Hopeful RR -> RE: Промените што ги носи бракот! (15.5.2014 12:47:45)
|
Не мора се да прави жената, воопшто. Кај нас и двајцата сме подеднакво посветени на заедничките интереси и освен ако не се работи за некоја ситница, за се се консултираме - што ќе се купи, колку ќе се потроши, дали ова или она, штедиме и двајцата, и трошиме и двајцата, се во договор. И се слагам со Melanija, не се работи само за финансиите, туку општо одлуки за домот. Добро беше тоа што живеевме заедно пред да се земеме, ама и тогаш знаевме да си потрошиме пари од плата на нешто неповрзано со другиот, без консултација, додека пак сега е сепак подруго. Не дека сега не си правиме ќеифови, ама заеднички ги договараме. Промените што ни ги донесе бракот се скроз на подобро, повеќе сме посветени еден на друг, пофокусирани сме дека сме ние двајца најбитни, па сите други после доаѓаат на ред.
|
|
|
|