Viktori -> RE: Епидемија на мали сипаници во Македонија (13.4.2011 21:14:31)
|
Малите сипаници се акутно инфективно и многу заразно заболување од вирусно потекло кое се карактеризира со макулопапулозен осип (црвени меурчиња на кожата кои се полни со вода). Етиологија Предизвикувач на малите сипаници е вирус од групата на миксовируси со големина од околу 140 милимикрони. Вирусот е антиген кој создава антитела во организмот, кои што се користат за создавање на вакцина против истата. Епидемиологија Малите сипаници претставуваат космополитско заболување (го има во сите делови на земјината топка) во сите населени места, без разлика на тоа дали е град или село. Се јавува во најголем процент кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (меѓутоа тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Извор на инфекцијата е заболена личност кој го носи во себе и го пренесува, го шири заболувањето на други лица исклучиво по каплична инфекција (кашлање, кивање, секрет од нос, очи, уши, итн). Преносливоста е многу голема, дури и 100%, па почесто добива и епидемиски размери, меѓутоа со воведување на вакцината за морбили, епидемијата може да се повтори на 5-10 години. Клиничка слика Малите сипаници просечно траат од 15-20 дена чија што претходна инкубација (влегување на вирусот во организмот до појава на први симптоми) трае 10-12 дена. Стадиуми на болеста се: 1. Инфективен стадиум со телесна температура од 38 до 40 степени. Децата се жалат на главоболка, малаксаност, вознемиреност и жед. 2. Катарален стадиум. Детето не може да поднесе светло, има зуење во ушите, солзење на очите, му тече носот и секрецијата е зголемена. 3. Во третиот стадиум, во усната шуплина се појавуваат посебни белузлави наслаги кои се нарекуваат копликови флеки кои се задржуваат два до три дена. После појавувањето на флеките, по еден до два дена се јавува осип на кожата, температурата е висока, од 38 до 40 степени и карактеристично е што првиот осип (макули) се јавува навечер на косматиот дел од главата (косата). По еден до два дена, тој осип се шири по целото тело, при што кожата станува видливо црвена, со ситни макулозни промени. Осипниот стадиум трае три до шест дена и по тој период осипот почнува да бледнее и по три до седум дена истиот се губи. Децата кои што прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет кој што ги штити во текот на целиот живот (повторно не се заболува од мали сипаници). Клиничките форми на болеста можат да се јават како лесна и тешка клиничка слика. Во тешките форми на заболувањето може да се добие: бронхопневмонија, вирусна бронхопневмонија, бронхиолитис, ларингитис или бактериска пневмонија како дополнување на основната болест. Во потешки форми, можат да се јават и отитис (воспаление на увото), синузитис (воспаление на синусите) и енцефалитис (воспаление на мозочните обвивки). Дијагноза Дијагнозата се поставува по однос на клиничката слика, копликовите флеки, епидемиските податоци и евентуалните лабораториски испитувања. Прогноза Прогнозата на заболувањето во голем процент е добра и завршува со излекување. Лекување Најважно е болното дете во текот на заболувањето да се изолира, да седи во домашни услови на амбиентална температура од 24 степени, да зема течности и чаеви и витаминска терапија. Ако температурата е многу висока, се даваат лекови за намалување на истата (антипиретици). Превенција Заштитата се спроведува со вакцина која се состои од мртви вируси од типот на Едмонсон која дава помалку процентуални вакцинални реакции, меѓутоа, постои и вакцина со живи вируси кои што нормално предизвикуваат реакција на антиген антитело и дава доживотна заштита. Заклучок Малите сипаници се болест која што неминовно во 99% од случаите завршува со добар исход и остава траен имунитет. извор: за здравје Јас не мислам дека треба да се затворат градинките и школите, туку да се обрати повеќе внимание на хигиената во нив. Треба да се изолираат болните деца, а не здравите. Која е поентата детето да не оди во градинка, а да си игра по иулици и на игралишта, да се носат по продавници и тн. И не заборавајте дека и возрасни може да фатат сипаници. Јас имав, пред 2 години.
|
|
|
|