blue_blue -> RE: Првиот ден во градинка (29.8.2016 11:02:29)
|
по мене, најважно е како ќе реагира родителот..децата ја гледаат и следат реакцијата на родителот па мислам дека е многу важно да се воздржите од паника, страв, итд...на детето е важно да му се каже сто пати дека таму иде да си поигра и дека мама и тато ќе дојдат да го земат. Детето ќе се прилагоди, некое полесно, некое потешко, ама ќе се прилагоди...е сега ние како родители мислам дека треба да сузбиеме во себе многу работи и да не ги рефлектираме на детето...за мене најголема борба беше да се носам со чувството на немоќ...немоќ дека ништо, ама баш ништо не можам да сменам во тој трул и нефункционален систем во кој во 90% од случаите владее хаос во кој многу малку работи функционираат како што треба. Генерално владее башибозлук, почнувајќи од бројот на деца во група, бројот на негователки, немање кадар кога некоја негователка е на подолго боледување – децата се спојуваат од две групи заедно, а останува после пладне (после 13:00) само една негователка, принуднотос пиење по два саати од 12:30 до 2:30 и за деца од 5, 6 години, оставање на децата сами во занимална и по повеќе од 30 мин, викање на компании ала битолска млекара, Лино и слични да прават маркетинг на своите многу здрави производи во градинка, немање систем за поплаки и санкционирање на наставничките, и да не редам веќе.... секоја чест на оние инцидентни и изолирани исклучоци кои ќе покажат трунка човечност и ќе работат со користење мозок.. за мене градинката не е место за чување на дете кај што детето треба да се најаде и преоблече туку воспитно образовна институција која му помага на родителот во воспитување на детето...за жал воспитните (а богами и образовните) методи се како од времето јас и вие кога сме биле деца...е сега, и покрај се ова сметам дека детето треба да оди во градинка од една проста причина што колку порано се прилагоди да живее во овој нефункционален систем толку подобро за него, зошто во школо е дури и поголем башибозлук од ова што е во градинка, а за школо па немаме избор – таму мора да оди. Затоа сметам дека децата треба да одат во градинка за да научат да се снаоѓаат и да живеат во тој систем, многу полесно ќе им биде после во школо. А дека нешто во истиов ќе се смени не сум ич оптимист. Имало многу иницијативи од родители, некои доста сериозни, еве на пример за храната, колку што знам пропишани се нови правилници, ама колку истите се почитуваат тоа е друго прашање. Исто така има по закон пропишано колку деца треба да има во група, ни тоа не се почитува, така да она што ни преостанува е да најдеме начин да го совладаме чувството на немоќ, да санираме дома воспитно се што невоспитно се научило во градинка и да ги спремаме децата да успеат да пловат во овие тотално нефункционални системи...или да спакуваме куфери и да одиме некаде кај што државните институции функционираат како треба....ај баш ме занима кои ќе ви бидат вас искуствата, моите се од пред неколку години, можеби нешто се сменило...
|
|
|
|