RE: Грчеви кај бебето- колики (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (19.7.2015 17:22:59)

hopeful pisav na temata za doenje
mi imase pisano sto da pomaram na jutub matka ili pratimi vo pp

surupceto Nurse Harvey koga go davate pred cicanje ili posle cicanje




Hopeful RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (19.7.2015 19:12:34)

Побарај womb sounds, наводно помага. Ние пробавме, ама некако ни се смачи со мм да го слушаме тоа...




gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (31.7.2015 18:55:21)

dali nekoj gi ima koristeno kapkite SAPSIMPLEX kaj nas po aptekite gi nema nekoj od bugarija gi kupuvale dali gi ima vo Skopje




mommy_angels RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (1.8.2015 15:58:07)


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina

dali nekoj gi ima koristeno kapkite SAPSIMPLEX kaj nas po aptekite gi nema nekoj od bugarija gi kupuvale dali gi ima vo Skopje

Јас ги користев и сум пре-презадоволна.Е сега во Македонија ги донесоа,ама не се од истиот производител,сестра ми ги проба за малото и воопшто не е задоволна.Од тие во Бугарија купивме пред неколку месеци,ама најновите информации се дека повеќе ги нема ни таму.
[img]http://thumbs1.ebaystatic.com/d/l225/m/mZMiFAe4KvmPI97817ktm3g.jpg[/img]
Еве ги,колку што знам се произведуваат во Германија




Milicka 30 -> RE: Грчеви кај бебето- колики (1.8.2015 17:17:10)

Ги има и кај нас во аптеките Гина ама незнам кој производител е. Мене аптекарката ми ги препорача како многу ефикасни. Сакав да ве прашам колку време ги користите капките за грчеви? Јас веќе еден месец ги користам еспумисанит на почетокот на секое шише сега само по неколку пати на ден. Приметив дека откако ги користиме капките поретко кака може на некои 5 дена а претходно скоро секој ден. Е сега незнам дали е од еспумисанот или од АДто.




Hopeful RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (1.8.2015 17:20:45)

И моите поретко какаат, еднаш дневно во просек, не знам дали е од капките, но секако планирам да ги проретчам бидејќи скоро ќе полнат три месеци, па се надевам ќе имаме среќа [sm=smiley1.gif]




gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (1.8.2015 18:42:25)

e rr gi najdovme vo edna apteka i denes gi kupivme kapkite na niv pisuva deka gi proizveduva faizer viena avstrija pa vecerva ce gi probame pedijatarot ni rece po 7 kapki i go smenivme surupot sega go kupivme COLI B da probame oi so ovie dali nekoj gi ima koristeno i kako noceska deteto crkna od placenje do 5 sabajlevo nisto ne mu pomogna probavme i espumisan ama pak nisto na 6 sati a citam vie ste im davale vo sekoe sise ako im davate na 2 sati AD znaci i kapki toa ne e mnogu i jas da mu davam na przo vise neznamsto da pravam i kako da mu pomognam na bebceto[sm=smiley19.gif] dr.ni vika kaj 90%od slucai sto imal espumisanot pomagale ama vika kaj vas eve potesko moze si e takvo deteto i epten se jaki grcevite i deka si e polakomo pa denes ce probame so novive pa ce vidime kako ce pomineme vecerva denes ima ama so poslab intenzitet




Milicka 30 -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.8.2015 4:38:06)

Gina со еспумисанот треба честа употреба за да има ефект, така барем беше кај нас. Јас ја послушав Hopeful и и давав на секое шише тоа му доага на 3-4 саати и сега ги намалив само на неколку пати на ден. Ако си во можност набави си трици мене ми ги даде сестра ми во вреќичка се ги загревам со пегла и ја ставам настомачето и помага многу. Ако можеш да најдеш пробај. А инаку со тоа што ти е полакомо синчето може да прима повеќе воздух и мене педијатарот ме советуваше да ја ранам со паузи. Ќе помине Гина знам колку е тешко да ги слушаш како плачат а да неможеш да им помогнеш.Тоа е само период и ќе помине.




sandriana RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.8.2015 16:21:35)

Големата ќерка беше бебе со мнооогу интензивни грчеви, и нереовна столица до 4 месеци. Јас не давав никакви средства против грчевите, освен одвреме навреме чај од зрнце-две ким. Најмногу и помагаше, освен масажа на мешето, парче ткаенина од природна волна (го виткав во газичка колку да не и биде непријатно директ на кожата), прицврстено со памперсот.
Обидете се да го легнувате бебето на меше, ако е возможно,, во период кога ги има грчевите, или да го држите со мешето припиено до вас.
И секако бидете многу смирени вие како родители, да пренесете смирена и позитивна енергија и на бебињата.




gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.8.2015 20:12:52)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Milicka 30

Gina со еспумисанот треба честа употреба за да има ефект, така барем беше кај нас. Јас ја послушав Hopeful и и давав на секое шише тоа му доага на 3-4 саати и сега ги намалив само на неколку пати на ден. Ако си во можност набави си трици мене ми ги даде сестра ми во вреќичка се ги загревам со пегла и ја ставам настомачето и помага многу. Ако можеш да најдеш пробај. А инаку со тоа што ти е полакомо синчето може да прима повеќе воздух и мене педијатарот ме советуваше да ја ранам со паузи. Ќе помине Гина знам колку е тешко да ги слушаш како плачат а да неможеш да им помогнеш.Тоа е само период и ќе помине.



i jas se probav so masazi so legnuvanje na stomace ame ne pomaga sinoka imase 2-3 sti denes e posmireno pa vecerva ce vidime ama pa togas koga place sum voznemirena i jas si placam se custvuvam bezpomosna

milicka a po kolku kapki stavas vo siseto i jas slusnav za trici ama mm mi vika abe babini devetini dali taka suvi gi stavas na pr. da stavam vo ova pelena tetra i da pominam so pegla i pelenata na alista zgora dae stavam ne mirisaat li tie koga gi vrvis so pegla




lolla RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.8.2015 20:44:04)

гина, ние имавме термофорче од зегин купено и вршеше работа за затоплување на мешето. Трици и јас имам чуено ама не сме користеле.

Дали пиеш млеко? Ако пиеш пробај да го откажеш, исто и кафе ако пиеш.

И на крај, ке видиш дур трепнеш ке минат, кај нас до крај на 3 месец после ко да не било ништо.




lukajana RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (2.8.2015 23:41:19)

И јас за Л пробав се за грчеви и термофорче и трици а знам и крупна сол дека ставав во крпче ја загревав и на мешето ама некако термофорчето ми се виде најпрактично.
Еспумисан може во шише а Ј дека цица давав со лажичка по 25 капки на почетокот па постепено намаливме на 5 и после третиот месец ги прекинавме.
Само трпение ке помине брзо овој период,тежок е ама убав [sm=smiley1.gif]




Milicka 30 -> RE: Грчеви кај бебето- колики (3.8.2015 11:03:06)

Гина јас ставав по 25 капки на секое шише, тоа му доаѓа на 3-4 саати. И да ти кажам кај нас имаа ефект, слободно си пртка и не ја болеше толку, е сега од нив поретко кака па затоа и направив пауза сега за да може да се олесни.
А триците јас ги имам во вреќичка, ја загревам со пегла и едно пелено и ги ставам на стомачето и силно ја гушкам. Исто и термофорче помага, ама ние некако се навикнавме со триците и не ми мирисаат воопшто ако имаш пробај, и можеш дури и кога спие пак да му ставаш иако тогаш не го боли.




gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (3.8.2015 15:39:12)

devojki lele sinoka ista pesna do 7:30 utrovo ne bese zaspano od 22 sinoka pa neznam sto e ova a nie od pocetok od kapkite mu davavma 10-15 po potreba kako sto ni rece pedijatarot e sega pa od ovie SAB SIMLEX po 7 kapki na 6 sati 4 pati na den si vikam da gi vratam pak espimusanot[sm=zmeden.gif] i za termoforce ni rece dr. ama ne sme zele
Milicka jas najdiv trici ama ne direkno na mese taka moze zgora na oblekata taka ce ima li efekt

veruvajte nisto skoro i ne jadam kafe se nemam napieno cela bremenost mnogu retko a sega pak otkako se imam porodeno ic ni mleko ne pijam samo na ovosje,zelencuk i supa sum i caj i citav bas edna statija od eden dr. deka hranata nema tolku vrska so grcevite na bebeto samo sto majkite gladuvaat i mlekoto im se namaluva bas naprotiv koga bebeto imalo grcevi se smiruva nagrada i bas zatoa majkata treba da se hrani za da ima mleko[sm=zmeden.gif]




gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (3.8.2015 16:26:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Големата ќерка беше бебе со мнооогу интензивни грчеви, и нереовна столица до 4 месеци. Јас не давав никакви средства против грчевите, освен одвреме навреме чај од зрнце-две ким. Најмногу и помагаше, освен масажа на мешето, парче ткаенина од природна волна (го виткав во газичка колку да не и биде непријатно директ на кожата), прицврстено со памперсот.
Обидете се да го легнувате бебето на меше, ако е возможно,, во период кога ги има грчевите, или да го држите со мешето припиено до вас.
И секако бидете многу смирени вие како родители, да пренесете смирена и позитивна енергија и на бебињата.


a kako go varite cajceto od kim so kolku voda i kolku treba da provrie i dali ima boja
mene mi rekoa vo cajceto sto go pie da dodadam i dve zrncinja kim [sm=zmeden.gif]




gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (3.8.2015 16:27:35)

eve ja statijata

Кога станува збор за колики, на мајките често им се даваат совети кои се неефикасни.

Сметајќи дека храната која детето ја конзумира преку мајчиното млеко предизвикува грчеви, некои мајки го исфрлуваат овошјето, зеленчукот и/или млечните производи од својата исхрана, но на тој начин се изгладнуваат, а не му помагаат на детето. Др. Јованчевиќ смета дека храната која ја јаде мајката може да предизвика проблеми кај детето само ако предизвика алергија во слузницата на желудникот и цревата. Но, тоа е ретко.

Освен тоа, столицата на дете кое има алергија на храна е слузава, понекогаш крвава и тоа не напредува добро, додека пак децата кои имаат колики во првиот месец качуваат и до 50% од својата телесна маса. Имено, во периодот на болни грчеви, единствената утеха на детето е храната и затоа ќе пие млеко и повеќе од што му е потребно.

„Тоа е најголемиот проблем кај мајките“, вели др. Јованчевиќ и продолжува: „Штом се одвои од градите, детето почнува да плаче бидејќи го боли стомакот, па мајката мора да го нахрани. Често неоправдано се воведува дохрана и се менуваат препаратите против колики и слично. Ги советувам родителите да не прават ништо на своја рака, туку да се консултираат со доктор“.

Давање на било какви препарати од аптека може да направи голема штета, а според стручната литература тие малку помагаат. Исто така, не се препорачуваат ни домашните лекови. На пример, познато е дека чајот од камилица има антивоспалително дејство, но тој ја пореметува бактериската флора во цревата која е темел на имунитетот, па со неговата употреба делумно е решен проблемот со гасовите, но може да го поремети детскиот имунитет.




Hopeful RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (3.8.2015 16:36:25)

gina, прво, мора да јадеш, никако да седиш само на овошје и зеленчук и супи! Јади сериозна храна, и млечни производи (млеко, сирење, кашкавал) избегнувај, но внесувај многу јогурт, има добри бактериски култури кои може да помогнат. Инаку, грчевите се се уште мистерија во медицинските кругови така што не дека храна не влијае, него кај некого влијае, кај некого не. Секако, избегнувај храна за која се знае дека провоцира - не јади брокула, карфиол, грав, грашок, боранија и слично.

Друга работа е дека мора да сте доследни на кој било препарат и да се обидете подолго време - ако даваш Еспумисан, тогаш тој мора да се дава редовно и во количини како што пишува на упатството (по 25 капки на секој подој), а ако даваш од новите капки тогаш следи го нивното упатство и дај им барем недела дена да профункционираат. Ниеден лек не помага преку ноќ, и едноставно, мора да бидеш стрплива, тоа е тоа. Ако сега даваш од нив, не го враќај Еспумисанот, почекај повеќе денови.

Со триците пробај, и никако на голо меше, немој да го изгориш... и трици и термофор делуваат преку облека, без гајле. И најбитно од се, ми се чини, е твојата енергија. Знам дека си уморна, истоштена, нервозна и ненаспана (сите сме), ама мора, едноставно мора да бидеш смирена и нежна, да му пренесуваш мирна и позитивна енергија на синко. Ако си ти напната, под стрес и се нервираш, тогаш тој осеќа и се вознемирува. Не го сфаќај толку страшно тоа што ноќе не спие, туку дење - бебе е тоа, премало е да знае разлика од ден и ноќ, важно некогаш спие и надокнадува, си напредува убаво, па ќе се регулира распоредот на спиење сам од себе, без гајле. Мислам дека уште немате ни 40 дена вие, рано е, но после тоа можеш да му помогнеш да научи ден и ноќ со тоа што ќе биде на дневна светлина од на пр. 8 сабајле до 8 вечер, а после тоа во темница. Со тек на време, ќе научи дека ноќе е за спиење.




Milicka 30 -> RE: Грчеви кај бебето- колики (3.8.2015 16:48:17)

Гина потполно се согласувам со Hopeful мораш да јадеш, да спиеш сигурно имаш некој да ти помогне, сите сме исти и јас си плачев со ќерка ми кога имаше грчеви.
За триците можеш во пелено или нешто др да ги замотеш и ставај почесто ќе му помине ќе видиш.
Кај нас ефект од еспумисанот имаше после 4-5 шишиња.
Ја читав на форумот темста каде одговара докторката таа препорачува ампули пролајф мислам беа, баш види гина и консултирај се со твојот матичен, мора да има начин да ги ублажите грчевите.




Hopeful RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (3.8.2015 17:08:45)

И уште нешто [sm=smiley1.gif]

Баш сега си размислував што всушност подразбираме под грчеви и дали можеби секое плачење на новото бебе автоматски го припишуваме на грчеви, а може се должи на нешто друго? Муабетот ми е, еве моиве задутре полнат три месеци, грчевите мислам дека им се прилично редуцирани, ако не и непостоечки, но од време на време имаат напади на плачење, грчење, ги виткаат ноџињата и прават тупаници, се мачат да прднат и да се искакаат... кратко трае, но го има, и срце ме боли кога ги гледам така. Дали тоа значи дека се уште имаат грчеви или дека едноставно телата им се развиваат и ова е дел од секојдневното нивно функционирање? Па побогу, кој од нас нема болка кога има стомачен вирус или дијареја, па не дигаме паника од тоа...

Поентата ми е, мислам дека голем дел од плачките кај новороденчиња се од општа потреба за гушкање, нежност, страв, глад, или обично плачење како комуникација, а не од грчеви. Мислам дека не е страшно ако бебе малку поплаче (не ме убивајте за ова, ама стварно го мислам и не трчам ко мува без глава на секое плачење на моите бебиња) и мислам дека треба да се навикнеме и на тоа дека на нашите бебиња понекогаш ќе им биде тешко, а ние не можеме ништо околу тоа. Веројатно ова е дел од нивниот тренинг за животот, но и од нашиот тренинг за родители - понекогаш треба да ги оставиме децата сами да се изборат со своите проблеми, колку и да не погодува нас тоа. Еве кога моите се напнуваат да какаат, можам само да ги гушкам и да им ги држам ноџињата за полесно, но не можам да го направам тоа наместо нив [sm=smiley36.gif] И така, се изнапишував со можеби оф топик муабет, но сакав да кажам дека грчевите се неизбежен дел од бебството и колку побрзо ги прифатиме, толку подобро за нас, бидејќи бебињата немаат никакви последици од нив [sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (3.8.2015 22:19:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: gina


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Големата ќерка беше бебе со мнооогу интензивни грчеви, и нереовна столица до 4 месеци. Јас не давав никакви средства против грчевите, освен одвреме навреме чај од зрнце-две ким. Најмногу и помагаше, освен масажа на мешето, парче ткаенина од природна волна (го виткав во газичка колку да не и биде непријатно директ на кожата), прицврстено со памперсот.
Обидете се да го легнувате бебето на меше, ако е возможно,, во период кога ги има грчевите, или да го држите со мешето припиено до вас.
И секако бидете многу смирени вие како родители, да пренесете смирена и позитивна енергија и на бебињата.


a kako go varite cajceto od kim so kolku voda i kolku treba da provrie i dali ima boja
mene mi rekoa vo cajceto sto go pie da dodadam i dve zrncinja kim [sm=zmeden.gif]

gina, во превриена водичка околу 200 мл ке скршиш 2-3 зрна ким, и ќе даваш од водичката, безбојна е. Можеш и во чајчето да ставиш, не е на одмет.




gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (4.8.2015 17:43:27)

e devojki kako da spijam koga eve pak noceska od 19 -9 utrovo oko ne sklopivme denes stoo podlegnav eden sat sto da pravam koga preku den nemozam da spijam mm mi pomaga koga e doma mi crkna deteto od placenje edno vreme duri i kako da zajde
sega pak se vrativme na stariot sirup i espumisanot taka ni rece pedijatarot pa ce vidime vecerva kako ce pomineme
odbegam mleko i mlecni proizvodi duri ovde nekade procitav da ne se jadelo piperki krastavici grozje zeleni proizvodi e seto ova go jadam i jajca ne smeelo pa ne znam vise sto i eve pak ima grcevi
dali od espumisanot davate i preventivno koga nemat grcevi redovno ili samo koga imaat


Hopeful ti pativ pp




Hopeful RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (4.8.2015 18:09:43)

gina, за неспиењето што да ти кажам, и јас сум три месеци неспиена, тоа е. Како што растат, се надевам дека ќе почнат да спијат подолго за да можам и јас да поспијам повеќе од некој саат... А за јадењето, знам дека јајца смееш да јадеш, за тоа дека зелена храна не смее сум чула, ама јас па само тоа јадам, вегетаријанец сум и уште зелено да не јадам, ќе приумрам [sm=smiley36.gif]

Еспумисан давам редовно, и кога имаат и кога немаат грчеви, бидејќи кај моите не се препозна ред во појавувањето на грчевите. И затоа, ставав на секој оброк, како што знаеш. Тек сега почнуваме да ги намалуваме на по 10 капки во секој оброк, па да видам како ќе се справат... Понекогаш ми се чини дека пак имаат грчеви, понекогаш само се напнуваат да прднат или да се искакаат, ама од пред околу два месеци спијат по цела ноќ, само се будат за јадење и одма назад во кревет.




gina -> RE: Грчеви кај бебето- колики (5.8.2015 11:48:05)

abe taka e duri podporasnat dovolno mi se i 2-3 sati da pospijam navecer eve sinoka 4 sati spievme
i kas si mislev deka nesto drugo e tolku da place da ne ne se grcevi go soblakam mu menuvam pamper go stavam na grada se smiruva ama togas malku cica i se lazi taka se potsmiruva izvaj klaj pravi na bradavicata i go trgam da ne prima taka vozduh, go masiram ama se grci gi zbira nogjinata i se crvenee
sekako deka i treba da place nemozat samo da spijat i da cutat ama ova moevo bez prestan pedijatarot mislese da ne go bolat usinata ama vika ako ima bolka ce ja ima preku den pa sega pak koga ce dojde ce go pregleda

mustavav i trici ama neznam ne se smiri i vtorata nedela koga imase grcevi probavme so prolife i so nurse mu pomognaa pa posle ne mu deluva zatoa smenivme terapija ama sega se vrativme na nurse i espumisanot
pedijtaro mi ne rece ne e do ishranata da si pijam mleko ama jas na 2-3 dena edna solja so koronfleks koristam i da izbegvam kako grav taskvi raboti




blue_blue -> RE: Грчеви кај бебето- колики (5.8.2015 15:09:01)

gina, можеби не плаче од грчеви...можеби е гладен...многу деца плачат од што не се најадени и затоа се нервозни...обиди се ако можеш да воспоставиш некој ред на доење...не знам дали го дохрануваш со АД, ако да, можеби треба да го смениш АД, можно е да не му одговара на стомакот тоа што му го даваш сега. Како и да е, цела ноќ како што велиш не би требало да плаче. Види преку ден да не спие премногу...може треба дење повеќе да го анимираш и да поспива по некои 2.5 саати на два пати, ама не повеќе....пробај бањај го навечер и после цицање и кревет...ако упорно ти плаче од кога е најаден, избањат и се среден тогаш остави го малку да поплаче...како и да е после првите три месеци грчевите треба драстично да се намалат...и не се вознемирувај де толку, ако педијатрот вели дека е здрав, прав никому ништо...нека поплаче и онака ништо не можеш да направиш...пробај со цуцла лажалка, види да не ви е многу топло во просторијата, не го преоблакај и не го покривај...едново од моите имаше појаки грчеви, но се јавуваа секогаш во исто време и така знаев дека е тоа, значи некаде кај 19:30 и така саат време она само плачеше...ништо не ја смируваше, па само ја ллегнував на спална и лежев до неа јас или некој друг....и онака ништо повеќе не може да се направи, а таа состојба ниту е штетна за бебето ниту пак од неа има последици. На детето му требаш топрва што викаат старите и мора да си најдеш начин да балансираш...ќе има уште многу ситуации кои од тебе ќе бараат смиреност и соодветна реакција затоа чувај се




Hopeful RR -> RE: Грчеви кај бебето- колики (14.8.2015 11:27:37)

Само што се понадевав дека тоа што наполнија три месеци значи дека најверојатно грчевите се аут, излезе дека неее, уште се тука.

Од пред некое време почнавме со мм да им ја намалуваме количината Еспумисан на бебињата, се додека не се потроши шишенцето и не им дадов само млеко. И на сред спиење, кога рикнаа да плачат, да офкаат, тоа беше за жалење да се гледа... Знам какво им е плачењето за пекмезење и за други потреби, и ова беше сосема поинакво, се гледаше болката на лиценцата. Притоа, се мачеа да прднат, и кога и успеваа во тоа, продолжуваа да плачат од болка, бидејќи тоа не беа лесни бебешки прткања, напротив. Докупив Еспумисан, им дадов и се смирија - очигледно кај нив проблем е само исфрлувањето гасови, кое сега е поедноставено со капките. Тоа е, ќе видиме до кога ќе трае...




Страница: <<   < Претходна страница  42 43 44 [45] 46   Следна страница >   >>