Hopeful RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (18.7.2015 22:24:57)
|
Сите сме исти будали, изгледа [sm=smiley36.gif] јас се уште мерам колку ги давам во раце бебињата на други луѓе освен на мм, нормално, тука мислам на мајка ми, свекрва ми, другари другарки. Дури љубоморна сум ако им се насмевнат на други, иако претходно мене ми се смееле [sm=smiley36.gif] хормони се ненормална работа, а посебно пак со претходен стерилитет, гледам ќе имаме проблем со посесивност [sm=smiley36.gif] Да не офтопикувам, Гина, ти најдобро си знаеш што му треба на бебето, тоа е и хормонално, и интуитивно - па до вчера бевте едно тело! Се слагам со lolla, ич не дозволувај некој друг да ти кажува за доење, си знаеш сама, или ако не, наскоро само ќе ти се каже. Синко ти има супер тежина, супер напредува, така што тоа значи дека добро правиш. Со таква тежина, мислам дека не мора да форсираш на 2 часа доење, но слушај го педијатарот, не нас. Не додавај АД ако добро напредува, и набрзо доењето ќе ти стане големо задоволство. Ќе почне да те гушка, да те гали, да те гледа... Ќе си знаеш и колку цицал, колку испразнил, и дали е најаден. Инаку, праша за измолзувањето, не ти пишав - доколку сакаш да зголемиш количина, добро е да се измолзуваш после секое цицање додека не ја испразниш секоја града. Тоа само ќе стимулира нова количина млеко. Измолзеното чувај го за ситуации во кои можеби нема да сака или може да цица, па да му го дадеш со шишенце, чисто како резерва. И исто така, измолзувај секогаш кога ја осеќаш тврда и преполна градата, дури и ако е измеѓу цицања или ако синко спие и не му е време за јадење. Градата менувај ја како што ти одговара и како што осеќаш - која ја чувствуваш пополна, понуди ја, ако се најаде од неа, следниот подој другата, или ако не, на пола доење смени го на другата, па на следен подој обратно. Имаш какви сакаш комбинации, најди некоја што вас двајца ќе ви одговара.
|
|
|
|