AnnaMolly RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (19.6.2012 15:41:20)
|
Женски, доколку бебето само кенка и ги витка ноџињата, па си испушта гасови, не се секирајте. Не мора веднаш по препарати против грчеви да се посегнува. Штом бебето само си кенка одвреме-навреме, еве како Ананија што пишала по 10-15-20 минути најмногу, сметајте се за среќни и уживајте! Кога едно бебе има колики (грчеви), верувајте дека нема да кенка 20 минути, туку ќе плаче и ќе вреска колку што го држи гласот, и тоа во времетраење од 1 до 3 часа без престан, најмалку трипати неделно! Ова од искуство ви го кажувам. Е, тогаш треба да се даде нешто против грчевите. А доколку мислите дека сепак се грчеви, обична масажа на стомачето со бебешко масло или ставање на топла тетра пелена може да помогне.
|
|
|
|