RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


tincule -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (8.10.2015 18:24:50)

Дали знете кога се следните уписи за во градинка зашто ние ги пропуштивме овие во Септември пошто моментално татко ми ја чува па имаше натегања да оди да не оди ама како поминува време изгледа ќе мора да ја давам во градинка. И не знам кога имаат уписи кои периоди зашто сега кога бев пред Септември таа директорката една арогантна едвај влегов не сакаше првин апликација да ми даде а не па да ми објасни нешто ама тоа ти е.
Гледав и по приватниве ама некако многу ми се скапи бре ќе треба да се стискам за леб при крај на месец[sm=smiley1.gif].




lukajana RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (8.10.2015 18:33:26)

Мислам дека нема уписи во градинките ,само одиш и поднесуваш апликација и после чекаш една година да те викнат [sm=smiley36.gif] ,барем во нашата општина така е .
Ако планираш да носиш бебе од девет месеци во градинка кога ке останеш бремена прво одиш да го запишеш во градинка па одиш на гинеколог да потврдиш бременост [sm=smiley1.gif]




tincule -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (8.10.2015 18:43:24)

Ахахаха ме изнасмеа бре. Значи аплицирам и да чекам ако се ослободи место, или Септември или врски [sm=smiley1.gif] четврто нема. Инаку сме 15 месеци веќе [sm=smiley1.gif]и почнавме и да одиме е не јадеме сами уште. Ама јас не ги сваќам ако аплицирам сега со овие информации а детето ми го запишат за од Септември и ете пишам дека му треба помош при јадење и други такви информации или ете сега нема на ништо алергии а ми реагира после на нешто нели е малку безвезе. Пошто за една година таа апликација не вреди ништо, ако ја дадам сега. Не ми е логично ама ај. Фала ти слатко ме насмеа да ми разбиеш монотија на работа пукнав [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (8.10.2015 22:53:37)

tincule апликација ко апликација[sm=smiley36.gif] ич не се мисли мислиш прв ден кога ја носиш треба дете само да јаде.Тоа тогаш си кажуваш на воспитувачката и дали на нешто има алергија.И на пролет се почнува па ти однеси ја сега апликација и ако сакаш нагласи дека сакаш од таму мислам март беше да почне и да те известат и кажи им дека ти редовно е им се јавуваш[sm=smiley1.gif] инаку сешто е можно

Гардениа како е сега малата?




Gardenia -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (9.10.2015 9:30:39)

tincule нема врска кога ке ја поднесеш апликацијата,а ако имаш па и врска ќе ти ја примат и за 24 часа,така да поднеси си и сега
Меланија,добра е таман се навикна,па сега дома седи со мајка ми,дека некој вирус ли фати или заби незнам,па не спие и кога ноќе ми качува температура,па некој ден ја носам некој не,ама воглавно викаат дека била супер,си јадела,си спиела,не плаче нешто ,само кога ја оставаме[sm=smiley1.gif]




tincule -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (9.10.2015 9:45:27)

Епа ништо ако не идам да земам апликација па ќе видиме, јас и не би ја давала сега ама немам ни нерви веќе да се расправам кој кога треба да доаѓа и да ја чува и такви мити некои работи [sm=smiley1.gif]
Фала ви во секој случај па ќе видиме како и што ќе биде.




Snowhite RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (10.10.2015 9:07:03)

tincule запиши ја и фаќај врски ако можеш побрзо да ја примат, подобро и за детето, ќе си има ред, дисциплина, ќе си игра со други дечиња, а и за вас, мирна глава, нема да секој ден да се нервираш, да се организираш кој да ја чува, па како ја чувале, па утре да ти прекаруваат како тие ти го пораснале детето[sm=smiley1.gif]
Инаку посекако кога ќе почне да оди во градинка детето се пополнува нова апликација и тогаш ќе си ги напишеш реалните податоци за детето




marchi -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (27.10.2015 18:23:51)

И јас би го поставила прашањето кога има уписи во градинките, веќе подолго време се убедувам да го запишам но секогаш се плашам од тоа како ќе ја прифати новата средина а и мене ми е малку потешко да го оставам, цело време сме заедно вистина знае да ми го крене притисокот ама не ми се остава [sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (28.10.2015 11:29:31)

Конкретно време за упис нема - поднесуваш молба, па потоа одговорните те контактираат кога ќе има место да почне во градинка.
И обично се проблем јаслените групи, таму има најмногу гужва. Веќе во групите над 3 години не е многу проблем да се вметне 1-2 дечиња.

Инаку, со малово уште имам проблем наутро кога ја оставам во градинка. Оди веќе 4 полни месеци, и упорно секое утро плаче. Велат дека бргу се смирува, но мене маката ми останува дека сум ја оставиле уплакана.




marchi -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (28.10.2015 17:58:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR.


Инаку, со малово уште имам проблем наутро кога ја оставам во градинка. Оди веќе 4 полни месеци, и упорно секое утро плаче. Велат дека бргу се смирува, но мене маката ми останува дека сум ја оставиле уплакана.

И јас баш за тоа се мислам. Знаеш неубаво е тоа чувство да си го оставиш детето уплакано. Обично поголемите дечиња побрзо и полесно ја прифаќаат новата средина




lukajana RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (29.10.2015 12:47:47)

Па јас би рекла дека малите полесно се привикнуваат ,кога ке почнат да разбираат почнуваат и по малку глума да вклучуваат [sm=smiley36.gif]




Gardenia -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (9.11.2015 12:29:48)

Еве да кажам дека Б многу брзо се прилагоди во градинка,не плаче веќе ни кога ја оставаме,одма ги подава рацете кај негователката,си јадела се,дури кога имало отсутни и го давале и нивниот дел од оброкот[sm=smiley36.gif],спиела и негователките велат дека е многу умна, си играла цело време.Чудно е плаче само кога ќе ме виде кога ја земам,дали од радост или страв да не ја оставам таму[sm=smiley1.gif],ама одма е радосна кога се спремаме за одење,вика,цика,смешки е.




Страница: <<   < Претходна страница  19 20 21 22 [23]