RE: Грчеви кај бебето- колики (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


mimicka -> RE: Грчеви кај бебето- колики (29.8.2009 13:17:46)

Потпишувам целосно....како и да внимава мајката на исхраната. Верувајте испробано и навистина помага ние сме веќе три месец и скоро и да немавме грчеви. Тие неколку пати што го фати му го затоплував стомачето и тоа му помагаше.




nutelizza -> RE: Грчеви кај бебето- колики (29.8.2009 15:48:39)

Јас многу пазев на исхрана.
Јадев компоти тоа време знам многу.
Свезо зеленчук и овошје НИКАКО
И млеко не пиев зашто млеко не создава млеко
Го пиев чајот од Хипп

И Nurse Harvey's и бебето сигурно нема да има  грчеви




mami -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.9.2009 10:42:51)

Ние ги користевме Саб симплекс и можам да кажам дека само тие му ги смирува грчевите..во 3 месеци имаше само 2-3 јаки епизоди, другото беше незначително 




mother 29 -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.9.2009 10:48:42)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]sab-simplex...i kaj nas ista situacija.




mami -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.9.2009 10:51:09)

дефинитивно..здравје за другото пак ке си ги нарачам да ми носат




srekna mama -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.9.2009 10:52:27)

здраво на сите!Јас сум нов член на овој форум чи доста ми се допагаат темите,советите.Инаку сум мајка на Илија 2 месеци,прва моја срека.И ние имавме многу проблеми со грчевичпробав се,па мој одговор е дека со чаеви,капки...мозе само моментално да се ублажат грчевите.ке ги има до 3-4 месеци,поублажени,но додека не им се среди цревната флора ке биде така.Пробајте и со про лифе раствор,добар е итој




mother 29 -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.9.2009 10:58:04)

da i jas...ma kakva i da saka neka e hemija...koga gledam deka mu pomagaat na deteto go smiruvaat zosto da ne....pa ne pisuvase nesto koj znae kakvo vo upatstvo...gi nosev kaj maticnata i taa mi vika" Katerina toa e tvoj izbor,jas ne mozam da ti kazam davaj gi posto takva e programata(do 6 mes.demek samo majcino mleko),no i jas sega da imam bebe bi mu gi davala"..ete taka mi rece dr.




mami -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.9.2009 10:59:17)

мене ми ги носеше другарка директно од Софија, таа студира медицина и прво нешто ги прашала таму докторите и сите и рекле дека тие се најдобар лек, и искрено повеке им верувам ним отколку на нашиве




Tanjicka -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.9.2009 16:33:45)

a ali ste slusnale za LIOBIF ampuli sto mu se davaat na bebeto? ima li nekoj informacija




srekna mama -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.9.2009 16:38:38)

немам слушнато за такви,јас му давав prolife,само тие се даваат по 1 месец




kiki_riki -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.9.2009 16:41:46)

nie koristevme plantex caj, a pomaga i nesto toplo da se stavi na meseto- jas peglav pelena i taka topla ja stavav a po potreba i po nekolku pati na den, toploto gi opusta




Sara -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.9.2009 16:59:10)

Јас почнав да го пијам чајот за доилки од билна аптека кој е мешавина од 5 билки, и не сум сигурна дали ни помага.
Всушност незнам од која недела почнуваат грчевите, ние веќе наполнивме 2 недели ама чим почнав нормално да се хранам и бебето почна да добива грчеви ама не се страшни се витка по малце и се издржуваат, го држиме за стомачето и му поминуваат, се надевам нема да добие поголеми грчеви.




Bile -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.9.2009 17:03:05)

Caj od majcina dusicka so nekolku zrnca kim majkata treba da pie pred sekoe doenje i definitivno e efikasno i ispobano, kolikite kaj bebeto skoro i da gi nema posle ova. probajte pa ke diskutirame posle




Sara -> RE: Грчеви кај бебето- колики (21.9.2009 12:45:17)

Во овој чај од билна аптека има и мајчина душица и ким, и јас го пијам во текот на цел ден - ама не приметив некоја разлика. Се грчи душиче, се витка да незнаш што да му правиш кога го гледам така.




Sara -> RE: Грчеви кај бебето- колики (25.9.2009 19:52:52)

Го има ли некој користено сирупчето Collic Baby за грчеви кај бебињата, аптектарката рече било подобо од она Nurse harvey's, само ние сме 2,5 недели а Матеј веќе го фатија грчевите, душичка да ти е жал да го гледаш. Го прашав педијатарот ми рече дека можам да му давам по 2мл иако нема 1 месец. Дали вие дававте пред навршен 1 месец?




lidijas -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.10.2009 20:28:55)

Jas na kerka mi i davam caj Plantex ili Becutan, a stavame i topla obloga na stomaceto(ili pelena topla ili termofor, a imalo specijalni pernicinja no go prebaravme polovina Skopje i ne uspeavme da gi najdeme). Inaku od vtorata nedela pocnavme da i davame sirupce Nurse Harveys po preporaka na pedijatar no veke go prekinavme mi se cini deka najveke pomaga toplinata na stomaceto. Kerka mi pie adaptirano mleko pa navodno zatoa imala poveke grcevi.




mis. -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.10.2009 20:39:43)

Такво перниче јас сама му направив му сошив а внатре го наполнив со трици тие држат топлин.Му ја греев во микровалната.




mami -> RE: Грчеви кај бебето- колики (20.10.2009 20:56:06)

од тие перничињата кои се топлат во микро имаше во Рамстор, незнам дали уште ги има, ама скроз позади, каде што се продава опрема за тенис, фудбал, значи скроз во задниот дел, и имашемали и големи и беа ставени во разни форми- овчичка, куче, маче...пробај таму дали има уште




lidijas -> RE: Грчеви кај бебето- колики (21.10.2009 21:36:31)

Ke proveram vo Ramstor fala za informacijata. Za perniceto so trici imam slusnato i ke go napravam samo da najdeme trici.




mis. -> RE: Грчеви кај бебето- колики (22.10.2009 12:09:25)

лидијас доколку дојдеш на дружењето во сабота јас ќе ти донесам трици.




lidijas -> RE: Грчеви кај бебето- колики (22.10.2009 18:18:54)

Ke se snajdeme za tricite, a mnogu sakam da dojdam ama ne mozam mnogu sme malecki za izleguvanje sledniot pat ke dojdeme.




Еца -> RE: Грчеви кај бебето- колики (22.10.2009 18:22:23)

се извинувам за постот погоре кој веќе го избришав ама тоа ќерка ми се заразила со Рингераја и нејзините смајли[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Инаку навистина со Мила не ни осетив дека има грчеви, траеа многу малку и не беа воопшто страшни.




Bile -> RE: Грчеви кај бебето- колики (22.10.2009 18:27:38)

So prvoto dete mnogu tesko gi prebrodivme tie stomacni grcevi bidejki bese na adaptirano mleko Aptamil i nisto ne ni pomagase, a sega so vtoroto e polesno. Polesno e zatoa sto sme na doenje i sekoe sabajle i sekoja vecer jas pijam caj od majcina dusica i kim i veruvajte grcevite gi nema.




mis. -> RE: Грчеви кај бебето- колики (27.10.2009 10:28:08)

Стомачна болка (абдоминална колика) кај децата   Стомачните болки се честа тегоба кај децата од сите возрасти. Овој симптом заслужува полно внимание на лекарот и навремено диференцирање на многубројните причини што можат да бидат од органско или од психолошко потекло. Но треба да се истакне дека етиолошката дијагноза може да биде многу тешка, дури и со најдобрите дијагностички можности. Под слика на болка во стомакот, освен заболувања на абдоминалните органи (црева, желудник, бубрези, генитални органи), можат да се кријат и други заболувања, како што се шеќерната болест (дијабетична кетоацидоза), воспаление на долните партии на белите дробови или плеврата итн. Честотата на поединечните причини зависи од возраста на детето. Но, најбитно е во првичната процена точно да се одреди дали станува збор за заболување што бара итно, хируршко лекување или станува збор за проблем кој не е ургентен и се третира конзервативно. Од особено значење за дијагнозата се податоците што родителот или детето ги даваат на лекарот во врска со местото, карактерот, јачината и траењето на болката, како и за евентуалните придружни манифестации (температура, повраќање, пролив, кашлица, слабеење, крв во урината). Во периодот кога се новороденчиња кај голем број од бебињата се јавуваат грчеви во стомачето, наречени инфантилни колики што се резултат на навикнување на стомакот на храна или голтање воздух при цицање. Болките се јавуваат секојдневно, речиси во исто време. Бебето почнува силно да плаче и да ги собира нозете, а по испуштање столица или гасови болката спонтано поминува. По смирување на болката, новороденчето е во добра општа состојба. Но, имајќи предвид дека во периодот кога се новороденчиња и доенчиња се можни и заболувања што бараат хируршка разврска (преплет на црева, вклештување кила и друго), а се манифестираат со стомачни болки, неопходно е бебето да биде прегледано од педијатар. Во подоцнежната предучилишна и училишна возраст најчести причини за болки во стомакот се гастроентералните инфекции проследени со пролив, и повраќање, некогаш и со температура. Во оваа возраст треба да се мисли и на цревните паразити, особено ако болката не е нагла туку подолго трае, и е проследена со јадеж околу аналниот отвор (чмарот). Притоа, детето може да биде со послаб апетит и слабокрвно. Постоење на воспаление на желудочната слузница (гастритис) или чир во желудникот и дуоденумот се карактеризира со појава на болка во горниот дел на стомакот (под лажичката), врзана е со земање храна и може да биде следена со чувство на печење (киселина). Училишната возраст е време кога децата можат да заболат и од посериозни воспалителни болести на цревата (Кронова болест, улцерозен колит). Кај овие заболувања освен болки во стомакот постои и позначајно нарушување на општата состојба, како и појава на крв и слуз во столицата. Абдоминалната колика е еден од симптомите што се јавуваат при воспаление на бубрезите или камен во уринарните патишта и секогаш се проследени со видлива промена на мочта (матна моч, или крв во неа). Она што секогаш не прави внимателни кога детето има болка во стомакот е да не се пропушти воспаление на слепото црево - апендицитис. Во типичните случаи детето има болка во десниот долен дел од стомакот, која може да се шири по должина на ногата, и се потенцира на притисок (но не се советува родителите сами да го притискаат стомакот заради опасност од прскање на слепото црево). Можно е да се јават повраќање, покачена температура, отсуство од столица. Клиничката слика не е секогаш карактеристична, поради што покрај прегледот и лабораториските анализи е потребно и будно следење на симптомите од детскиот хирург или педијатарот. Кај помалите деца често се создава „лажна тревога“ кога поради реакција на стомачните лимфни јазли при респираторен инфект (абдоминален лимфаденит) проследена со стомачна болка, се поставува сомнение за апендицит. Постои можноста за појава на абдоминалната болка при постоење на т.н.  дијабетична кетоацидоза (шеќерна болест) на која треба да се помисли секогаш кога детето има и други сомнителни знаци за основното заболување (нејасно слабеење, пиење вода, здив на ацетон). Појавата на болка во стомакот не е секогаш поврзана со органско заболување. Постојат деца, како впрочем и возрасни, кои народски кажано „реагираат со стомакот“ на стресни ситуации. Колку е болката поблиску до папокот, поголема е можноста за постоење на ваков тип реакција.
Извор:Време




ripce -> RE: Грчеви кај бебето- колики (29.10.2009 9:35:45)

Ние го поминавме периодот на грчеви... иако немавме некој којзнае колкав проблем...






Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>