Calypso -> RE: Доење (30.7.2011 11:02:40)
|
Јас пиев од капките, три пати дневно по 15 капки, два дена. Ми ги дадоа за да ми престане крварењето, поточно менструацијата, бидејќи јас добив менструација точно по еден месец откако се породив, и ми траеше три недели, може и повеќе, не паметам точно. Мене ми беше страв да ги пијам баш поради тоа што пишува, дека може да бидат токсични за детето, со сила се натерав да ги пијам, и тоа најмалата доза. Инаку, грчеви ќе имаш од нив, ама и детето може да има. Јас тоа го забележав кај син ми, може коинциденција било, а можеби и не. Гинекологот ми рече дека нема врска токсичноста, единствен проблем од нив било тоа што можат да ми го намалат млекото. Ми рече да ги пијам три дена, јас ги пиев само два, и тоа првиот ден три пати во денот по 15 капки, а вториот ден 2x15 капки. И престанав самоиницијативно, бидејќи мислев дека немаат ефект - ми рекоа дека веднаш ќе делуваат, а јас крварев уште повеќе. Но после три дена престанав да крварам. Прашај гинеколог, и твојот и некој друг, па види што ќе ти кажат.
|
|
|
|