Snowhite RR -> Дали постите? (21.3.2011 19:20:13)
|
Ајде да продискутираме малку за постите? Дали постите или дали некогаш сте ги постеле некои од нашите пости, на пример Велигденските, Божиќните, Петровденските или Богородичните? И дали кога ги постите, постите без масло во оние седмици кога така треба, не јадите, односно јадите риба само во деновите кога е правилно да се јади? И дали постите во петок или среда на пример? И дали се воздржувате само од јадење мрсно или и од алкохол, како и од телесни наслади и уживања? Јас еднаш ги постев Велигденските пости, почнав пред прочка нели е сирна недела не се јади месо, потоа првата и последната недела без масло, риба само на Благовец и Цветници. Не пиев алкохол, избегнував да се нервирам, расправам со некого, да се бакнувам со мм(тогаш дечко). Навистина многу убаво се чувствував тогаш, ми се смири душата некако, како да бев друга личност. Но тогаш се договоривме со мајка ми и двете постевме и така беше полесно за готвење, инаку ќе требаше само за мене да готви посно. После постите се причестив Повторно сакам да испостам некои пости, ама не знам, сега само во петок не можам да се воздржам, со Михаил кога го ранам се згрешавам и јас ќе пробам. Ај можеби в лето ќе се одлучам за некои, тие се пократки
|
|
|
|