mami2 -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (12.11.2011 8:37:03)
|
Јас со второто дете имам проблем. Оди два месеци во градинка-јасли група, освен кога е болна на неколку пати, а од адаптација нема абер. Почетокот беше мачен, плачеше нормално, се тегнеше, негодувеше уште од дворот на градинката. После ова го надминавме, па не сакаше да јаде/ пие таму. Почна да јаде, па на крај им го повраќаше изеденото. И тоа помина. Учителката ми рече „волку инает во толку мало дете не сум видела“. Сега физиолошките потреби се ОК, јаде, пие, спие, ова по кажување на персоналот. Проблем е што не комуницира со никого, земала играчка и си стои со неа, не учествува во играњето, не се дружи со децата... Можеби има врска што е родена во март, а во групата има деца кои се многу помали од неа, до декември месец, што на таа возраст дава огромни разлики во однесувањето. Моево прозбори на 17 месеци, сврзува реченици, пее песнички колку што може, црта ова се поради што го гледа брат и и учи и добри работи од него. Во група има деца кои се на 10-11 месеци и нормално дека со нив не може да оствари контакт, можеби за неколку месеци кога развојно ќе се изедначат, ама до тогаш не знам што ќе правиме. Почна интензивно да го цица прстот а претходно тоа го правеше за заспивање па дававме лажливка само во тие моменти. Сега и дома многу често палецот и е во уста. Со учитеките не се гледам, доаѓаат во 8.30-9.00 саат, ја прифаќаат од другата група, за земање ја зема жената и немам комуникација секојдневна со нив. Сега по телефон пред неколку дена ми рекоа дека состојбата е уште иста. Подобрување било што не викала постојано „Нино, Нино“ (брат и). Јас одговорив дека би одела кај педагогот/психологот во градинка, да видам да се интервенира нешто, а одговорот на воспитувачката беше „ај сега ќе и посветиме повеќе внимание, помина адаптацијата на другите деца“. Не знам дали го доживеа ова кака закана, мојата намера е само да најдам начин да и помогнам побрзо да се адаптира. Оди во градинка, првенствено за социјализација, дружење со група врсници, а јас на моменти се преиспитувам да не е аутистична бидејќи така се однесува во градинка. Имате ли искуство, совет?
|
|
|
|