RE: Завеси или венецијан ролетни? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


mami -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:52:02)

Во нашата соба немам завеса, а на другите прозорци има, свекрвата си стави, а јас не се мешам.


и кај нас исто..јас во тие две соби каде што седиме ги извадив завесите, не ми се допаѓаа, а во другите има секаде..ама тие нит ги перам нит ги пеглам..




Iva -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 11:55:32)

Ние имаме завеси дома.  Но ми се допаѓаат и венецијанерот. Мислам дека во зависност од стилот во кој е уреден домот така зависи и тоа дали поубаво ќе одговараат завеси или венецијанер. Јас сум и за едните и за другите.




Mihaela -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (2.12.2009 12:57:12)

Ние во дневната имаме преубави три прозори кои се ниски и многу големи,со полици да си ставиш некои украси ,јас не ставив ништо на нив баш поради тоа,а од надвор имаме ролетни за во лето.а во спалната едниот ѕид ми е во стаклени врати цел,па таму си ставивме сребрени венецијан зашто сакаме да спиеме во темно,а дење ги креваме зашто погледот ни е во зеленило па сакаме да уживаме.А инаку во друга ситуација би ставила и завеси,мислам ако не ми се такви прозорите,ама од новите завеси кои не се гужваат[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Viktori -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (7.10.2010 10:16:56)

јас не би ставила ни тоа ни тоа... само онакви дебели завеси за да не бега топлината во зима. Ама мм мисли дека некој ќе не гледа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Па имам дебели завеси  во собата на децата, а на останатите прозорци класика завеси, што кај и да е планирам да го заменам исто така со дебели...




amelbebe -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (7.10.2010 12:08:50)

3 godini si bev samo na venecijan roletni i toa srebreni,posle toa mi se zdosadi za da smenam si kupiv zavesa  od tie guzvanite za da nemoram da ja peglam




Martins mom -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (7.10.2010 12:43:10)

И јас не ставив завеси, имам венецијанки. Ослободена сум од перење и пеглање пердиња[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Добро во спалната имам завеса и со неа се мачам исто како да имам во цела куќа[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]Многу е тенка и нежна.
Просторот без завеси ми изгледа поголем, ама поладен. Пердето некако ми дава топлина во домот. Со венецијанките пак просторот ми изгледа полуксузен.





Martins mom -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (7.10.2010 12:49:56)

А да, венецијанките ми се меѓу стаклата на прозорците и се поштедени од прашина и ги бришам само при генералка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Е тоа налага пак често бришење на прозори...




lukas -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (7.10.2010 12:53:38)

Просторот без завеси ми изгледа поголем, ама поладен. Пердето некако ми дава топлина во домот. Со венецијанките пак просторот ми изгледа полуксузен.


isto,toa na mm mi mu velev ic ne gi sakam venecijankite doma se cuvstvuvam kako vo ordinacija,a koga ke stavam perdinja vistina kako potopol domot mi e,cudna rabota sto pravi edno perde,sega koga ke ja pravam novata spalna ke si go ostavam perdeto niz cela soba ubavina,kaj mene znaci vo site sobi imam venecijanki ama nekogas si tsavam i perdinja zaradi osvezvanje...




mama26 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (7.10.2010 20:51:47)

domot izgleda posreden ili posirok ako e bez zavesi...venecijan se teski za odrzavanje...zavesi sakam ama platnenite..a ne tenkite..takvi ke si kupam koga ke se sredam..so golemi alki na niv [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] i svetla boja  zavesite...




Тања РР -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (7.10.2010 22:19:34)

Дајте некоја слика од тие дебели завеси што ги спомнувате, не можам да ги замислам. Зар не ја блокираат светлината?
Јас имам завеси секаде, сите се бели најобични со чести крупни набори самово спалната е црвена со ситен набор. Сега сакам да ги менувам, да ставам панелни ама не сум сигурна дали ќе ми се вклопат во просторот.




mama26 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (7.10.2010 22:32:54)

[img]http://hgtv.sndimg.com/HGTV/2010/02/18/DP_beasley-salon-living-dining-room_s4x3_lg.jpg[/img][img]http://hgtv.sndimg.com/HGTV/2010/02/17/DP_judiackerman-window-seat_s4x3_lg.jpg[/img]




Annet -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (8.10.2010 23:11:29)

Ние со мм си наместивме вариолајт ролетни,мн убавки и се вклопија во просторот.Лесно се одржуваат и 5ка ми е-уживанција[sm=smiley1.gif]




petra27 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (16.10.2010 23:05:34)

Doma imame venecijan  roletni iako jas sakav zavesi....no taka resivme so mm...i ne zgresivme




Snowhite RR -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (17.4.2011 9:27:51)

И јас повеќе сум за завеси, потопло ми делува и поубаво, а ролетните се во мода моментално, само не знам до кога, а завеса си е завеса, јас сега имам најобични завеси бели, убави се, ама ги купив поефтини за во станот, затоа што не е наш и не знам дали ќе ми одговараат кога ќе се вселиме во спратот наш, затоа тогаш ќе си купам поубави и обавезно драпери сакам




Maca25 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (17.4.2011 13:25:02)

Ич не сакам завеси. Ние имаме ролетни, внатрешни ( бамбусни тенки ) и надворешни. Може фаќаат прашина ама ништо страшно не е. Кога бришам прашина ги бришам и нив. 




Pepelaska * -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (17.4.2011 13:30:42)

Овде во собава кај што живееме моментално имам стара бела завеса од оние како порано на свекрва ми е , не е толку лоша ама мене не ми се свиѓаат овие долгиве некако како место да зафаќаат и да го затемнуваат просторот  а и прашина многу збираат, здравје кога ќе си се селиме во куќата во големата соба ќе ставам и венецијанки и завеси едни како сечени многу ми се свиѓаат не можам да најдам слика




denim -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (17.4.2011 13:36:20)

Jas imam debeli dugacki zavesi vo cel stan, ma-da mi se dopadjaat i roletni od bambus.




humana -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (17.4.2011 22:00:55)

Ние во дневната прво ставивме венецијан.ама некако ми изгледаше празно и си купив и завеси,венецијанот за да нема сонце кога не сакаме а завесите за естетика,а во спалната ролетни,да не помине ниеден зрак па да ме разбуди од спиење[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




mamicki -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (17.4.2011 22:06:42)

Zavesi, ama peri-nosi, od tie sto ne se peglaat, guzvanite, oti jas gi peram sekoj mesec, nekako mi e prazno bez zavesi, a koga gi ima, inkubator za prasina se, i taka, i to...




Natuska85 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (17.4.2011 22:27:23)

Во дневната соба имаме само венецијанери ,мм сака и завеси да ставиме баш ради тоа потопол ќе бил домот ама јас не.Во спаланата соба имаме каскадер black out кој не пропушта воопшто светлина и супер ни е




Maca25 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (29.6.2011 20:19:41)

Да не знаете отприлика колку се венецијанките? Како идат по квадрат? 




Nadezna -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (29.6.2011 20:26:25)

Maca, nie zemavme 11evra kvadrat, da ti dadam broj od deckoto, prijatel mi e?




Natuska85 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (29.6.2011 20:29:08)

Мацо околу 13-14 евра од квадрат,кај мене ги виде на трите прозори у дневна фатија околу 100 евра од доместик ги земавме ,нашите се тенки,инаку има тенки и подебели,тенките се поскапи малку




Nadezna -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (29.6.2011 20:30:58)

Kaj prijatelov moj se od 11 do 15 evra. prezadovolna sum. Pisi za broj




Maca25 -> RE: Завеси или венецијан ролетни? (29.6.2011 20:41:42)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85

Мацо околу 13-14 евра од квадрат,кај мене ги виде на трите прозори у дневна фатија околу 100 евра од доместик ги земавме ,нашите се тенки,инаку има тенки и подебели,тенките се поскапи малку



ЗНам дека тенките се поскапи, ама на моите им се за во новата пекара што ја направија и мислам дека подобро ќе им биде да стават подебели, ем полесно ќе се чистат, ем нема да бидат многу скапи.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>