Fenix -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (20.7.2011 20:30:10)
|
Предметната дама се јави денес, и вчера неколку пати. Нема да откривам многу, не е фер, само ќе ја сумирам нејзината поента дека се што пишала тука било за да ме испровоцира, дека нема намера да се врати и да прави компромиси, дека она е во право за се, дека мојата мајка го диктира мојот живот и дека со помош на нејзниот татко кој работи во службите за безбедност ќе се осигура да немам пристап јас до своето дете никогаш повеќе затоа што сум бил лабилен и еден куп останати епитети кои ако ги споменам ќе се претворат во цензурирани звездички тука. Бега од одговорност да се биде брачен партнер и родител, се надева дека целата сигурност од нејзините родители е доволна и сопруг не е потребен кој има идеи за некоја си подобра иднина. Статусот кво во кој е порасната, без ништо, е далеку посигурна и побезбедна варијанта од било која насока која води кон авантури за прогрес. Нејзиниот пост тука бил намерна провокација, како што и наводното насилство од моја страна што сега неа ја смести во закрила на родителите. Продолжете да плукате по мене слободно. сите. Реплицирање и квотирање на Палешка се случајни, до таму стигнав во ретроспективното пречитување на постовите и не е ова реплика на зборовите на Палешка. Инаку, "Што к'р ја сум барал да се објаснувам тука на некои кокошки" е исто така некој вид нејзин поздрав до вас.. ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР Можеби ви се чини дека му треба стручна помош бидејќи не сте сретнале маж кој така грчевито се бори за да го спаси огништето. Можеби затоа што балканските мажи се индолентни, незаинтересирани за ништо освен за сопствениот стомак, пивото и мезето пред телевизор, па Феникс малку ви отстапува од клишето. Каде е предметната дама? Да се одважеше барем збор да каже! Барем насмевка една за таткото на нејзината ќерка....Барем тоа.
|
|
|
|