|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Дали постите?
11.3.2013 16:09:55   
vezilka RR
Јас никогаш не сум постела, атеист сум. Ама мажле веќе неколку години (од пред да останам трудна, хе,хе се зарекол тогаш) пости и автоматски дома сите посен ручек имаме. user posted image Така да значи јас посно ручам user posted image .

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Дали постите?
11.3.2013 17:54:57   
Палешка РР
Само во петок.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Дали постите?
11.3.2013 17:57:59   
niki
ne sum vernik pa ne postam
no otako smenivme rezim na ishrana jadam mnogu pocesto posni jadenja a se pocesto mi se potrefufa i cel den da bidam na posno

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Дали постите?
11.3.2013 18:01:42   
cacisk
Jas postam samo 2 dena pred Bozik, i dva dena pred Veligden, i toa so sila bas togas se mi se jade.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Дали постите?
11.3.2013 18:21:33   
Џесика
Јас постам секој петок, и за строг пост. Најчесто кога постам ми е дури и непријатно затоа што сметам дека не „постам“ вистински, со тоа што знам и да опцујам, и да се испокарам и лошо да помислам, и се чувствувам како да ми е цел труд пропаднат во вода, затоа што не е тоа правилен пост за мене, ако постиш само со храна, а духовно си „мрсен“ до гуша user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот cacisk)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Дали постите?
11.3.2013 18:39:36   
Maca25
Не сум се зарекла никогаш дека ќе постам, затоа што знам дека несвесно ќе се омрсам. Мајка ми пости 18 години секој петок за здравје за мене.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Дали постите?
11.3.2013 18:43:43   
Ikana
И мајка ми знае да пости некогаш и без зејтин, јас до сега само трите дена пред Велигден сум ги постела....

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Дали постите?
18.10.2013 11:29:27   
kuklicka26
И јас потекнувам од семејство кое никогаш во животот не постело и ми останало замрежено во главата ние не можеме да постиме.Татко ми кога почина почина во најстрог пост и цело време му се пагаше посно за раздавање.Од дома иако немам некој култура за црква јас многу верувам редовно одам се молам си купувам обавезно за здравје од таму по нешто јас носам дарови за здравје но немав никогаш постено.Ми се насобраа многу многу лоши работи и одлучив претходниот петок да го испостам ама баш како што треба без пцуење и лоши зборови,пост и од телесни и духовни задоволства и навистина многу многу поубаво се чувствувам и маж ми ми се прилкучи во постот.И еве денес е пак петок о пак ќе постам и денес.Многу многу ми се смири душата и поубаво се чувствувам.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Дали постите?
18.10.2013 11:42:57   
AneLav RR
Убаво за тебе штом си решила да постиш баш како што треба да се пости. Јас обично не постам од тие причини или прави го нештото како што треба или ич не го прави. Значи кај мене дома додека бев девојка се постеше обавезно на Бадник, на велики четврток и заради бабата откога почна да живее со нас во петок. Сега со маж ми се трудам само на велики четврток и на Бадник да постам.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот kuklicka26)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Дали постите?
18.10.2013 11:54:33   
bucko mal
Posleden pat postev za Veligden pred 4,5 godini edna nedela,sega postam na Badnik, na Veliki cetvrtok.
Za drugite praznici ako slusnam deka e posno ke napravam posen rucek ali drugo nesto mrsno si jademe.
Poteknuvam od semejstvo kade mnogu se obrnuvalo vnimanie na tie raboti I sekoj praznik se pocituval so site adeti.
Mene zivotot me odnese vo drug pravec I se pomalku mi se gubi vrednosta na praznicite vo sekoja smisla.

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Дали постите?
18.10.2013 12:23:57   
deluxe
Постам редовно за Велигден = 7 недели,и за Голема Богородица= 2 неделниот пост.Оваа година постев и за Петровденските пости,единствено немам постено за Божиќ,здравје понатаму.Верник сум ,не се сметам себе за голем верник,но се трудам да ја зацврстам верата кон Бога преку пост и молитваuser posted image Телесниот пост можам без проблем да го испостам,додека духовниот е многу тежок,да пробаш да го контролираш мозокот според правилата на Бог.Додека едноденевните пости во Петок и Среда се трудам да ги постам ете нз зошто,седум недели издржувам да испостам,додека еден ден може да згрешамuser posted image

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 18.10.2013 12:27:15 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот bucko mal)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Дали постите?
28.11.2013 14:09:29   
Mihaela 2010
Postam za veligden i toa nekolku dena,i za Bozik
Od denes pocnaa Boziknite posti


_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Дали постите?
29.11.2013 0:00:27   
elenak
Јас не постам и не се чувствувам вина заради тоа. Едноставно постот е чистење на организмот, според мене нема врска со тоа дали си верник или не. Верник сум ама едноставно тоа не е за мене. Постам само еден ден, на Велики петок и тоа едвај издржувам, психички се оптеретувам цел ден претходно дека утре треба да се пости и дека морам да внимавам.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Дали постите?
29.11.2013 8:33:03   
mommy_angels RR
Велики петок и Бадник ги постам,зашто така сакам.Друго не, заборавам дека треба па затоа не се ни зарекувам. Мене ми е поголем грев да се заречам па да не испочитувам,отколку воопшто да не почнувам. Постот не покажува колкав верник е еден човек,верата е во душата и срцето ,а не во мислата на другите за нашето однесување.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Дали постите?
29.11.2013 9:26:36   
Bethany
Јас повторно почнав да постам - секој четврток. Така одредив некој ден, нема многу смисла, ама за мене и Господ има.
Порано практикувавме заедно со мм, па потоа останав бремена, па после доев и не практикував, ама неодамна почнав повторно.
Јас постам така што ништо не јадам освен вода што пијам, до вечерта.
Во почетокот е предизвик, после веќе го навикнеш организмот.
На тој начин го прочистам организмот, и самата повеќе се преиспитувам до каде сум духовно бидејќи мислите повеќе ги насочам кон тоа.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Дали постите?
19.1.2014 1:52:00   
Defne90 RR
Ne znam kako toa ama jas ne mozam da izdrzam ni eden den da postam,znaci eve vcera se postese za krst a jas ne uspeav ni dva casa da postam.Maz mi e istiot.Ponekogas moze da se sluci da postime cel den no do vecer ke se omrsime sekako.Velat postenjeto e ubavo te procistuva i duhovno i telesno no ajde posti,bas koga se posti mene dali deka ne smee da se jade mrsno togas najmnogu mi se prijaduva.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Дали постите?
25.11.2014 16:32:01   
caciana
Jas sum vernik ama ne postam.. postam samo 4-5 dena pred veligden. Ne deka nema da mozam da gi izdrzam postite no ne sum se potrudila i ne sum probala.
No postot ne ne pravi vernici neli? Podobro da ne postis i da si priznajs deka ne mozis da izdrzis , odkolku da se zarecis deka postis a go prekrsis postot user posted image

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Дали постите?
25.11.2014 16:41:07   
Melanija RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Lani gi postev boziknite posti, godinava ne znam sto da pravam, so ogled na toa deka sum bremena, znam deka e dozvoleno za trudnici i stari lica konzumiranje na mleko i mlecni proizvodi. Mesoto ke go odbegnuvam. Sepak ke go prasam selskiot pop za mislenje.

ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Јас никогаш во животов немам држено пости, ниту пак се имам причестено. Можам да постам тоа не ми е проблем но ми е гроза да се причестам. Единствени пости кои ги држам, поради религијата се велики четврток и петок, Бадник.

ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Јас имам постено 3 години по ред за Велигден, цели 7 недели, од кои првата и последната без зејтин. Два пати се имам причестено, првата година кога постев незнаев како идат работите и касно отидов ,причесната веќе беше завршена :(
Сега го постам секој петок.
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Jas sum od onie luge sto cvrsto veruvaat vo Boga megutoa so postoenjeto i pricestuvanjeto sum skarana.Tesko mi e da postam i zatoa se imam precesteno samo ednas uste dodeka bev mala.I mi imaat kazano deka e podobro da ne ni postam voopsto otkolku da postam vo maki i iskusenie.Inaku i jas postam samo za badnik ama mi se ima slucuvano da zaboravam pa i togas da se omrsam,najcesto okolu decata,zatoa sto tie se uste mali za da postat pa so niv i jas.




_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Дали постите?
25.11.2014 17:22:46   
Ki4iko
Јас сум верник исто така,но немам постено воопшто.Штом ми помине бременоста,сакам да си почнам.user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Дали постите?
26.11.2014 8:37:00   
Anuska14
Јас сум верник и постам секој петок-понекогаш и среда и секогаш за големи празници. Големите пости (велигденски, божиќни, петровденски) ги почитувам кога -како но не мислам дека си верник ако постиш-на тоа гледам само како чистење на телото од нечистотии параллелно со чистење ан духот.

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 70
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?