Maca25 -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (7.9.2011 22:58:26)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR А каков распоред на јадење имаат во градинкиве, или секаде е различно? Што и кога им даваат да јадат? Да знам како да ја пуштам насабајле, [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] оти насабајле Матеа пие млеко, па дури потоа појадува (сега би требало појадокот да и биде во градинка) ама кога им го даваат? Мене воспитачката ми рече дека можам да и носам од дома млеко/чај/сок..... ама па зарем таму не им даваат, па јас да носам од дома? Кај Нина во градинка се знае дека појадок е во 8,30 ни порано ни покасно од тоа. Сите дева треба да се дојдени до 8.30. Јас порано и давав млеко пред да ја носам, по пат уствари го пиеше, па не сакаше да јаде после. И морав нешто да сменам - некогаш со појадокот имаат млеко, па јас дома не и давам, некогаш чај, па јас ќе и наполнам шише со сокче и така. Имаат ужинка пред ручек, овошје или сок/чај, ручек и ужинка после спиење (парче пица или некое кроасанче). Кај нас е дозволено да се прати шише со сок, чај или вода (они им даваат на децата вода од чешма). И кај нас имаше проблем првите денови, нови учителки, нови деца, нова занимална. Одма плачки, не сака да стане наутро, мака мачиме. Инаку таму си е мирна, си игра со децата кои ги познава, се радува дека гледале Ноди, ама си ги бара старите учителки.
|
|
|
|