RE: Колку е доволно? (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна

Порака

Snowhite RR -> RE: Колку е доволно? (9.9.2013 23:47:40)

Е стварно не знам колку и е доволно на цуцава моја, има три оброци, појадок - обично овошје или фрутолино или гриз со овошје, или овошје со бисквити, ручек- зеленчук или зеленчук со месо и за вечера млечна кашичка и се разбира доење колку што сака и еднаш ретко два пати ад млеко и пак навечер на саат време откако ќе се заспие се буди по 2-3 пати и дури после заспива и спие до кај 3-4 часот пак за цицање, а и денски не спие по многу, демек ај моето млеко да не и е слабо, да не не и држи ситост, па пред спиење и давам ад ама пак спие 1-1.30 мин. Сокови не и давам, а и не сака да пие. Од колку месеци почнавте со ужинки? Мојава за десетина дена ќе прави 8 месеци

sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (10.9.2013 10:33:07)

Snowhite, не мислам дека се буди од што е гладна, туку едноставно такво е детето. И мојата беше така се додека не се одбивме од цицање, на 19 месеци, и не и изникнаа и тројките во тој период.
Инаку, ужини има откако јас тргнав на работа, од 8 месеци, односно вистински ред за јадење во градинка од 9 месеци - појадок (млечен оброк најчесто - како пишува на менито од градинка), ужина (чај, сок, овошје), ручек(манџа), ужина (овошје или некое благо). Кога ќе дојдев од работа пак цицаше, вечераше и пак цела ноќ се будеше по 100 пати (повеќе од 2 саати нема спиено).
Муабетот ми е дека ужинки може да има, но не верувам дека неспиењето е резултат на тоа што е гладна.

masa -> RE: Колку е доволно? (10.9.2013 11:17:38)

Ако си напредува убаво не ќе да е гладна и ако ги јаде оброците без молење.Мислам дека сите деца имаат некој таков период.Јас на пример никогаш не знаев колку и е доволно на ќерката зошто кашите одвај ги јадеше со триста молби и по саат време и најчесто не дојадуваше се што сум спремила и беше само на доење така да пак незнаев колку цица нели иако по грдите осеќав дека ги празни.Најчесто не се бунеше околу јадење да бара сама,но имаше еден период кога буквално на прсти одевме за да не се разбуди.Само трпение се надевам брзо ќе ви помине периодот па ќе можеш и ти како човек да се наспиеш [sm=smiley1.gif]

Snowhite RR -> RE: Колку е доволно? (12.9.2013 22:42:36)

Па што знам дали јади без молење, јас и ставам во уста, таа плука, јас пак и го враќам, пак ќе исплука малку, пак и го враќам и така ќе го изеде цело лажиче и пак после ново и така хранењето трае и трае..е сега само за 2-3 јадења отвора сама уста. А еве 2 вечери не ми ја јаде млечната кашичка, не знам зошто сака само да цица, дали и се здосади, треба друга да и купам можеби.

sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (20.12.2013 9:11:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Фала ви [sm=smiley1.gif]
Сокче пример колку да му дадам пр.најмногу 30-40мл дневно?Ова од тепка стварно незнам дали има дозволена мл. за сокче од кога ќе се почне или колку ќе си пие толку

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Па да, толку би било доволно, па секој нареден ден ќе зголемуваш, ќе ја дуплираш дозата и после тој самиот ќе ти дава до знаење колку му е доста[sm=smiley1.gif]

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Јас првиот ден и дадов околу 10 мл. и потоа зголемував постепено по 10 мл. на ден и толку, околу 50 мл. сокче на ден пиеше на таа возраст. Само многу е важно да не се воведуваат две овошја/зеленчуци наеднаш туку по едно на 5-6 дена.
Па среќно![sm=smiley1.gif]

sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (10.1.2014 13:39:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: *devojce*

mamicki imam prasanje
dali e dovolno vo denot da mu davam mlecna kasa n hipp, ovosna i zelencukova so meso ili preteruvam?Vo nedoumica sum?

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

*devojce*, не можам да се сетам колку месеци наполнивте. Но од 6 месеци натаму може да има три оброци, баш како што ги наброја. Наутро - овошје, ручек - зеленчук со/без месо, и вечера млечна каша.

mommy_angels RR -> RE: Колку е доволно? (17.1.2014 13:03:26)

Ќерка ми секојдневно пие свежо цеден сок,во чиј состав освен сезонско овошје има и морков и цвекло.Е сега прашањето ми се однесува на цвеклото-Дали секојдневната консумација може да биде штетна и колку може мало дете да изеде ?
Прашањето го поставувам поради тоа што цвеклото е како производ навистина е добро ,но јако,дури и урината добива бордо боја од него [sm=smiley1.gif]

sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (17.1.2014 13:35:40)

Мами, од се што сум прочитала за цвекло, нигде не пишува дека секојдневна консумација е штетна. Единствено, да не би се презаситило дете од вкусот (ако воопшто го приметува), од време на време би го паузирала по 1-2 недели, да речеме.
Колку е доволно - онолку колку сака дете, според мене, конкретно по ова прашање.

lekokrila -> RE: Колку е доволно? (26.1.2014 13:56:16)

dali nekoj imal slicno iskustvo i ako moze da me posovetuva otkako moeto bebce koe ima 4 meseci pocna da pie surup lagofer i kapki baby vital za podobruvanje na krvnata slika prestana da pie ad mleko se so zorle edvaj po 60 ml na 3h neznam zosto e vaka prethodno piese 130/150 ml inaku si jade po edno peceno ispasirano jabolko na den sto mozam da napravam za da mu go zgolemam apetitot? inaku tezi 5 i 900g kolku ml treba dnevno da pie mleko?

Snowhite RR -> RE: Колку е доволно? (26.1.2014 14:22:40)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Ќерка ми секојдневно пие свежо цеден сок,во чиј состав освен сезонско овошје има и морков и цвекло.Е сега прашањето ми се однесува на цвеклото-Дали секојдневната консумација може да биде штетна и колку може мало дете да изеде ?
Прашањето го поставувам поради тоа што цвеклото е како производ навистина е добро ,но јако,дури и урината добива бордо боја од него [sm=smiley1.gif]

Мами јас повеќе би се загрижила за морковот, отколку за цвеклото, зашто мислам дека со прекумерно консумирање на моркови може да добие портокалова пигментација

deluxe -> RE: Колку е доволно? (26.1.2014 14:56:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: lekokrila

dali nekoj imal slicno iskustvo i ako moze da me posovetuva otkako moeto bebce koe ima 4 meseci pocna da pie surup lagofer i kapki baby vital za podobruvanje na krvnata slika prestana da pie ad mleko se so zorle edvaj po 60 ml na 3h neznam zosto e vaka prethodno piese 130/150 ml inaku si jade po edno peceno ispasirano jabolko na den sto mozam da napravam za da mu go zgolemam apetitot? inaku tezi 5 i 900g kolku ml treba dnevno da pie mleko?

Лекокрила,кај секое дете е индивидуално,колку мл млеко ќе испие.Моето и до ден денес иако има 17 месеци пие едвај 150-200мл млеко на оброк,па супер си напредува.Самото расположение на детето ќе ти покаже дали е гладно или не.Доколку си е смирено,и расположено нема место за паника.Но исто така треба да му ја следиш килажата како напредува.Сепак консултирај си се со педијатар,можеби ад млекото не го сака,ќе смените со друго.Можеби цуцлата на шишето треба да ја смените,има многу причини поради кои детето одбива да јаде,и кај возрасните се јавува таков период[sm=smiley1.gif]без грижи,период е ќе го надминете,само биди упорна.[sm=smiley1.gif]

mommy_angels RR -> RE: Колку е доволно? (26.1.2014 19:59:26)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Ќерка ми секојдневно пие свежо цеден сок,во чиј состав освен сезонско овошје има и морков и цвекло.Е сега прашањето ми се однесува на цвеклото-Дали секојдневната консумација може да биде штетна и колку може мало дете да изеде ?
Прашањето го поставувам поради тоа што цвеклото е како производ навистина е добро ,но јако,дури и урината добива бордо боја од него [sm=smiley1.gif]

Мами јас повеќе би се загрижила за морковот, отколку за цвеклото, зашто мислам дека со прекумерно консумирање на моркови може да добие портокалова пигментација

Фала ти Сандриана ,а за цвеклото секако ја одмарам од време на време,сепак не сакам еднолично да се храни
Сноувајт незнам колку е многу,ама едно морковче со средна големина мислам не е многу
Незнам [sm=zmeden.gif] ,сега има убави моркови па сакам да ги искористам [sm=smiley1.gif]

elenak -> RE: Колку е доволно? (26.1.2014 23:40:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: lekokrila

dali nekoj imal slicno iskustvo i ako moze da me posovetuva otkako moeto bebce koe ima 4 meseci pocna da pie surup lagofer i kapki baby vital za podobruvanje na krvnata slika prestana da pie ad mleko se so zorle edvaj po 60 ml na 3h neznam zosto e vaka prethodno piese 130/150 ml inaku si jade po edno peceno ispasirano jabolko na den sto mozam da napravam za da mu go zgolemam apetitot? inaku tezi 5 i 900g kolku ml treba dnevno da pie mleko?

Мене нешто друго ми боде очи. Колку му е лоша крвна слика на бебе од 4 месеци за да пие железни препарати? Мој совет ти е да не му даваш ништо за подобрување на крвната слика затоа е што е сосем нормално да му е таква каква што му е. Детето е сеуште само на млеко, после 6 месеци кога ќе почнете да јадете цврста храна ќе можеш да почнеш со подобрување на природен начин доколку има потреба од тоа, а верувај ми нема да има.

deluxe -> RE: Колку е доволно? (26.1.2014 23:54:14)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Јас би се надоврзала на постот од Еленак,во врска со загриженоста за крвната слика.Нашата педијатарка,ми објаснуваше дека крвната слика,т.е железото до 6тиот месец оди во надолна линија,се намалуваат вредностите.Значи не е ништо алармантно,напротив е нормално.После 6ти месец ќе ја следите ситуацијата[sm=smiley1.gif] Се извинувам офтопик сум,но во контекст на прашањето на Лекокрила[sm=smiley1.gif]

elenak -> RE: Колку е доволно? (27.1.2014 10:22:08)

Ги прњместив постовите во соодветна ТЕМА за да не развиваме овде дискусија во погрешна насока.

sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (11.2.2014 9:18:48)

Девојки, прашањето на Лекокрила и одговорите ги преместив во темата Не сака да јаде.

Melanija RR -> RE: Колку е доволно? (25.2.2014 17:29:36)

Колку е доволно за 6месечно бебе?
Овошниот и зеленчуковиот оброк да се одделно по 125мг (1 тегличка)?Јасно дека е индивидуално, некогаш ми изгледа најаден а некогаш по 1 час му оддавам млеко,но не е тоа поентата оброк треба да е оброк.

Сеуште непроценувам и правам дупло, затоа барам совет.Во поголема количина може да се изгуби дејството на некоја состојка

sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (26.2.2014 10:05:31)

Melanija, точно дека се е индивидуално и дека млекото се уште е основна храна и на оваа возраст.
Читајки по литератури и интернет, сума сумарум, за цврстата храна дозите се следни - за возраст од 6-8 месеци:
-овошје: од 1 кафена лажица до 1/2 шоља (100тина гр.)
- зеленчук: од 1 кафена лажица до 1/2 шоља
- цералии: 3-9 лажици
Ови дози се наведени како дневни - распоредени во 2-3 оброка, меѓу млечните оброци.

Уште еднаш да го повторам моето искуство - Т почна да јаде вистински оброк - 120-130 грама кашичка дури после 9 месеци, откако тргнав јас на работа, па не можеше да се вади на цицањето. Имаше пробано речеси се од цврста храна примерно на возраста, но едноставно количински не јадеше.

Ilina87 -> RE: Колку е доволно? (26.3.2014 20:23:52)

Мајки, ве молам за совет. Имам 6 месечен син кој има ваков распоред на јадење.
7h адаптирано млеко 170мл
11h овошна каша 125 гр
14h зеленќукова каша 125гр
18 h млеко 200мл
21 и 30 h mleko 200ml
Дали е доволно? Се мислам да не му е малку млеко: И Ве молам предлог за млечна каша без глутен, фала

sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (27.3.2014 9:52:46)

Илина87, еве ТУКА има календар за развој за 6 месечно бебе, меѓу другото и за исхраната.
Во принцип оборците треба да бидат на 3 часа - со тоа што распоред би бил: млечен оброк, овошна каша, млечен оброк, зеленчукова каша, млечен оборк, млечна каша /млеко пред спиење.
Количината на кашичките е во ред, само размакот меѓу обороците некако е голем - и по 4 часа.
А што се однесува за каша без глутен - ако сте веќе со полни 6 месеци, би требало да го воведувате полека и глутенот. Без глутен од житерките се просо, пченка, хељда, па направи комбинации со нив.

Ilina87 -> RE: Колку е доволно? (27.3.2014 11:03:37)

Фала sandriana за одговорот. И јас мислам дека има многу време меѓу оброците, но најчесто спие тоа време и затоа е таков распоредот. За глутен не планирам да воведам до 7ми месец бидејќи имаме алергични на глутен во фамилијата. Поздрав

Melanija RR -> RE: Колку е доволно? (27.3.2014 13:29:44)

Пак дилема [sm=smiley36.gif] до кај 11 часот овошен оброк по 1 час 100мл млеко, и заспива, во 15 ручек-зеленчук по 1 час пак 100мл млеко и пак заспива,и околу 19 пак оброк и пак по 1 час млеко.
Последниве две недели ги јаде оброците повеќе количински мислам повеќе најчесто ручекот околу 160г. и пие повеќе млеко од кога беше на млеко.
ОНа дека кога ќе пројаде го отпива млекото кај нас воопшто не е така и баш сега ми изгледа натежнат а баш бевме некако мањак со кг .
Дали количински повеќе храна или да задржам баланс со млекото,зошто навистина кашите без проблем ги јаде ?

Bethany -> RE: Колку е доволно? (27.3.2014 13:40:55)

Што знам, јас секогаш сум за тоа да му дадеш колку што сака и може да изеде.
Ако нема проблем сега со пиење на млеко, нема да има ниту ако изеде некој грам повеќе каша.

sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (27.3.2014 13:41:12)

Меланија, јас би му дала каша онолку колку ќе го најаде - нека се и 200-250 мл, па после 2-3 часа млеко да пие.

Melanija RR -> RE: Колку е доволно? (27.3.2014 13:53:09)

Знаете што ме плаши многу ретко покажува на каша кога му е доста, па ми е да не се прејаде пака мака да не нема граница иако е бебе ама од раѓање е навистина некогаш ненаситно.Почна активно навечер да пие и по 150 мл за заспивање што е научна фантастика за него.
Велите да пробам додека сам не реагира дека му е доста не сака повеќе?Ќе ве послушам Bethany RR и sandriana RR [sm=smiley1.gif]фала ви

Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>