mamicki -> RE: Промените што ги носи бракот! (21.4.2012 14:17:37)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Не само што немам излезено од дома, туку и изгледам како плашило. Не можам да излезам од дома да се средам, не стигам, мм ќе се врати уморен, бебето по 16 пати го преоблакам пошто бљуцка, се покакало, плачело, треба да вежбаме, а тек кога ќе прооди, мислам ќе се мрднам. Нон стоп сум дома, и освен тоа што сепак не живееме со нашите родители, живееме во стара куќа, секаде има пајаци, бубачки, језа ми е поради бебето да не го полази некоја. Породилно немам, немам ни вистинска работа, се оди преку мм, осигурање, плата и тоа некад знае да не биде доволна, па ајде ни помагаат нашите, и така едвај крај со крај сврзуваме, како и сите впрочем. Од пораѓајот уште имам длабоки трауми, сонувам кошмари, и тотално сум сменета личност од онаа бестрашна девојка што бев порано. за физичкиот изглед да не ни зборам. Времето не ми стига за ништо, единствено нешто што сакам е овој форум бидејќи наоѓам луѓе и пријатели кои ги делат истите маки со мене како и многу убави совети. Гладна сум, ненаспана, ми се пуши цигара, сакам да излезам, сакам на фризер, сакам еден ден за себе, а немам срце да си го дозволам. Бракот ме направи многу позатворена, бебето позафатена. Сопругот си го обожавам, да не беше он таков ко што е, ќе се мрднев. Го читам напишаново и си се подсмевнувам [sm=smiley1.gif]... Исто како што пишуваш се чувствував кога на 23 години се најдов сама со бебе во раце, со маж кој го обожувам, но цел ден е на работа, а пред тоа- мазена, пазена, на облаци од шеќерна волна порасната[sm=jezicek.gif] Шок невиден! Аман, разбудете ме, алоооооооо, кошмар сонувам! Ми се чинеше дека до крај на животот ќе бидам мрсна, запуштена, безволна домаќинка која кришум и со грижа на совеста пафнува по два дима од цигара украдена од сама себе на терасата, а потоа се обидува да ги сокрие алиштата од претходниот живот што подлабоко во плакарот, за да не пресече вени истиот момент! Тоа што тогаш не го знаев, сега го знам. Децата растат толку брзо, толку волшебно, особено првата година од животот, што вреди човек да остане на стенд бај и едноставно, релаксирано, да ужива во магијата што му се случува пред очи, па макар и со некое килце плус и со запуштена фризура. Верувај ми, наскоро пак ќе бидеш тоа што си била х10! Секому му треба период на прилагодување во новата улога, некому повеќе, некому помалку, но потоа мајчинството ќе ги нагласи сите твои особини до максимум.
|
|
|
|