sandriana RR -> RE: Колку е доволно? (8.2.2016 11:27:21)
|
Во принцип и од мое искуство, децата дур цицаат, јадат помалку количински. Дур не почнаа во градинка, и двете деца, до 8,5 месеци јадеа смешна количина на храна по оброк - 150 гр. беше рекорд. Затоа нудев почесто, помали количини, а цицаа кога сакаа. Кога тргнаа во градинка, каде нема цицање по 8 саати- почнаа да јадат целосни предвидени оброци (иако им требаше околу месец дена да се навикнат на таа количина). Големата откако ја одбив од цицање, почна и дома да јаде нормален детски оброк - да речеме по 200-300 грама главен оброк (зависно појадок, ручек, вечера), плус овошни или слатки ужини. Малото оди во градинка и се уште цица - и за викенд, кога сме дома, оброците се уште и се минимална количина храна и цицање до мила воља. А во градинка или кога не сум јас дома, јаде вообичаен полн оброк.
|
|
|
|