RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


topce -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 10:08:22)

мами2, а зошто не е во поголема група туку во јасли?
како и да е немој да мислиш дека е аутистична бидејќи и моете не сакаше да остварува контакт со никого од децата во градинка освен со негувателките и сама си играше. ние немавме толку бунтовен почеток, мислам на повраќање и слично, ама долго време траеше адаптацијата и тек 3 месец почна со тоа да си игра со други деца и тоа со тие што беа поголеми од неа. мислам дека треба да ја префрлите во поголема група бидејќи таа е на возраст кога ги учат да мочкаат на шоља, да се мијат, па песнички, па цртаат имаат повеќе активности кои може да и се интересни. вака во јасли гледа бебиња кои плачат душики по цел ден.




Felly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 10:13:20)

Ај некој што знае нека објасни како одат групиве во градинка, зошто и мене не ми е баш јасно колку групи се, и како одат по возраст.




kikicka -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 10:58:36)

И мене ме интересира ,како ги ранат оние деца што незнаат сами да јадат или сама да заспијат??[sm=zmeden.gif] Незнам како леона да ја пратам,многу е комплицирана со успивањето [sm=hudicek1.gif][sm=duda.gif]




Lokica1 -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 11:06:20)

Kaj nas e vaka: od 9mes do 2god vo jasli, prva mala od 2-3 (gi zemaat kalendarska godina...sega 2009), vtora mala od 3-4, sredna 4-5 i golema grupa od 5-6.
Tie so neznaat da jadat gi ranat vospituvackite, a za uspivanjeto neznam, koe potesko zaspiva vospitackata legnuva do nego ili vo kraen slucaj go zema vo race.
Kerka mi e prva mala grupa, se navinka skroz voopsto ne place , zaspiva so mleko a za jadenje e uzas..samo suv leb jade vo gradinka. Nikako da a nateraat da jade [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] ( a se razbira nesakaat na sila). Lani vo jasli ja raneaa na sila pa fobija dobi deteto..i koga ja ranea taka posle povrakase.
Od segasnite vospituvacki sum epten zadovolna.




vesna1 -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 11:26:52)

Kikicka, ne se sekiraj sve ke se nauci. Jas im se divam kako bukvalno gi dresiraat tolku deca.
ke place eden mesec, i ke vidis sama ke se nauci da jade i spie so drugite deca.




AnnaMolly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 11:56:58)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

И мене ме интересира ,како ги ранат оние деца што незнаат сами да јадат или сама да заспијат??[sm=zmeden.gif] Незнам како леона да ја пратам,многу е комплицирана со успивањето [sm=hudicek1.gif] [sm=duda.gif]


Ова и мене најмногу ме плашеше, ама и најмногу ме мотивираше да го дадам во градинка. Значи Филип заспиваше со нишкање, шетање низ соба, пеење (да не речам урлање) и сето тоа траеше по еден час, за да поспие 15-20 минути.
Ама по еден месец одење во градинка почна да не сака да го нишкам, само ќе го легнев на кревет до мене и веднаш заспиваше. Вака и до ден денес се успиваме. Ќе се навикне. Ќе плаче, и тоа мноооогу, ама ќе се навикне.
Сега Филип повеќе сака во градинка отколку дома, плаче кога го зимаме, дома цело време си ги спомнува воспитувачките Мими и Дани, вчера во сон ја викаше Дани [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




kikicka -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 12:13:38)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

И мене ме интересира ,како ги ранат оние деца што незнаат сами да јадат или сама да заспијат??[sm=zmeden.gif] Незнам како леона да ја пратам,многу е комплицирана со успивањето [sm=hudicek1.gif] [sm=duda.gif]


Ова и мене најмногу ме плашеше, ама и најмногу ме мотивираше да го дадам во градинка. Значи Филип заспиваше со нишкање, шетање низ соба, пеење (да не речам урлање) и сето тоа траеше по еден час, за да поспие 15-20 минути.
Ама по еден месец одење во градинка почна да не сака да го нишкам, само ќе го легнев на кревет до мене и веднаш заспиваше. Вака и до ден денес се успиваме. Ќе се навикне. Ќе плаче, и тоа мноооогу, ама ќе се навикне.
Сега Филип повеќе сака во градинка отколку дома, плаче кога го зимаме, дома цело време си ги спомнува воспитувачките Мими и Дани, вчера во сон ја викаше Дани [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]



офф истооо дури и се тегнее сила незнам од кај вади ќе ме отепа [sm=smiley36.gif],дај боже стварно сакам во градинка да ја носам не ради тоа што морам на работа или слично слободна сум не работам ме чекаат испити али не е проблем,мирна е преку ден ,али сакам да се социјализира со други деца да не 24 часа со мене,само од таа причина .Ќе пробам ќе ја носам ако ја примат само сега на сред година....па ќе ви пишам ако има нешто




Felly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 12:19:51)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Lokica1

Kaj nas e vaka: od 9mes do 2god vo jasli, prva mala od 2-3 (gi zemaat kalendarska godina...sega 2009), vtora mala od 3-4, sredna 4-5 i golema grupa od 5-6.



Значи затоа и Матеа ја ставија во прва мала група, ако до крајот на годината полни 2 години, ги ставаат во таа група, а не во јасли.




Maca25 -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.11.2011 12:22:59)

Нина ми заспиваше само во раце до година и пол. Фала богу што тргна во градинка, па таму ја научија дека се запива во креветче. И дома после тоа си бараше да ја легнам во кревет да си спие.




miana -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (15.11.2011 9:30:36)

Posle 15 dena ne odenje - denes pojdovme vo gradinka so placenje [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Vcera bevme na pregled za da znam dali smee da odi vpo gradinka  i dktorkata mi vika : Ona sega e super ,ama neznam drugite deca vo gradinka kakvi se..( ako ima koj da ja cuva neka si sedi doma) Arno ama jas resiv da ja odnesam...I kaj nas vo gradinkava ako dete otsustvuva 10 rabotni dena -baraat bris..Na mIa denes i bese 10 ti den i taka pominavme bez bris..Ama zamislete - bolni deca pustaat vo gradinka  a na lecenive sto bile bolni im baraat bris..KATASTROFA!!!!!!




miana -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (16.11.2011 10:59:33)

zamislee uste nesto- sedime na rucek site i svekormi kazuva deka koga ja zimal kerkami edna od ucitelkite  ( od druga grupa) mu rekla : Jas i Mia imame edna tajna..I vnukami mu rekla na svekormi - dedo ovaa ( po ime ja kazala) mi se iskrivi so jazikot...I ucitelkava zemala d amu raskazuva na svekormi kako navistina i se iskrivila i veojatno od koga svatila sto napravila i rekla - aj ova da bide nasa tajna vazi? Mia rekla : vazi.. Prviot moment koga mia videla druga ucitelka i druga i druga na site im raskazala deka taa ( da ne ja imenuvam ) ucitelka i se iskrivila so jazikot.... I zenava verojatno osetila deka ke kaze i doma -resila sama da mu kaze kako na sala na svekormi... E aj sega...??? Jas sekogas koga Mia ke se iskrivi ja pleskam i seg ana detevo ne mu e jasno kako toa ucitelkata se iskrivila..I rekov : sine nareden pat kogake ja vidis ke i reces deka taka pravat samo nevospitani i deka e mnogu nekulturno..Taa mi vika: mamo i samar ke i udram ( kako jas sto i mavam nea ) i vikam : aaaa ne sine,ne smees samar da udiras,samo ke i kazes deka taka pravat nevospitani...Sto ke kazete vie na ova? Jas doma zolvami LOM ja pravam koga ke vidam deka ke i se isplezi na kerami a sega sto treba na ucitelkata da i napravam???? I sega sme bolni pa sreka sto MIA nema da ja vidi inaku sigurna sum deka ke i kaze sto sum i rekla za GESTOT na ucitelkata...




miana -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (16.11.2011 11:01:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

zamislee uste nesto- sedime na rucek site i svekormi kazuva deka koga ja zimal kerkami edna od ucitelkite  ( od druga grupa) mu rekla : Jas i Mia imame edna tajna..I vnukami ( mislev kerkami ) mu rekla na svekormi - dedo ovaa ( po ime ja kazala) mi se iskrivi so jazikot...I ucitelkava zemala d amu raskazuva na svekormi kako navistina i se iskrivila i veojatno od koga svatila sto napravila i rekla - aj ova da bide nasa tajna vazi? Mia rekla : vazi.. Prviot moment koga mia videla druga ucitelka i druga i druga na site im raskazala deka taa ( da ne ja imenuvam ) ucitelka i se iskrivila so jazikot.... I zenava verojatno osetila deka ke kaze i doma -resila sama da mu kaze kako na sala na svekormi... E aj sega...??? Jas sekogas koga Mia ke se iskrivi ja pleskam i seg ana detevo ne mu e jasno kako toa ucitelkata se iskrivila..I rekov : sine nareden pat kogake ja vidis ke i reces deka taka pravat samo nevospitani i deka e mnogu nekulturno..Taa mi vika: mamo i samar ke i udram ( kako jas sto i mavam nea ) i vikam : aaaa ne sine,ne smees samar da udiras,samo ke i kazes deka taka pravat nevospitani...Sto ke kazete vie na ova? Jas doma zolvami LOM ja pravam koga ke vidam deka ke i se isplezi na kerami a sega sto treba na ucitelkata da i napravam???? I sega sme bolni pa sreka sto MIA nema da ja vidi inaku sigurna sum deka ke i kaze sto sum i rekla za GESTOT na ucitelkata...




Felly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (28.11.2011 8:45:42)

Морам да пишам дека денеска кога ја разбудував Матеа за во градинка, кога и реков - ајде, треба да се спремаме за во градинка, таа одма скокна - да, ајде. Значи напредуваме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Само пак ми го побара кебето да го носела, ама не го зедовме, не знам колку спие таму, воспитачките велат дека спиела, важно и дома кога ќе си дојде, не е така нервозна како на почетокот.




miana -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (28.11.2011 8:51:26)

Nie taman se naviknavme na gradinka- se razbolevme i boluvavme mesec ipol - doma i sega veke koga ke treba da pojdeme ke treba mm da ja nosu ( bidejki jas sum na bolovanje veke pred poragaj ) i  toa ke bide nov HOROR [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (28.11.2011 8:58:46)

Откако во вторникот ми се јавија да го земам зашто имал пролив, не го носев до денес во градинка. Немаше пролив туку 2-3 пати дневно потечна столица затоа што е само на течна храна деновиве. Ама реков ај да не го носам за секој случај да не е вирус. Е, денес кога го однесов беше ужас! Прво врескаше по татко му, во последно време е лепак за него, после по мене и едвај го одвлечка учителката во занимална! Многу ми беше жал што го слушав како вика Мамо, мамо! Ама тоа е тоа. А што убаво си одеше без никаков проблем, дури и среќен беше што оди во градинка! Ај пак ќе се навикне...




Felly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (28.11.2011 9:01:09)

Не се секирај миана, ако веќе се навикнала, може нема толку да и влијае овој прекин.




miana -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (28.11.2011 9:07:50)

hmmm ,sekoe sabajle prasuva - kade ke odam ? Vo grdinka ? ( jas na sala ke recam - da ) ona vristi....Ili pa vikendov ke ja budam da stane a ta ame prasuva ? Za kaj me budis? Kaj ke odam ? Nema da odam vo gradinka??Epten se svikna doma-opasno ke bide[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Felly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (28.11.2011 9:14:34)

Јас на Матеа кога е дома, секогаш и кажувам зошто не оди, или пак некогаш ако е за ден- два и велам денеска градиката не работи, затоа ќе седиш дома, и обавезно и кажувам дека од понеделник/утре (на пр.) пак ќе оди, за да не се навикнува дека ќе седи дома. И ако е дома, обавезно правиме пак муабет за во градинка, нешто што е убаво проврзано со градинката, на пр. учителката кај и пишала петка, што играле со децата, како е песничката што ја учеле... За да се потсети колку е убаво во градинка, и да сака пак да оди[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




miana -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (14.12.2011 10:43:31)

Kerkami vcera pojde posle 50 tina dena neodenje vo gradinka..Imase malo placenje bidejki ja nosese mm a ne jas... denes ja izvadi od krevet bez da vidi deka sum doma,i rece deka sum na rabota,sam si ja sredi i ja odnese bez da pusti solza..I vetuvam deka jas ke ja zemam i toa i dava sila da odi..Mnogu saka jas da ja zemam...




Snowhite RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (8.2.2012 20:19:04)

М еве од Нова година наваму не оди во градинка, прво зашто имаше бронхопневмонија, а после заради студот и сега од понеделник ако нема кој да го чува можи пак ќе почне, а ако има (мајка ми ако е слободна), можи ќе поседи уште малку додека трае ладново, па така ќе има повторно прилагодување. Како си се навикна сега дома си спие до кај 9-9.30 на сабајле, кога го прашувам дали сака во градинка ми вика не не, само денеска не знам што му текна, сам, без да го прашам, ми вика Мамо сакам гадинка, поигам игачки, сакам Тефанија, Мако, Ивана, Лео, почна сите да ги реди од градинка децата.
Туку дилемата ми е, тој е во јасли, а во меѓувреме додека седи дома направи 2 години и сега не знам дали да барам преместување во друга група, зашто си мислам сега пак во оваа ќе се привикнува, па по некој месец во друга група, да биде сето наеднаш. А од друга страна па си велам да остани во оваа, а после кога тие ќе решат да го преместат, барем ќе го преместат заедно со сите деца кои наполниле 2 години и ќе си биде пак со истите другарчина.
А и си велам да не ме сфатат погрешно воспитувачките ако побарам преместување да не мислат дека не сум задоволна од нив, јас еднаш бев пред некое време и ја прашав само онака, а таа ми рече дека не ги преместуваат сега, освен ние ако сакаме. Стварно не знам што да правам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Felly RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (8.2.2012 20:58:21)

Јас мислам сигурно полесно ќе се прилагоди во средина која му е позната отколку во сосема нова средина. Ако не бил подолго време сепак си ги знае другарчињата и воспитачките, а вака во нова група се ќе му биде ново. А ако не побараш ти, јас мислам дека во септември ќе го префрлат во прва мала група.




blue_blue -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (9.2.2012 8:07:51)

јас мислам дека не треба да го преместуваш. Што има врска дека наполнил 2 години...има сигурно таму и други деца како него. Нека си биде со својата група и своите учителки - полесно ќе му биде зошто му е познато...




sone -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (10.2.2012 13:50:25)

Mala digresija od temava, ama nikako ne mozam da ja najdam temata stavanje obetki kaj decata. znam deka ednas pisuvav na taa tema,ama sega ne mozam dda najdam.ve molam kako mozam da ja najdam.




Bububebe -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (10.2.2012 14:56:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sone

Mala digresija od temava, ama nikako ne mozam da ja najdam temata stavanje obetki kaj decata. znam deka ednas pisuvav na taa tema,ama sega ne mozam dda najdam.ve molam kako mozam da ja najdam.


Соне,еве ја темата   www.ringeraja.mk/forum/fb.asp?m=88223




Snowhite RR -> RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли) (13.2.2012 17:10:58)

Ви благодарам Фели и блу_блу и јас така си мислев да не го преместувам зашто тој иако не оди сепак си ги памти другарчината и воспитувачките негови. Јас мислам дека ги преместуваат на пролет, зашто тогаш има повеќе прилив на нови деца, барем така ми има кажано свекрва ми




Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>