baby_bump -> RE: Епидемија на мали сипаници во Македонија (28.4.2011 1:52:13)
|
Ние денес примивме трета ревакцина за дитепер со наполнети 6 месеци и еден ден, докторката веднаш почна да и кажува на сестрата да спрема и вакцина за морбили без да не праша, а како што кажав претходно, во консултација со матичната одлучивме сега да не ја вакцинираме, бидејќи не се меша со деца не оди во градинка, плус во нашиот град нема прогласено епидемија...и да не должам, ние се побунивме и рековме дека не сакаме сега да ја вакцинираме. Не ја примивме оваа вакцина, но затоа моравме да потпишеме и сега ќе чекаме казна од државата!!!!! Така ни кажа докторката: мора да потпишете, зашто не сакам, вели, мене да ме казнат, нека ве казнат вас, и нема што вие со матичните да се консултирате, ова е наредба од министерот!!! Епа сега нека ми извини министерот, ама нека си го вакцинира тој детето кога сеуште не е време за таа вакцина и кога навистина нема потреба. Тоа е мое мислење, се потпишавме. Ако за 2 месеци тргне во градинка, тогаш ќе ја вакцинираме. Плус уште нешто, никогаш не се става прва вакцина за една болест, со ревакцина за друга болест, ама ете се има кај нас. Ако има реална опасност за детето секој е доволно свесен да го заштити, ама вака, не благодарам.
|
|
|
|