Завеси или венецијан ролетни? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


profesorica -> Завеси или венецијан ролетни? (15.9.2009 12:14:14)

Дали дома имате завеси или венецијан ролетни?

Дали мислите дека венецијанот ролетни во денешно време се подобра варијанта и полесни за одржување?

Колку често ги перете завесите?




srnicka -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (15.9.2009 12:18:50)

јас сакам завеси, потопол ми е домот, пополна ми е некако собата. си купив сега од тие гужвавите сто не се пеглаат, па така често се наоѓаат во машината за перење




Mamicka3 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (15.9.2009 12:19:25)

Еве едно мое мислење.Јас работев со венецијанер и вариолајт завеси скоро три години. Секој си има свое мислење за што да се одлучи. Но моја препорака пошто ги сменив сите три варијанти се вариолајтот завеси. Малку идат поскапи од венецијанерот но за одржување и за изглед се најдобри. За чистење треба да ги поминиш само со влажна крпа и тие изгледаат како нови. 




mami -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (15.9.2009 12:23:44)

јас да ви кажам мразам завеси..можеби и изгледаат убаво ама кога ке ми текне на пеглањето после перење ми се темни, затоа дома скрос ги извадив и сега сакам да си купам од оние бамбусовите ролетнички , тие ми е многу убави




Adrijana -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (15.9.2009 12:35:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: srnicka

јас сакам завеси, потопол ми е домот, пополна ми е некако собата. си купив сега од тие гужвавите сто не се пеглаат, па така често се наоѓаат во машината за перење


Isto i jas.




Mam81 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (15.9.2009 12:42:50)

И јас сакам повеќе завеси, даваат топлина дома како што кажавте, а ако не ви се пегла, имате денес толку многу убави материјали, што немаат потреба од никаква пегла, испери, исуши и стави на прозор, милина




emily -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (15.9.2009 15:00:00)

licno, poveke mi se dopagaat zavesi i se soglasuvam deka domot izgleda potopol, a deneska zavesite gi ima vo golem izbor




Natasha5 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (15.9.2009 15:06:09)

венецијан ролетни дефинитивно некако не сум за завеси.секако ако имам убави прозори.




profesorica -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (9.10.2009 14:09:30)




Ролетни од бамбус – природно и модерно


После последниот бран на зимските студови, со крајот на тмурните месеци, кога на прозорецот ќе блеснат сончевите зраци, стаклените површини би требало да се заклонат со ролетни или завеси кои ќе ја спречат заслепувачката светлост, а и горештината во потоплите денови .


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/roletni1.jpg[/image]


Од големиот избор на засенувачи, заслужуваат да се истакнат ролетните од бамбус кои се изработени од природен материјал, па затоа се и најадекватна заштита од сонце и горештини. Покрај тоа, со елегантната, но едноставна изработка убаво се вклопуваат во различни стилови на уредување на ентериерот.

Ролетните од бамбус се поставуваат од внатрешната страна на прозорецот и можат да бидат замена за надворешните ролетни и за завесите. Изработени се од тенки бамбусови гранчиња, па и потполно затворени пружаат доволно светло и не го затвораат погледот од внатре, а истовремено ги заклонуваат погледите кои доаѓаат надвор од домот. Освен во природната боја на дрво, ги има и во други бои, со што лесно се прилагодуваат на бојата на мебелот, ѕидовите, подовите и теписите. Погодни се за сите простории, од бањата до спалната соба, па дури и за деловни згради и канцеларии.



[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/roletni2.jpg[/image]


Начинот на поставување на овие ролетни е прилично едноставен, а се отвораат и затвораат со повлекување на тенка врпца. Не е потребно да се мијат, но повремено треба да се избришат од прашина.

Освен на прозорците, од внатрешната страна на домот, тие можат да се постават и на балконите и терасите. Најубаво изгледаат опкружени со балконско цвеќе и со зеленило. И спуштени до подот оставаат доволно светло, а истовремено и покриваат од љубопитни погледи. На тој начин во потполна приватност може на мира во летното утро да се пие кафето или да поминете попладне, излежувајќи се на свеж воздух.


[image]http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/roletni3.jpg[/image]


Ролетните од бамбус можно е да се постават и на куќички, настрешници или тремови. За време на летните горештини создаваат сенка, а истовремено и овозможуваат струење на воздухот, па престојот во тие простории ќе биде уште попријатен. Поставување на надворешни површини побарува и превентивни заштитни мерки, бидејќо ролетните би биле изложени на дожд, па затоа треба да се заштитат од влага и мувла. Доколку пред поставувањето ролетните се премачкаат со безбоен заштитен лак, се продолжува нивниот век на траење.

Извор:се за домот




Весна -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (9.10.2009 14:39:36)

Ах, јас мака измачив додека да најдам портокалови завеси. А искрено и јас нешто многу-многу не ги сакам, не поради пеглањето (има еден куп избор што не се пеглаат), ама ете некако ми се одвишок. И сега за во спалната си ставивме портокалови завеси, само ради декорација, ама си имаме и венецијанки.




Bogdancanka -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (9.10.2009 21:31:04)

бев за завеси кога спремавме во куќата али сега поубави ми се веницијан ролетните кога гледам на друго место али искрено добри ми се и завесите сама си ги бирав,а здравје кога ке го спремаме другиот спрат сигурно нема да ставам завеси[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] имам само во дневната али многу се тешки за одржуање кога ги перам нерва ме фака на вадење и местење[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




ripce -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (10.10.2009 0:08:17)

завеси, едноставни ми се за одржување, кога сакам можам да ги исперам, нема потреба од пеглање




**Tedi** -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (10.10.2009 1:20:18)

Jas mnogu sakav zavesi ama otkako gi stavivme venecijanot ne gi sakam zavesite ic,sega bez zavesi mi izgleda pogolema sobata




kiki_riki -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (10.10.2009 8:39:37)

Ролетните се модерни, ама завеса си е завеса дава посебна елеганција (сепак зависи од типот на намештајот во собата)




mother 29 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (10.10.2009 12:08:49)

дома-завеси,на работа-вариолајт




STRUMFETA -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (10.10.2009 19:37:47)

luge ne se lazete po venecijanki  vistina se promasaj.Nie imame,pa stavavme i rooletni.Edno sto sobiraat mnogu prasina,izgledaat studeno,i letno vreme seta toplina ja prepustaat,i tuka kaj nas na vtori sprat ne se sedi .Letovo stavivme roletni,i super e.




niki -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (10.10.2009 19:47:28)

Сите прозорци ми имаат однадвор дрвени ќепенци (незнам дали е ова вистинскиот македонски збор за ова што имам) и ако сакам да се заштитам од сонце или од љубопитни погледи ги затворам. Инаку си имам завеси кои ми ги красат прозорите и неможам да замислам дом без нив.
Ролетните ми делуваат многу службено, за во канцеларија никако за во собата во која живеам и каде се релаксирам, а посебно не за во спална. Јас сум човек кој сака светлина во домот и несакам нешто да ја блокира, затоа ми се сите завеси проѕирни, а ролетните би ме потсетувале на болница не би можела да се опуштам во таков простор.




ananikol -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.11.2009 8:52:18)

Nie imame vo site sobi venecijanki vo razlicni boi vo zavisnost od mebelot vo sobata.Vo dnevnata imam zlatni venecijanki i kratka zavesa a od po stranite dolgi draperi(taka se vikaa???-eksik si go zaboraviv jazikot).
So se odnesuva za odrzuvanje venecijankite (spored mene) se mnogu prakticni,ke gi izvadam i ke gi pomonam so tusot vo kadata,5 min rabota.
Jas sum mnogu zadovolna...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




profesorica -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:28:56)

Ние дома имаме завеси, во спална портокалова, во на Дамјан собата има детска завеса а во дневна чипкана бела.

Е сега кај свекрва ми во станот -што е планиран за нас by the way има венецијан и секоја соба има онаква боја на венецијанки каква што боја е зидот во истата соба.Мислам дека пофино изгледа со венецијан а и поленсо се одржуваат само се бришат од прашина а додека завесите се потешки, пери ја па дури ја испеглаш ехеее...

што имате вие во вашиот дом???




mother 29 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:32:19)

да ,ама воопшто не штитат од сонце,јас имав само венецијан,ама лето не распра сонцето  и така си ставив ролетни и завеси ленени, млеко боја од талија на фалти правени..многу се убави ,само се гужват при перење ,после треба секоја фалта да ја препеглувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




profesorica -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:39:40)

што знам кај свекрва ми во станот е ок со венецијанот-не продира сонцето.спуштени се максимално и единствено преку дупчињата продира малку сонце.али не е проблем.мене не ми смета. а освен тоа битно е и на која страна ти е станот-дали го фаќа сонце подолг период или само една соба предпладне.




BEBICA -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:40:24)

Jas ima zavesi i mislam deka zavesite davaat toplina na domot.A venecijanerot me potseka na kancelasija, a ja od mojot dom ne planiram da napravam kancelarija.
Zavesite gi peram ednas meseno, pogotovo sega so ova parnovo sto go imame se gleda deka stanuvaat sivi.




Еца -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:40:29)

и ние имаме венецијан, ама ги поставија мегу прозорците така да многу олеснително за чистење, не морам толку често да ги чистам, кога бришам прозорци и одвнатре, тогаш и нив ги поминувам. Во нашата соба немам завеса, а на другите прозорци има, свекрвата си стави, а јас не се мешам. 




Палешка РР -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:42:41)

Јас имам завеси така ми е поубаво, нели јас сум од старото кино [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




arh_diz -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:50:06)

Nie imame venecijan premnogu sum zadovolna od niv




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>