|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Дали постите?
21.3.2011 19:20:13   
Snowhite RR
Ајде да продискутираме малку за постите? Дали постите или дали некогаш сте ги постеле некои од нашите пости, на пример Велигденските, Божиќните, Петровденските или Богородичните? И дали кога ги постите, постите без масло во оние седмици кога така треба, не јадите, односно јадите риба само во деновите кога е правилно да се јади? И дали постите во петок или среда на пример? И дали се воздржувате само од јадење мрсно или и од алкохол, како и од телесни наслади и уживања?
Јас еднаш ги постев Велигденските пости, почнав пред прочка нели е сирна недела не се јади месо, потоа првата и последната недела без масло, риба само на Благовец и Цветници. Не пиев алкохол, избегнував да се нервирам, расправам со некого, да се бакнувам со мм(тогаш дечко). Навистина многу убаво се чувствував тогаш, ми се смири душата некако, како да бев друга личност. Но тогаш се договоривме со мајка ми и двете постевме и така беше полесно за готвење, инаку ќе требаше само за мене да готви посно.
После постите се причестив
Повторно сакам да испостам некои пости, ама не знам, сега само во петок не можам да се воздржам, со Михаил кога го ранам се згрешавам и јас ќе пробам. Ај можеби в лето ќе се одлучам за некои, тие се пократки


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Дали постите?
21.3.2011 21:00:58   
Saturn
Имам постено за време на цели пости, 49 дена, еднаш во животот. Неколку пати имам постено првите и последните 2 недели. Редовно ги постам последните денови пред Велигден. Со мали деца тешко оди постењето user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Дали постите?
21.3.2011 21:03:59   
Saturn
Да појаснам. Кога сум постела сум постела од сите аспекти, евентуално имало по некоја лоша мисла. Значи ни алкохол, ни кафе, цигар и не пушам, ни бакнежи, ни секс, ни пцовки. Тоа е постење, се друго е турбо-фолк user posted image

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Дали постите?
21.3.2011 21:37:39   
humana
Ne psotam,neka mi prosti Gospud,vo faza na pravenje bebe sme:)) ama zatoa si postam sekoj petok,pa eve dna godina vise

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Дали постите?
21.3.2011 23:35:11   
Maca25
И да ми каже некој дека на пр. утре се пости јас до утре ќе заборавам. Така да никогаш не сум се зарекла дека ќе постам. Едноставно не можам насабајле без Нескафе со млеко user posted image

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Дали постите?
22.3.2011 18:02:59   
Martins mom
Не постам и никогаш не сум постела

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Дали постите?
22.3.2011 18:17:55   
mamamoni

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Едноставно не можам насабајле без Нескафе со млеко user posted image



ова како од мм да го слушнав, и тој неможи без нескафе со млеко и насабајле и навечер, а за постењето ги имам еднаш велигденските пости издражано цели и не ми беше проблем, минатата година почнав да ги постам една недела и тогаш дознав дека сум трудна и веднаш ги прекинав а и не сум шубеџија за тие работи

_____________________________

Daughters are another version of yourself, but only better !

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Дали постите?
22.3.2011 19:43:18   
*miki mami*
postam obavezno poslednata nedela pred veligden uste kako dete sum postela so babami,no ne sum imala hrabrost da postam cel post user posted image user posted image
bi probala ke izdrzam ama mi e strav da ne se zdebelam aj narednata godina ke probam zdravjeuser posted image

(Одговор на членот mamamoni)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Дали постите?
22.3.2011 20:38:44   
arh_diz
Gi imam posteno Veligdenskiot i Bozikniot post momentalno ne postam poradi toa sto dojam

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот *miki mami*)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Дали постите?
23.3.2011 11:02:54   
Pepelaska *
Многу сакам да постам ама сум издржала само две недели за Голема Богородица со масло и не се причестив затоа што мислев дека не сум баш убаво испостила ( излегување со мм тогаш дечко и сл) последните денови за Велигден обавезно ги постам некогаш со масло некогаш без, сега не можам со user posted image  здравје пак последните денови а мислам дека подобро е да не велиш дека постиш а уствари ти се јаде се мрсно и слично или правиш некои други работи кои во постот се забранети според мене постење и со телото и со духот не само со јадење

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Дали постите?
27.3.2011 15:19:36   
Snowhite RR
Инаку заборавив да кажам за мајка ми, таа се има зречено да пости во петок, јас кога сум била мала сум правена операција од колковите на 1 год ме однесле на болница во Охрид и таму 2 год сум лежела, денот кога ме однесле бил петок и така се зарекла за тој ден да пости и да не работи ништо и така прави цел живот



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Дали постите?
28.3.2011 18:00:16   
humana
И јас и мм се имаме заречено во петок дека ке постиме,зашто многу лоши работи ми се случија лани и прелани во петок,и фала Богу немаме проблем,убаво ми е на душава кога ке си го испостам денот.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Дали постите?
28.3.2011 22:48:56   
AnnaMolly RR
Јас не сум верник, не постам. Маж ми пости со свекрва ми, тие ќе постат цели пости. Знае мм дека не сум по овие верски обичаи и не ме ни тера.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот humana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Дали постите?
28.3.2011 22:52:40   
veckasr
da sum postela no sega nemozam da postam i da sakam 

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Дали постите?
28.3.2011 23:49:13   
Tanjat7880
Nikogash ne sum postela celi posti,postam samo na badnik i veliki petok,moj stav e deka mnogu poveke treba da vnimavame shto ke ni izleze od usta nego li shto ke ni vleze vo nea!
Site golemi problemi i tragedii mi se slucuvale vo vtornik na golemi praznici..

(Одговор на членот veckasr)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Дали постите?
29.3.2011 8:40:47   
anedespo
Не можам , многу сум стрвна. Иако сум сега на диета која знам да ја прекршам ама малку.user posted image

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Дали постите?
29.3.2011 10:14:28   
Glück90
do sega sum postela sekogas prvata i poslednata nedela za Veligden i sekogas koga se pagalo praznik vo sreda i petok,a ovaa godina gi postam celi posti za veligden.Ednostavno sakav da probam i eve sto se vika poveke od pola gi pominav.I da si go pofalam mm bidejki i toj posti,a nemoze bez jogurt da izdrzi.

_____________________________

When you focus on problems, you will have more problems. When you focus on possibilities, you will have more opportunities. Dream. Wish. Make it happen.

(Одговор на членот anedespo)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Дали постите?
29.3.2011 10:34:39   
mec21
За христијанските верници неделава започна шестнеделниот пост, кој истовремено е и најава, и подготовка за големиот празник - Велигден.
Под терминот постење во христијанството се подразбира воздржување од мрсна и обилна храна како и воздржување од сите грешни телесни задоволства, наслади и уживања во одредени временски периоди во годината.
Според христијанството, со постењето се челичи човековиот дух, бидејќи го скротуваме нашето тело и го потчинуваме на духот. Тоа значи дека постои телесен пост, кога телото се воздржува (пости) од храна и духовен пост кога душата се воздржува од лоши мисли, зборови и лоши дела. Ако луѓето постат само телесно, а го запоставуваат духовниот пост, таквото постење е ништожно. Правилен и вистински пост е само тој пост кога човекот се воздржува од секое зло (прекумерна и мрсна храна и лоши дела).


(Одговор на членот Glück90)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Дали постите?
29.3.2011 10:37:17   
mec21
pa i jas postam i bas mi e ubavo se vozdrzuvam od se i mnogu sum po smirena i po nasmeana:))) no dali nekoj ima nekoj ubav recept za veligdenskite jajca kako i so koja boja da gi ofarbam za da mi ispadnat najubavi:_))pozdrav

(Одговор на членот mec21)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Дали постите?
29.3.2011 12:24:46   
podarok
Дали знаете дека во првите пет петоци од постот, кога навечер се служи Акатист може да однесете петолебие за здравје. Имено се носат пет лепчиња замесени без масло, може со квас а и немора, на лист се пишуваат имињата за сите кои што сакаме да се помолиме, и за време на службата која е посветена на Мајката Божја се пеат лепчињата и се молат за здравје. Едно или две лепчиња свештеникот ви враќа за домашните и пријателите а другите остануваат за нафора. Јас однесов минатиот петок, кој сака може и во наредниве два.

(Одговор на членот mec21)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Дали постите?
29.3.2011 14:04:46   
Nadezna
Не постам, и никогаш не сум постела.
Моето семејство во кое ораснав не рбуваше на црквените правила и ме научи на некои други вредности
-да ти е душата чиста и секогаш да помагаш, без лоша мисла- така се се средува.
За оние лицемери кои само гледаат што се случува во туѓи куќи-џабе им пост

(Одговор на членот podarok)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Дали постите?
30.3.2011 9:01:24   
skorpijana
dosega ne sum postela nitu se zarekuvam deka ke postam ednostavno ne mozam

_____________________________

zivej go sekoj dena kako posleden

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Дали постите?
30.3.2011 20:56:34   
stojanoskad
pred da se porodam so pomaliot sin,ili dodeka uste go nemav,znaci pred nepolni 2 godini postev.Gi postev redovno veligdenskite posti vo celost, no i drugite.Gi postev onaka kako sto nalaga nasata religija,so denovi bez maslo, so riba samo za cvetnici i blagovec.No ne samo telesno ili so vozdrzuvanje od hrana se trudev toa da bide i duhovno.Postot za mene mnogu znaci.
Ne znam dali znaete no trudnicata i doilkata nemat pravo na post no imat pravo na pricest.Znaci na pricest(koja se zima po sekoj post)slobodno moze da pobarate pricest.

(Одговор на членот skorpijana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Дали постите?
30.3.2011 22:51:28   
misticia
ИЗВОРНА ПОРАКА: stojanoskad


Ne znam dali znaete no trudnicata i doilkata nemat pravo na post no imat pravo na pricest.Znaci na pricest(koja se zima po sekoj post)slobodno moze da pobarate pricest.



Немаме право?
Јас пак си постам а ја дојам Мартина

сепак голема е јаде се останато не е само на млеко и мислев ако снема млеко додека постам ќе ја одбијам
сепак млеко има и си цица

додека бев трудна не постев, и првите пости кога беа мали бебиња не ги постев ни за големото ни за малото, многу долго ми се фати без постење а уживам во леснотијата кога постам

сакам како тебе да продолжам со пост сите денови во годината кои се посни како што налага верата
до сега постев само кога ќе ми текнеше претежно пред Велигден, некогаш Петровденски пости или Богородични но ретко
и често еднодневни големи празници
сега сакам се со ред да постам мислам дека сум духовно спремна

(Одговор на членот stojanoskad)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Дали постите?
30.3.2011 23:03:03   
misticia
ИЗВОРНА ПОРАКА: Nadezna

Не постам, и никогаш не сум постела.
Моето семејство во кое ораснав не рбуваше на црквените правила и ме научи на некои други вредности
-да ти е душата чиста и секогаш да помагаш, без лоша мисла- така се се средува.
За оние лицемери кои само гледаат што се случува во туѓи куќи-џабе им пост



Добро ама не ја гледам причината зошто да ги мразиш тие што постат?
Веројатно повеќето од нив не се лицемери и не мислат лошо никому

Ете и брат ми не пости, а прекрасен човек е, јас често се чудам од каде му е таа сила да простува на сите и сите да ги жали и да ги сака

а постот како пост не е за другите, тој е за своја душа
не си пробала - затоа и не можеш да знаеш
не е никакво робување
повеќе е ослободување
не можеш да знаеш - можеби некој ден душата сама ќе ти побара и ќе откриеш

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?