AnnaMolly RR -> RE: Првиот роденден на Вашето дете (20.8.2011 12:08:05)
|
Прво, моја препорака е да славите преку ден. Многу е полесно бебето да ја пропушти попладневната дремка, отколку да биде будно навечер до 23-24 часот. Ние правевме прв роденден заедно со крштевка и супер поминавме. Славевме во ресторан со 55 гости. Супер беше, имавме жива музика, игравме... Филип беше расположен во ресторан, иако во црква се уби од плачење. Имавме и фотограф+камерман. Сето вкупно (ресторан, музика, фотограф, камерман, бовчи за кумовите) ме чинеше речиси 700 евра. Тоа воопшто не се малку пари, ама еднаш се слави прв роденден. Затоа годинава нема одење на одмор [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Друго, препорачувам да одвоите некој денар плус и да си славите во ресторан, никако дома. Разликата не е којзнае колкава, а маката е огромна. Спремање, сервирање, миење чинии, чистење, служење пијалаци... Не се исплати. Нема да имате време да си прославите со бебето. Сликите од прославата се заштитени и не можам да ги поставам зашто има огромна реклама на нив и ништо не се гледа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
|
|
|
|