Snowhite RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (22.9.2011 9:40:40)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR Е, Филип оди во градинка од мај месец. Прво ми викаа дека не плачел многу, дека бил супер и дека по 10-15 минути плачел и после си играл, бил мирен. А пред некој ден едната воспитувачка ми вика А, Филип супер е сега. На почетокот со недели се утепуваше од плачење, едвај го смирувавме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Значи јас мислам дека така викаат на сите родители за да не се откажуваат од носење во градинка. Ако ми кажеа дека плачел по цели денови и дека не се смирувал, мислам дека двапати ќе размислев пред да го однесам пак. Можеби си во право, можеби стварно применуваат такви тактики, ама јас не мислам дека така ми викаат само за да не се премислам затоа што ако плачеше ќе го познавав по очите ќе беше зацрвенет, а и плус познавајќи го, кога има деца и играчки не му треба никој, а и плус од мал е оставан со баби, па така не е толку приврзан со нас (освен кога сме тука не оди кај никој друг). Како и да е, еве вчера трет ден остана со спиење и на мое големо изненадување, заспал в креветче сам. И сношти не сакаше да спие со нас на кревет (обично така заспива, па после го преместувам), туку си заспа в креветче (додуша се помачив малку, стоев над креветче и му пеев додека не заспа) Совет до сите мајки дека мора да бидете упорни, да не се откажувате, ќе се навикнат, некои порано, некои подоцна, па не можат да бидат сите исти. Замислете ние големи, да треба да ја смениме средината, па веројатно тешко би се привикнувале, а камоли тие мали, сакаме за ден-два веднаш да се навикнат.
|
|
|
|