаат форумот , да се вклучат и да започнеме со борбата за правата.Исто така би сакала да изнајдиме начин со кој ќе ги натераме нашите "богови" гинеколози, совесно да си ја вршат работата и во иднина повредата на мозок при пораѓај да се сведи на минимум.Моето дете како и огромен број други деца имаат проблем само заради несовесното однесување на гинекологот.Тоа мора неkaде да запри.



Јас како родител ги повикувам сите родители да се избориме за правата на овие деца, да се избориме против несовесното однесување на гинеколозите, да се избориме за здрави деца и среќни семејства.




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (5.1.2010 12:05:03)

Морам да споделам нешто со вас.Една драга пријателка ми кажа еден коментар која го дала една докторка за мене.Сум била образована мајка , и се чудела како не сум можела да сфатам во каква состојба е мето дете.Сум живеела во бајка.
Очекував такво нешто,и знам дека такви коментари постојат.Јас совршено добро знаам во каква состојба е моето дете, ама тоа не значи дека треба да седам  со скрстени раце.Луѓето во светот прават чуда од овие деца,има методи со кои ги учат математика и читање, дури до таму имаат отидено, а ние треба да си чмаеме и да си викаме така сакала судбината, па ај сега да си седиме и да плачиме и да чекаме од Господ нешто да падни.А господ отвара врати, само човек треба да тропни.




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (5.1.2010 12:15:34)

Беки, сите сме веќе свесни нашиве доктори колку се компетентни за лечење и делење совети ( мислам потврдуваат секоја недела со нови испади) така што батали ја..ти вежбај со малечкото твое ангелче и пушти ги луѓето со дипломи да си зборуваат на празно




mother 29 -> RE: Деца со церебрална парализа (5.1.2010 12:17:48)

Беки ,немој едЕн коментар да ти пртставува  пречка....оди и цврсто чекори по твојот зацртан пат..тропај мила без срам на секоја врата и најди го спасот!цела рр е со тебе!а нема потреба да коментирам за квази др-ката!


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за тебе!ти си толку силна и истрајна жена!камо сите да се такви!




pacuvce -> RE: Деца со церебрална парализа (5.1.2010 12:22:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: beki

Морам да споделам нешто со вас.Една драга пријателка ми кажа еден коментар која го дала една докторка за мене.Сум била образована мајка , и се чудела како не сум можела да сфатам во каква состојба е мето дете.Сум живеела во бајка.
Очекував такво нешто,и знам дека такви коментари постојат.Јас совршено добро знаам во каква состојба е моето дете, ама тоа не значи дека треба да седам  со скрстени раце.Луѓето во светот прават чуда од овие деца,има методи со кои ги учат математика и читање, дури до таму имаат отидено, а ние треба да си чмаеме и да си викаме така сакала судбината, па ај сега да си седиме и да плачиме и да чекаме од Господ нешто да падни.А господ отвара врати, само човек треба да тропни.



Draga Beki,ne te poznavam licno,no ti se voshituvam na tvojata hrabrost...Sekoja majka e borec koga stanuva zbor za nejzinoto dete...Osobeno koga stanuva zbor za hendikepirani deca...Za zal,naseto opstestvo (mislam na makedonskoto) e prilicno nemokno vo odnos na ovie problemi... Mnogu e tesko da rastes,a da si porazlicen od drugite...Jas toa go imam oseteno na svoja koza...Iako,ne stanuva zbor za nekoj seriozen hendikep...Zatoa,koga bi mozela iskreno bi sakala da im pomognam na site onie decinja koi go minuvaat trnliviot zivoten pat...
A ti,glavata gore...Ne se predavaj...Gospod e golem...




bato -> RE: Деца со церебрална парализа (6.1.2010 19:08:30)

На сите родители на деца со ц. п. им ги честитам Божикните празници и им посакувам овај светол чин на Христово раѓање да им донесе мир во нивните срца и ги исполни со сила и моќ,за да можат да ја издржат борбата со нашите "Неистомисленици".




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (12.1.2010 18:30:43)

За да не дојде до церебрална парализа кај новородените деца, бремените жени не треба да пушат, ниту да употребуваат каков било наркотик за време бременоста и доењето. Исто така бремените жени треба да избегнуваат контакт со пестицидите и разните хемикалии, бидејќи со вдишувањето тие влегуваат во плацентата и може да ги оштетат мускулите и нервите на фетусот во развој.

Дали навистина овие работи имаат удел во тоа дали детето ќе има церебрална парализа или сепак постојат и други фактори кои придонесуваат за ваквата состојба на детето? Какво е искуството на родителите кои имаат дечиња со церебрална парализа.




bato -> RE: Деца со церебрална парализа (12.1.2010 21:34:15)

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат----Да затоа во секој момент побарајте ја насмефката од вашите најблиски Вие кои на некаков начин си поиграла судбината со вас со тоа што ви дала дете со Ц.П. Затоа сватете го тоа како доверба од некој повисок од нас и истрајте по трнливиот пат кој го врвиме, а затоа да ни биде полесно во ниеден момент не се откажувајте од борбата за поубаво утре за нас и нашите ангелчиња и во секој момент радувајте се на секој нивни напредок и секоја нивна насмефка.
Подарете љубов на блиските свој,и излезете со крената глава! Никој не е совршен. Затоа радувајте се на секој момент кој барем малку ви ја исполнил душата со топлина и очекувајте што повеќе такви мигови во иднина.




beki RR -> RE: Деца со церебрална парализа (13.1.2010 23:13:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

За да не дојде до церебрална парализа кај новородените деца, бремените жени не треба да пушат, ниту да употребуваат каков било наркотик за време бременоста и доењето. Исто така бремените жени треба да избегнуваат контакт со пестицидите и разните хемикалии, бидејќи со вдишувањето тие влегуваат во плацентата и може да ги оштетат мускулите и нервите на фетусот во развој.

Дали навистина овие работи имаат удел во тоа дали детето ќе има церебрална парализа или сепак постојат и други фактори кои придонесуваат за ваквата состојба на детето? Какво е искуството на родителите кои имаат дечиња со церебрална парализа.




Sekako deka imaat golem udel,megutoa jas bev bezprzkorna bremena zena,pravev se kako shto treba samo i samo da rodam zdravo dete,arno ama,,,,,,,,,

Momentalno sum vo Belgija,ucam[sm=smiley1.gif] poveke za ABR i go vidov piter jan,deteto od videoto, navistina izgleda prekrasno
Pozdrav do cela rr[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




Еца -> RE: Деца со церебрална парализа (13.1.2010 23:20:58)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]БЕКИ само напред, цела рингераја верува во тебе. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mami -> RE: Деца со церебрална парализа (14.1.2010 0:10:04)

Па тоа е прекрасна вест..Браво Беки..сите сме со тебе, само храбро и упорно мила...




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>