AnnaMolly RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (12.8.2012 14:28:03)
|
Малена, јас ги користев Еспумисан Л и мноооогу ми помогнаа. Само не очекувај грчевите сосема да ги снема, но драстично ќе се намалат и пократко ќе траат. Моето бебе беше на адаптирано млеко, па јас во секое шише млеко му ставав по 25 капки. Значи шест пати во рок од 24 часа пиеше млеко, па шест пати му давав и од капките. Ако цица, дај му ги во лажичка пред цицање. Несакани ефекти нема, тоа е симетикон, ги пука меурчињата што се создаваат во желудничето на бебето и ги олеснува грчевите. Моја препорака е да му даваш на бебето барем шест пати во рок од 24 часа. Е, сега, бебињата што се на цицање цицаат некогаш и на саат-два, па ти гледај некако распореди му ги на три до четири часа капките. Пиши ни како ќе му делуваат, дали помогнале. А за рано, не е рано. Филип од вториот ден во болница го фатија и да не те плашам, ама му траеја скоро до 6 месеци. Ова е ретко, најчесто до третиот месец сосема се повлекуваат. И да си знаеш, за грчевите нема лек, може само со некој препарат да се ублажат, но вооружај се со трпение и ќе летнат следните неколку месеци.
|
|
|
|