Ikana -> RE: Промените што ги носи бракот! (21.4.2012 15:09:34)
|
Знам дека ќе помислите дека сум лигла невидена ама мамички ме расплака, зашто се до збор е точно, се чувствувам ко странец да има некој кој ги прави сиве овие работи а јас сум некаде длабоко заклучена во ова тело и не можам да излезам. Ме боли кога ќе ми речат луѓето дека не можат да ме препознаат на слика од пред само 1 година!!! Ме боли што мм ќе рече, леле какво маче беше порано....а сега што сум?? Кошмар!!! Ми пречи што сум незадоволна од себе, и така се затрупувам се подлабоко во тој магичен круг. А највеќе ми е жал за сопругот, кој е толку пожртвуван, толку смирен и мудар. Имав многу различен живот од тој сега, буквално требаше да помислам на нешто и можев да го направам. Сега...трт, мрт, тесно е, не можам да мрднам. Да не зборам што на мм му се плаче каков живот и фирма и плата остави од кај што дојде. Да ен зборам како ми плачеше кога виде кај го раѓам нашето дете, а он мазен, пазен, култури и бон тонови препицан до немај каде. Не ми се верува кај се наоѓам, ко да сум се разбудила од некој сон. Се нервирам што не може да е он горд на мене, туку има само една беспомошна и тажна личност до него, исплашена од животот. Е тоа се смени кај мене. Ах само да ме знаевте претходно...планини рушев!!! Низ се поминував, депресии, операции, се!!! А сега, што остана....тепање пајаци, и гледање по прозори, од што нашиве се стари па сакам да ги смениме. И не ми се верува дека ова го зборам, не ми се верува. Ми се чинеше дека до крај на животот ќе бидам мрсна, запуштена, безволна домаќинка која кришум и со грижа на совеста пафнува по два дима од цигара украдена од сама себе на терасата, а потоа се обидува да ги сокрие алиштата од претходниот живот што подлабоко во плакарот, за да не пресече вени истиот момент!
|
|
|
|