RE: Моето или неговото презиме?? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Семејно законодавство

Порака

rina13 -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 16:05:00)

Порано мислев дека е во ред да се земе неговото презиме или да се има две. Сега мислам дека најдобро е секој да си го задржи своето.Е сега дилемата ми се префрла на друго поле, што со презимето на детето???Тука веќе може да се размислува за ново презиме, ама па ако тоа се направи тогаш се отвараат низа други прашања. Така да секој како милува, во принцип повеќе почитувам постапување според лична волја и преференци одколку според традиција и форсирање од фамилии.

Mihaela 2010 -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 16:17:33)

Jas nemav problem da go zemam prezimeto na mm,se dodeka vo nasata familija ima koj da ja prodolzi lozata a toa e brat mi pa vnuk mi....
Toa okolu dvete prziminja,ili izmisluvanje na novi preziminja ne mi se bendisuva bas,taka da jas sum si tradicionalen tip i ne bi menuvala nisto[sm=smiley36.gif]
Na kerka mi ne bi i nametnuvala da go zadrzi svoeto ili da zeme prezime od maz i ,ostavam na nejzina volja i zelba

mommy_angels RR -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 16:23:47)

Јас го земав на мм од една едноставна причина-сакав кога ќе си оствариме семејство сите да бидеме со исто презиме.Воопшто немам проблем околу тоа иако сме сестри,тоа што мајка ми и татко ми имаат различно презиме од мене,не прави да ми се помалку родители и баш си ги сакам и почитувам,дури и повеќе сега откако и јас имам дете

elenak -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 18:44:33)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Јас го земав на мм од една едноставна причина-сакав кога ќе си оствариме семејство сите да бидеме со исто презиме.Воопшто немам проблем околу тоа иако сме сестри,тоа што мајка ми и татко ми имаат различно презиме од мене,не прави да ми се помалку родители и баш си ги сакам и почитувам,дури и повеќе сега откако и јас имам дете

Мами ако така ги сметаме работите ниту мт ќе ти биде помалце маж ако имате различни презимиња. Поентата е зошто баш ние? Зошто мажот не го земе презимето на жената, пак ќе бидат семејство со исто презиме, нели?
Зошто тој има право да остане истата личност а јас не? Јас тоа баш така го доживувам, како промена на идентитетот, и тоа ми пречи.

Ја барам везилка, борецот за женски права да се изјасни на темава! [sm=smiley36.gif]

sandriana RR -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 19:20:29)

Моментот за спојување на 2те презимиња ми е комплексен - брачните партнери ќе имаат заедничко дупло презиме, в ред, а детето - и тоа ќе биде со 2 презимиња. Кога тоа дете ќе формира свое семејство, под претпоставка со партнер исто така со 2 презимиња, кое ќе биде новото? Освен тоа, нашите тукашни презимиња мене би ми звучеле пресмешно така споени. Друго е некое неутрално презиме, кое не подлежи на граматички родово изменување, акако примерот со Бијонсе и Џеј Зи. Но овде, кај нас...? Пр. Семејство Папучкоска-Јовановски Александра и Небојша [sm=jezicek.gif]
Јас сум традиционалист по ова прашање, не од патријахален аспект, туку од патриотски за нашиот македонски јазик. Се освен изворните презимиња, менливи по род, ми е отстапка од јазикот. Лично мој став - а секој како милува.

deluxe -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 20:04:33)

Јас сум традиционалист по ова прашање, не од патријахален аспект, туку од патриотски за нашиот македонски јазик. Се освен изворните презимиња, менливи по род, ми е отстапка од јазикот. Лично мој став - а секој како милува.

Апсолутно се согласувам со Сандриана.Јас не се двоумев да го прифатам презимето на мм,и убаво ми стои[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] не дека моминското презиме не ми стоеше[sm=smiley36.gif] ама ете традиција која решив да ја почитувам.

Bethany -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 21:44:41)

И јас го земав на маж ми презиме, и ниту еден момент не размислував другачије да направам.
Воопшто не се чувствувам загрожено или како да го загубив идентитетот ако сменив презимето. Тоа би значило да требаше да останам во својата земја, да зборувам само на својот јазик, да случајно не го загубам идентитетот, така доаѓа...

Исто лично мислам дека е убаво да се земе на маж презимето, од причина дека тој се смета како глава на семејството. Не би да влегувам во тоа зошто е баш тој глава, а не жена (и воопшто тука не зборувам за (не)рамноправноста, туку за улогите) само би кажала дека ете поради природната улогата на маж да биде заштитник на своето семејството, некој кој ќе го закрилува и чува, кој ќе се грижи и со самата таква позиција му одговара да биде носителот на презиме во семејството.

niki -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 22:05:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Јас го земав на мм од една едноставна причина-сакав кога ќе си оствариме семејство сите да бидеме со исто презиме.Воопшто немам проблем околу тоа иако сме сестри,тоа што мајка ми и татко ми имаат различно презиме од мене,не прави да ми се помалку родители и баш си ги сакам и почитувам,дури и повеќе сега откако и јас имам дете

Мами ако така ги сметаме работите ниту мт ќе ти биде помалце маж ако имате различни презимиња. Поентата е зошто баш ние? Зошто мажот не го земе презимето на жената, пак ќе бидат семејство со исто презиме, нели?
Зошто тој има право да остане истата личност а јас не? Јас тоа баш така го доживувам, како промена на идентитетот, и тоа ми пречи.

Ја барам везилка, борецот за женски права да се изјасни на темава! [sm=smiley36.gif]

odamna ne sum prisustvuvala na vencavanje vo maticno vo MK, no se si mislam deka tamu maticarot i na mazot mu postavuva prasanje koe prezime ke go nosi posle brak a vo izbor vlaguvaat istite opcii kako i kaj zenata, go zadrzuva svoeto, go dodava od zenata ili go zema prezimeto na zenata
patrijahalnoto vospituvanje e toa koe vlijae vo najgolem broj slucai mazot da go zadrzi sopstvenoto a zenata da go zeme od mazot
aj nekoj pravnik neka postavi izvadok kako e toa zakonski uredeno tocno, please

inaku i jas ko tebe mislam, zenata se obespravuva so insistiranjeto da go prifati pezimeto na mazot zarad tradicija, glava na semejstvo i nekoi si izmisleni nepisani narodni pravila, mir vo kuka i tn
ako e nejzin i samo nejzin izbor da go prifati prezimeto na mazot ok, no ako postoi pritisok toa da se stori uf, ne mi se dopaga ic

AnnaMolly RR -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 22:39:33)

Ги прашуваат и мажите чие име ќе го носи, Ники :) Само освен Маленко мислам дена никој друг не рекол „нејзиното“ или „На своето ќе го додадам нејзиното“ :)))

Инаку, отсекогаш сум сакала презимиња без род, такво и имам и мислам дека баш ми прилега :)

elenak -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 23:07:25)

Да го прашуваат и мажот за изборот на презиме ама никој освен Маленко не излегол маж до сега.[sm=smiley36.gif]
И мене ми се допаѓаат презимиња без род па такво си ставив и не викам дека не ми прилега ама сега јас сум во дипломата на пример, друг човек. За да ја докажам мојата стручност ми треба извод од матично.[sm=smiley36.gif] Ајде нема везе, во името на љубовта нека биде така.
Ама што кога повеќе нема љубов? Се случува развод и пак жената на удар. Има мажи (познавам еден ваков) што не дозволуваат жената доколку сака да го задржи неговото презиме по развод. Цел живот ќе го потрошиш во менување документи за лична идентификација.

niki -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 23:29:55)

no vinata e pomalku i vo zenite
dali bilo koja od nas moze da kaze deka menuvanjeto na prezimeto na mazot go stavila na dneven red na razgovor pred brak
dali bilo koja insistirala i ne popustila vo namerata nasproti popustanjeto za vo ime na ljubovta
dali bilo koja nasproti dokazuvanje na nejzinata ljubov kon mazot pobarala od nego toj da ja dokaze svojata ljubov na ist nacin

elenak -> RE: Моето или неговото презиме?? (7.10.2013 23:36:15)

Јас ники сето тоа ама џабе, нема фајде. И на крај ќе се утешиш дека попаметниот секогаш попушта, нели?[sm=smiley36.gif]

Bethany -> RE: Моето или неговото презиме?? (8.10.2013 0:05:47)

Абе јас немам ништо против ако некој одлучил или да задржи своето, да додаде неговото или да прифати само на маж презимето.
Освен ако е наметнато, а самата жена сакаше да изабере поинаку.
Ама толку многу работи се наметнуваат и се случуваат во нашата култура така да ова ми изгледа како најмал проблем...

Инаку да сум била цврсто решена и да сум сакала да направам поинаков избор, сигурна сум дека тоа и ќе го направев.
А овака ми е многу убаво, со презимето со родова придавка, можеби дека не сум навикната, па ми интересно. [sm=smiley1.gif]
Сепак ова нешто повеќе го сметам за одлика на народот, отколку за патријархално наметнато воспитување.

И да, ако се љубовта докажува на овој начин, тогаш ќе ставам уште сто исти овакви презимиња. Се шалам, ама пак на крај од краиштата, нели е и тоа дел од љубовта, несебично давање? И ако дури пред да се омажам требаше да мислам колку ќе ме кошта во случајот да се разведам, тогаш немаше ни да се мажам дефинитивно. [sm=smiley1.gif]

niki -> RE: Моето или неговото презиме?? (8.10.2013 0:17:20)

paaa sega bas mi e zal sto vo toj stil ne mozam da te utesam i da se slozam so tebe
ama kako staream taka sum se posigurna deka ne popusta popametniot tuku ponesigurniot i poslabiot
i koga nesto se postavuva na dneven red za razgovor, uspesnosta istoto da se dobie zavisi i od nasata spremnost da se svrtime i da si zamineme i da si ja pobarame srekata na drugo mesto ako potrebata baranjeto ne ni se zadovoleni
kompromis e koga i toj i jas ke napravime po eden cekor za da se sretneme, ako jas pravam dva a toj nitu eden logicno e da se posomnevam vo negovata ljubov, odanost pocit i se po red...
no ne sme vospituvani vo toj stil i na toj nacin, zatoa i ni se cini deka e djabe
si go prasala nekogas sto ako rabotite mu gi postavese ili ke go zadrzam prezimeto ili ti i jas zavrsuvame tuka i sega, koj ke bese negoviot izbor?
ako ti ne otstapese dali i toj ke bese spremen da se otkaze od tebe?

Felly RR -> RE: Моето или неговото презиме?? (8.10.2013 0:42:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

kompromis e koga i toj i jas ke napravime po eden cekor za da se sretneme, ako jas pravam dva a toj nitu eden logicno e da se posomnevam vo negovata ljubov, odanost pocit i se po red...

Во право си за компромисот, ама па според мене љубовта не е нешто што се мери, па колку ќе дадеш ти толку ќе добиеш и од мене. Тоа е веќе условување, и ако така мене ми го постави некој, баш тогаш ќе се посомневам во неговата љубов. Давам не зошто некој бара од мене, туку зошто јас така чувствувам и така сакам, и не мерам колку сум добила па толку да дадам и за возврат.
И да, го зедов неговото презиме, (не дека го побара тоа од мене, туку) зошто така чувствував и така сакав.

niki -> RE: Моето или неговото презиме?? (8.10.2013 1:15:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

kompromis e koga i toj i jas ke napravime po eden cekor za da se sretneme, ako jas pravam dva a toj nitu eden logicno e da se posomnevam vo negovata ljubov, odanost pocit i se po red...

Во право си за компромисот, ама па според мене љубовта не е нешто што се мери, па колку ќе дадеш ти толку ќе добиеш и од мене. Тоа е веќе условување, и ако така мене ми го постави некој, баш тогаш ќе се посомневам во неговата љубов. Давам не зошто некој бара од мене, туку зошто јас така чувствувам и така сакам, и не мерам колку сум добила па толку да дадам и за возврат.
И да, го зедов неговото презиме, (не дека го побара тоа од мене, туку) зошто така чувствував и така сакав.

i ti si vo pravo za ljubovta
no, po nekoi prasanja kaj nas samo zeni davaat, neli prezime negovo a samo eden edinstven maski pripadnik zel od zenata
pa vo negoviot dom da se zivee a domazetovci retkost pod lupa da gi baras i sl.
tek domasni obvrski i deca da ne otvarame sme gi diskutirale mnogupati

e sega zosto e toa taka od sto nie zenite premnogu gi sakame davame i ne merime
a od druga strana ako tie nekoi raboti zenata bezuslovno od ljubov gi dava, generalno zboruvano neli, togas ne e li toa pak premalku ljubov i tokmu merenje, premeruvanje i uslovuvanje tokmu na zenata i ocekuvanje taa da dokaze nesto bez pritoa da se obezbedi ist ili slicen dokaz od drugata strana?

bucko mal -> RE: Моето или неговото презиме?? (8.10.2013 6:10:48)

Jas ke ja napisam istorijata moja vo vrska so preziminjata,se nadevam ke me razberete[sm=smiley36.gif]
Tuku prvo sakam da prasham neshto,onaka cisto informativno.Vo Mk ako roditelite se vo brak I imaat razlicno prezime,bebeto koga ke se rodi vo bolnica so cie prezime se zapishuva?
Tuka bebusov mi go zapisha na moe prezime pa posle baravme da mu se smeni prezimeto,na izvodot da mu go pisuva prezimeto na tatko mu ne moeto.Go sredia I M go nosi prezimeto na tatko,samo bevme malku zacudeni mislevme deka avtomatski deteto go zema prezimeto na tatkoto,bar vo Mk e taka ili se lazam[sm=zmeden.gif]

Jas prv pat koga se omaziv go zemav prezimeto na soprugot,po razvodot go zadrzav istoto prezime bidejki sakav si sin mi da imame isto prezime.gluposti kako samo sum razmisluvala[sm=smiley9.gif]
Na segashniov soprug voopsto ne mu smetashe kakvo prezime nosam,nitu se zamarshe deka moram negovoto da go zemam. Jas sakav,pocna mnogu da me nervira staroto prezime.I poradi toa se odlucive da se registrirame. arno ama koga se sretnavme so maticarot da se dogovorivme okolu vencavkata,ne cekashe iznenaduvanje.Nema potreba da se vencash za da zemesh prezime,mozesh koe sakash prezime da si go stavish.Na vencavkata,soprugota ke se potpishe so staroto prezime a posle toa koe sakash I ako sakash menjaj prezime.I taka nie se vencavme ama vencanicata za nisto ne ja iskoristivme[sm=smiley1.gif]

amateuress -> RE: Моето или неговото презиме?? (8.10.2013 13:28:21)

јас лично сум за секој да го заржи своето, и така и направив.

мислам дека ова прашање, иако за жал влече корени во патријархална традиција за жените веќе има добиено поинаква содржина, т.е. содржина на припаѓање како дел од митот за романтичната љубов и вистинскиот, почнувањето нов живот... што мене исто така ни малку не ми се допаѓа.

во секој случај ги разбирам и жените што по своја волја го менуваат презимето, а и оние што се принудени од околности. едните тоа го доживуваат како доказ за љубов, другите немаат баш некој избор.

за среќа, времињата пополека се менуваат и статистички мислам дека се'' повеќе жени го задржуваат своето презиме, или само го додаваат презимето на сопругот, што е супер зашто голема е веројатноста дека ќерќите на овие (вториве) жени веќе нема да направат никаква промена.

е сега, во врска со презимето на детето, јас го ставив по татко му (ме прашаа во болница) затоа што не сакав да се чувствува поинаков понатаму кога ќе потпорасне, иако ова баш и не е некоја силна причина.

еден убав пример за решавање е на ова прашање е да се направи ново презиме од презимињата на двата родитела - една пријателка направи митјан од митевска и јанев, што мене прекрасно ми звучи, а ако ако некој сака да остане доследен на (јазичната) традиција може само да додаде ов/а, овски/ска и да добие митјанов/а или митјановски/а, што исто така ми звучи супер.

може на некого би му било проблем што сите во семејството ќе имаат различно презиме, ама па сите се и различни луѓе, така што ова за мене би било само уште еден плус.

elenak -> RE: Моето или неговото презиме?? (8.10.2013 16:25:46)

ИЗВОРНА ПОРАКА: amateuress

Е тоа е тоа. Браво.[sm=bravo.gif] Тебе женска обожавам да те читам.[sm=smiley1.gif]

Ники, мислам дека малку претерано е да ја ставаме на маса љубовта, да ја анализираме и мериме заради некои не толку битни работи. Презимето бар мене не ми е од животно значење па да го условувам партнерот со напуштање и разделба. Ниту мој доказ за љубовта кон него е тоа што му го носам презимето, нит негов доказ ќе беше ако ми дозволеше да го задржам моето.
Јас само се надевам дека работите ќе се променат, и за идните парови ова воопшто да не биде ,,проблем за на маса,,, туку едноставна спонтана одлука на секој од нив.

anaana -> RE: Моето или неговото презиме?? (8.10.2013 17:14:12)

jas pa od nikogas ne sum se zamarala so prezimeto.. sto znam. Edinstveno problem vo promena na prezime gledam koga moras da menuvas dokumenti a si gi smenil pred mnogu kratko vreme. bidejki kaj nas znaete seto toa e goooolema procedura.
jas realno samo go dodadov negovoto prezime, a pred da odime vo maticno ne ni stana zbor vo vrska so koj kakvo prezime ke nosi. tamu me prasaa i jas onaka nespremno odgovoriv ajde dodadete go. :)))

e sega vo vrska so prezimeto na deteto moze da e mal problem okolu toa kako toa ke go protolkuva(fala bogu koga ke bide svesno za poimot prezime) toa deka majkata i tatkoto imaat razlicni preziminja (ova dokolku sekoj si go zadrzi svoeto) ili pa zosto tie imaat edno prezime deteto drugo (ete delot so kombinacija)... mozebi tuka malku bi bilo zbunka za deteto, ama toa zavisi i od sredinata kade zivee.

Od druga strana ne mozam da svatam kakov dokaz za ljubov e zemanjeto na prezimeto na mazot. toa e cista formalnost koja moze za da promeni vo sekoe vreme, i mene ne mi znaci ama nisto. ako jas odlucev da ostanam na moeto prezime sigurna sum deka mm nemase da misli deka jas pomalku go sakam

Mihaela 2010 -> RE: Моето или неговото презиме?? (9.10.2013 8:49:03)

Kombinacija od dvete preziminja mene ne mi ide bas,bidejki Stojkovska so Nakev bi izgledalo epten smesno[sm=smiley36.gif
Ednas imam pisuvano za edni nasi prijateli koi imaat tri decinja i tatkovo im dade prezime po imeto na negoviot tatko,taka da roditelive se so edno a decava so drugo prezime pa nekako i aj da mi ide,sepak ke se socuva i imeto na dedovo..sto mislam deka i nasive preziminja vlecat koreni od nekoj pra dedo...
Jas bas i ne se zamarav okolu prezimeto,vo toj moment imav tolku po bitni i prioritetni raboti,a i iskreno novovo prezime bas mi lepo stoi[sm=smiley1.gif]

Felly RR -> RE: Моето или неговото презиме?? (9.10.2013 9:03:26)

Од една страна жената да си го задржи своето, а на детето од таткото/дедото да се стави?! Значи својот идентитет ќе си го задржам јас, а на детето ќе му го дадам од таткото. Па и тоа ми нема логика. Кога веќе го давам на детето тоа презиме, ќе го земам и јас истото. Кога се именува некое семејство со име, се вели семејство Петковски (пр.) Не знам, секој со своето размислување, ама јас сум за едно исто презиме на целото семејство, па дали било тоа на таткото/мајката/ комбинација од двете/некоја нова комбинација, небитно, се додека е исто за сите.

Mihaela 2010 -> RE: Моето или неговото презиме?? (9.10.2013 9:11:39)

Sekoj so svoe razmisluvanje i zelbi[sm=smiley1.gif],ima sekakvi situacii ,na kogo kako mu odgovara
na kraj kraeva najvazno e lugeto da se srekjni i zadovolni od prezimeto[sm=smiley36.gif]
moeto prezime do nekade e i poznato,taka da nekogas sum vo korist a nekogas vo zaguba

anaana -> RE: Моето или неговото презиме?? (9.10.2013 13:01:38)

Не знам, секој со своето размислување, ама јас сум за едно исто презиме на целото семејство, па дали било тоа на таткото/мајката/ комбинација од двете/некоја нова комбинација, небитно, се додека е исто за сите.

Da i jas sum za nekoja takva opcija.
Na toj nacin ke moze da si se izdvoi semejstvoto kako edna celina. bez razlika dali i pred niv imalo drugi so isto takvo prezime.
toa prezime ke si bide del od zivotot na celata familija i gotovo.

Ne znam mozebi onie devojki koi oset_ile pritisok za da zemat necie prezime (na soprugot vo slucajov) bi se zamarale so ovaa problematika, pa verojatno za niv e deka zemanjeto na prezimeto na mazot bi im znacelo gubenje na svojot identitet.
Jas ne smetam deka promenata na prezimeto znaci promena na identitet taka da kako i sto pogore napisaa sekoj so svoe razmisluvanje.
Ne se zamaram okolu toa prasanje, ama pa ne sakam zaradi nekoi moi razmisluvanja moeto dete da bide zbunka koga ke odi vo gradinka ili na skolo. da mu dadam nego edno prezime jas da imam drugo mm treto, i toa i za mene e komplicirano a ne pak za edno dete.
Jas moite babi dedovci gi pamtam po karakterot a ne po prezimeto. gi pamtam po ona sto napravile za mene i ona sto ostavilo traga od niv vo mojot zivot..

Povrzano so preziminjata, jas se sekjavam koga odev vo gradinka na skolo, znaci mala bev,odsekogas mi bese sram da si go kazam prezimeto. Site se prezivaa so ski, vski, a moeto prezime bese razlicno.. lele lugje kolku mi bese sram da kazam kako se prezivam.. i toa bese do pubertet nekade. fala bogu na moite im bese logicno prezimeto da e razlicno, pa ne oset_ile potreba da mi objasnat deka ne treba da mi e nezgodno. ama mene mi bese mnogu tesko deka moeto e razlicno od drugite :))))
koga trgnav na fakultet pocnav epten da si go sakam prezimeto, sto koga dojde vo maticno si rekov ajde ke si go zadrzam pa ke go dodadam na mm, za utre da nema moeto dete komplikacii da svati zosto mama e so edno a tato so drugo prezime :))))

vezilka RR -> RE: Моето или неговото презиме?? (9.10.2013 13:17:29)

Денес можеби на невестите навистина не им значи кое презиме ќе го земат, оти работте малку се изменти. Но, во својата изворна форма, земањето на презимето од сопругот, навистина значело ритуално откажување од дотогашниот идентитет и земање на еден нов, од сопругот и неговата фамилилија. Е токму заради тоа на некои жени им смета оваа останата традиција. И да, сеуште функционира како традизија, оти според закон за лични имиња и презимиња, и законот за случување брак, партнерите можат да земат кое сакаат презиме. Исто и на новородено дете можат да му стават било кое презиме. Но, традиционално, кај нас сеуште во најголема мера, се зема презимето на сопругот и за жената и за детето.

Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 [9] 10   Следна страница >   >>