Gwendolin -> RE: Како се согласувате со родителите на маж ви? (21.3.2013 15:36:59)
|
Конкретно за темата - со нив се согласувам "супер", значи никако. Од секогаш знаев дека не можам да живеам со други родители, па со моите се расправав за ситници, не па со други. Не да не ги сакам, туку си имаме други мислења, јас сум возрасен човек, не сум петгодишно дете и сметам дека сум способна да живеам сама. Не живеам со родителите одамна, се борев и гладував често за да се изборам сама, ама ко не живеам со моите, па нема жива сила што ќе ме натера со неговите да живеам, па колку сака нека се добри. Од првиот ден кога ги запознав, сфатив дека не се согласувам и никогаш нема да се согласувам со нив. Разговарам со нив еднаш на неколку месеци, т.е. кога ќе ги видам. Песимисти, луѓе што би дремат дома, кукаат за пари, не фаќаат работа, за родендените на другите внуци се позајмуваат за прослави да прават, а оваа внука свекор ми не дојде да ја види до 6 месец. Дојде само ради што го донесоа со кола, инаку немал 300 ден. за воз. А купува кутија цигари секој ден. Ме изнервираа уште одма кога требаше да ги запознавам со моите, па ги викнав на вечера, дојдоа со внукот кој беснееше низ дома, не видовме ни вечера ни ништо, вниманието беше само за внукот (зашто тоа галено ни е)[sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]. После тоа, ај ме натераа да одам кај нив. Ги имаа покането сите роднини, имаше софри, маси...и ете така без мое знаење јас имав веридба [sm=hudicek1.gif] што тие ми ја направија. Затоа не правевме ни свадба, се регистриравме во матично без моите ама и без нив. Ради нив не ги викнав ни моите. Сакавме да купиме стан и ни требаше учество. Ни се развикаа и ни кукаа дека нема како да плаќаме кредит, дека нема да ни помогнат, дека нема леб да јадат (за другиот син кренаа кредити за свадби)...а кога им спомнав свадба, рекоа, е ај ќе позајмиме од некаде. Оф да не спомнувам дека свеки со кукање ми дојде да ја види внуката, прв муабет и беше лееееле немаш млеко (нема врска, фала богу имам сеуште) и сакаше да ја рани со бисквити [sm=hudicek1.gif], помош од неа ми беше влакна во вц-то, кукање, готвење само кога е синчето дома...Фала богу ги гледам ретко. не сум била да ги видам ни моите, а не одам само и само да не ги гледам нив. Не ми се коментират уште мнооогу вакви случки. Извинете, се изнапишав, сакам да кажам колку нервоза ми донесоа иако не живеат со мене. Мирот што го имам без нив вреди за сите пари. Сакам да ги поддржам тие што немаат храброст да живеат сами. Пример, јас и мм живеевме со негова плата од 12000, кирија 6000,сметки.. + цимер невозможен. Издржавме. И двајцата сме со високо образование, работиме како продавачи. Никоја власт не ни помогнала за ништо, сами со жртви, упорност и љубов се боревме за тоа. Работиме нон-стоп, ама не ми е мака. Живеам без нив. Купивме старо мало станче на кредит. Немам идеални услови и може никогаш нема да ги имам, ама сум пресреќна без нив. Само упорност, храброст и мојава луда глава не донесе до самостојност. Да ги слушав мм, родителите, неговите, пријателите и познатите...никогаш немаше да се земеме и да бидеме самостојни, ќе си останевме секој кај своите или ќе требаше да живееме во двособен стан со цела негова фамилија. Уште еднаш извинете за долгиот пост. Дел сум оф топик, може и да го избришете тоа, ама сепак сакав да го напишам некаде.
|
|
|
|